3Мицкоски пред Генералното собрание на ОН-Ние сме мала земја, но одбиваме да дозволиме малата територија да ја дефинира големината на нашата амбиција
3Балканска актерката зборува шест јазици, омажена со холивудска ѕвезда, живее во Америка во вила вредна 4,5 милиони.
КултураКонзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа во ТетовоВо Тетово во тек се активностите за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, значаен споменик на културата од османлискиот период изграден во необарок стил, кој до 1993 година беше во функција на Медицински центар или Стара болница, соопшти Министерството за култура.Имајќи го предвид значењето на објектот и согласно иницијативата за адаптација на куќата во современ музеј на Мехмет Паша Дерала, со поддршка на Министерството за култура, како што се наведува, се обезбедени средства за изработката на проект за конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на архитектурата. Претходно, информираат од Министерството, се извршени конзерваторско реставраторски работи на тремот и терасата од јужната страна на објектот, а во моментов стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на конзерваторско-реставраторските работи и конструктивна консолидација на архитектонскиот склоп, обнова на фасадата во автентичен манир со сите стилски и декоративни карактеристики и интервенции на покривот со комплетна замена на кровната конструкција и кровниот покривач. Активностите на архитектурата на Алимбеговата куќа во Тетово, која со специфичната декорација на фасадите, разиграната форма и одличното функционално решение, како единствен претставник на аристократска куќа изградена по примерот на Европа, треба да бидат завршени до крајот на годинава, соопшти Министерството за култура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаос во Берлин : Пукање од автомобил, ранет млад човек Дваесет и двегодишен маж бил застрелан од автомобил во движење во близина на полициската станица во берлинската населба Моабит, соопшти денеска локалната полиција.Портпарол на берлинската полиција изјави за „Билд“ дека пукањето се случило утрово околу 02:00 часот, дека било пукано кон група луѓе на улицата Перлебергер и дека еден маж бил застрелан во ногата. Повредениот млад човек бил пренесен во болница, каде што му била извршена итна операција. На случајот работи Одделот за криминалистички истраги, а како што е наведено, сè уште не е јасно дали младиот човек бил цел на пукањето или бил случајна жртва, ниту пак дали групата што отворила оган била на пат кон полициската станица. Претседателот на Синдикатот на берлинската полиција (GdP), Штефан Ве, изјави дека пукањето во Берлин е загрижувачко, „но фактот дека некој безмилосно пукал во човек пред полициската станица открива димензија што никој не може да ја оправда“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаРКЕ: Дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапи за денарМалопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,50 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 21.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,049%, кај дизелот има намалување за 6,734%, кај екстра лесното масло исто има намалување и тоа за 4,936% и кај мазутот намалувањето е за 1,630%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9522%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 29.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 100,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 102,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 111,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 49,882 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,196 ден/кг и сега ќе изнесува 49,882 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотИма 11 деца со седум жени: Славен фудбалер остана без 160 милиони евраЕдинаесет деца со седум различни жени, три титули во Лигата на шампиони, освоено Светско првенство со Бразил и околу 160 милиони евра изгубени. Сѐ ова успеал да „го направи“ славниот бразилски фудбалер Роберто Карлос. 53 годишниот Карлос најверојатно многу брзо ќе го потпише и седмиот развод. Животот на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот ненадејно тргна во поинаква насока, забрзано движејќи се кон финансиска катастрофа што самиот шампион ја опиша. Лажни пријатели, корумпирани агенти и лукави членови на семејството му ги испразнија банкарските сметки. Бразилецот остана без пари. Легендарниот Бразилец јавно изјави дека ги загубил 99 отсто од парите заработени во текот на својата фудбалска кариера (проценети на 160 милиони евра). Како главни причини ги наведе проблемите со поранешен агент и сериозните семејни проблеми. Исто така, призна дека речиси сè загубил поради сопствени грешки. „Имав проблеми со луѓе што ме оставија без пари. Поради агенти и семејни проблеми, изгубив 99 отсто од сè што заработив во фудбалот“, изјави Карлос. Карлос раскажа како во еден момент добил „куп документи“ за кои претходно не знаел, само за да сфати дека неговото богатство практично исчезнало. Познатиот фудбалер на Реал Мадрид – кој сè уште работи за клубот како амбасадор – има 11 деца со седум различни жени. Тој претходно зборувал за тоа колку е тешко прецизно да се избројат сите мајки на неговите деца, иако во неодамнешните извештаи се наведува бројката 11. Неговиот последен брак беше со Маријана Лукон, физиотерапевтка. Тие стапија во брак во 2009 година и имаат две ќерки, Мануела (родена во 2010 г.) и Марина (родена во 2017 г.); се разведоа минатата година. Веста дека по разделбата привремено престојувал во просториите на Реал Мадрид – додека Маријана и нивните ќерки останале во семејниот дом – привлече значително внимание. Претходно оваа година, тој се ожени со Сухеила Етахири, шпанска бизнисменка со мароканско потекло и лиценциран фудбалски агент. Иако има деца со седум различни жени, медиумските извештаи укажуваат на тоа дека ова е само неговиот трет брак. Покрај со Маријана, сигурно е дека бил во брак и со Александра Пињеиро, со која има три деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook