Конзервација на фрескоживописот во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид

По завршувањето на конзервацијата на архитектурата на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, предвидено е деновиве да отпочне и конзервацијата на фрескоживoписот во црквата, како и реконструкцијата на манастирскиот конак. Тоа го најави министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска при неодамнешната работна посета на Охрид.


Канческа – Милевска истакна дека реконструкцијата и конзервацијата на тој, како што го нарече, „исклучително вреден сакрален објект“ се одвиваат според претходно утврдениот план и динамика.

- Сакам да потенцирам дека динамиката во однос на целата конзервација на црквата „Света Богородица -Перивлепта“ навистина оди согласно акцискиот план. Посебно ме радува што надворешниот дел од архитектурата е прекрасно направен, додаде Канческа- Милевска.

Таа појасни дека по однос на камбанаријата, со управата на „Завод и музеј“ од Охрид е разговарано за реализација на проектите, во што Министерството за култура ќе се вклучи преку обезбедување финансиски средства од буџетот за наредната година.

Црквата „Света Богородица Перивлепта“ се наоѓа во стариот дел на Охрид во близина на Горна Порта. Во времето на Отоманската империја црквата Свети Пантелејмон на Плаошник била претворена во џамија, а моштите на светителот Климент Охридски биле преместени во црквата „Света Богородица Перивлепта“, па оттаму кај граѓаните на Охрид уште е позната како Светиклиментова црква.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер