Конвенција на Движењето ЗНАМ во Општина Центар - Канал 5

Конвенција на Движењето ЗНАМ во Општина Центар

На Центар му треба вистински центарец - Мирослав Лабудовиќ.

Конвенција на Движењето ЗНАМ во Општина Центар

„На Центар му треба предводник кој ќе биде вистински претставник на граѓаните. Доволно млад и во истовреме доволно енергичен, доволно стручен, а во истовреме доволно посветен татко на општината. На Центар му треба прв човек што ќе воведе ред, ќе создаде урбан развој наместо урбан хаос, ќе го исчисти, ќе го направи безбеден, ќе се бори за секоја негова педа. На Центар му треба вистински центарец. На Центар му треба Мирослав Лабудовиќ“, е пораката што се слушна вечерва во Музејот на современа уметност, на промотивната Конвенција на кандидатот заа градоначалник на општина Центар и советничката листа од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

Кандидатот за градоначалник, Мирослав Лабудовиќ, претставувајќи ја својата визија и приоритетите за идниот четиригодишен период, пред присутните се обврза дека нема да биде градоначалник што ќе работи само пред избори, туку посветено и одговорно во текот на целиот мандат.

„Во текот на четиригодишниот мандат се обврзувам дека ќе работам посветено, секогаш имајќи ја пред себе главната цел - моите сограѓани, кои мора да имаат приоритет. Тоа значи дека ние ќе бидеме постојано нивен сервис и секојдневно ќе работиме да го подобриме и да го направиме пофункционален нивниот живот. Имаме програма за која сум убеден дека е најквалитетна од сите понудени и со која навистина ќе ги промениме нештата во општината“, порача Лабудовиќ.

Тој најави ревизија на сите спорни урбанистички планови, нови катни и монтажи гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај новата Железничка станица, чиста, безбедна и еколошки средена општина, со енергетско-ефикасни фасади. Новитети во образованието и изградба на Центар Хаб - мултифункционален, младински и културно - технолошки центар, поддршка на локалниот бизнис и спортот, и повеќе солидарност и инклузивност. Како еден од приоритетите ја потенцираше целосната транспарентност во работењето.

Пред присутните се обрати и носителот на советничката листа, Мишко Барзов кој изрази уверување дека со системски решенија, јасна визија, посветеност и чесна намера, советниците од ЗНАМ ќе создадат поинаква слика - поуредена, почиста и побезбедна општина.

„Верувам дека советничката листа на ЗНАМ ќе биде вистинскиот замаец на промените. Најискрено верувам дека Мирослав Лабудовиќ, нашиот Миро, е единствената личност која во овој момент, заедно со нас, може да направи вистински промени, системски решенија и нова визија за нашата општина. Наша цел е Центар да биде општина каде што повторно ќе владее ред, каде што маалата ќе ја вратат својата душа и каде што секој граѓанин ќе се чувствува горд што живее токму овде“, нагласи Барзов.

Лидерот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски истакна дека Лабудовиќ добил едногласна поддршка од партиското членство. Тој рече дека со години доаѓа во Скопје и никогаш главниот град и централната скопска општина не биле повалкани и во поголем хаос отколку што се сега.

„Не смееме да дозволиме да се скрши срцето на Скопје, не смееме да дозволиме Центар да остане во погрешни раце и да продолжи да се распаѓа како скапано јаболко. Време е за голема промена, време е за голема победа, време е за вистински човек кој и знае и сака и може да го воскресне Центар од правта и валканиците. Тој човек е нашиот Миро. Затоа што центарци знаат дека Миро е најдоброто решение за нивната општина. Јас гледам вистинска жар во неговите очи кога говори за Центар, кога дискутираме за проектите и визијата за наредните четири години. Немам ни трошка сомнеж дека тој искрено сака да го направи неговиот и ваш Центар најдобро место за живеење“, потенцираше Димитриевски.

Движењето ЗНАМ - За наша Македонија на овие избори настапува самостојно со советнички листи во 53 општини и во градот Скопје. Кандидати на ЗНАМ за градоначалници во општините Куманово и Центар се Максим Димитиревски и Мирослав Лабудовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер