2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
Веб ТВКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерваFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Земјоделците плачат, родот им скапува - власта не сака да ги слушнеПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, имаше средби со земјоделци во Обршани во општина Кривогаштани и во село Дебреште во општина Долнени, на кои земјоделци од различни сектори ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат.Земјоделците на средбите алармираа дека состојбата во земјоделството е толку катастрофална, што голем дел од родот, на пример од црвената пиперка, е скапан, поради тоа што не се откупуваше на време. Земјоделците од село Обршани и околните села од општина Кривогаштани, посочија дека власта ги излажа во однос на откупот на црвената пиперка - откуп нема, пиперката им скапува, а тоа што се откупува е по понижувачка цена од 17 денари за килограм, која услови кога се поскапено не ги покрива ниту производните трошоци. Филипче на средбата им порача на земјоделците дека СДСМ ќе подготви предлог-мерки за финансиски да им се помогне на земјоделците. „Ќе поднесеме предлог-мерка за интервентен откуп и загарантирана соодветна цена од 30 денари за килограм за тие количини црвена пиперка што не се откупени, а за тие земјоделци на кои што пиперката поради тоа што нема откуп веќе им е скапана и уништена, да се обезбеди обештетување“, рече Филипче. Во селото Дебреште, земјоделците го отворија прашањето за штетите од невремето што се случи летово и потребата од обештетување на погодените тутунопроизводители, особено тутунот во Дебреште каде што штетите се стопроцентни, а исто така огромни штети од невремето имаше и во селата Заполжани, Новоселани, Ропотово, и дел од Пешталево. Филипче на средбата најави дека пратеничката група на СДСМ, согласно барањата и предлозите на земјоделците во најкус рок во Собранието ќе поднесе предлог-мерки за финансиска поддршка, со цел да им се помогне на земјоделците. „Ние сме подготвени да поднесеме предлог-закон во Собранието, за да им се помогне на земјоделците, во овие тешки времиња. Земјоделците бараат помош, бараат решение и бараат некој да ги слушне, но оваа власт упорно ги игнорира и ги остава сами да се справуваат со проблемите со кои се соочуваат“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ, на средбите со земјоделците предупреди дека целиот сектор пропаѓа, а власта нема слух за проблемите на земјоделците. Филипче посочи дека земјоделците од цела држава се соочуваат со исти проблеми - нема откуп, понижувачки откупни цени, намалени и неисплатени субвенции. „Во земјоделството, луѓето плачат, а никој не ги слуша. Имаме власт која што нема слух за проблемите на граѓаните и земјоделците. Лозарите не зборуваат за откупни цени. Зборуваат дека не им го откупуваат воопшто. Скапува грозјето на нива. Млекопроизводителите не зборуваат откупната цена веќе иако е мизерна, туку скапува, нема кој да го земе. Пченката, ланската, уште не е откупена. Раноградинарските култури, огромен процент пропаднаа. Сега истиот проблем ќе имаме со тутунот. Зашто? Затоа што оваа власт сè што вети се излажа. Да ја посетам 160 денари ветуваше за тутунот. Воведоа класи за да ја намалат цената. Ние целиот тутун го исплаќавме прва класа“, рече Филипче. Притоа, Филипче потсети и дека СДСМ секогаш кога имале проблем земјоделците им помагаше со интервентни мерки. И сега како опозиција поднесуваше предлози, но власта сите ги одби. „Лани, колку за илустрација, дадовме предлог да има 3 денари за откупено грозје. Го одбија законот. Им го земаа по мизерни цени. И секоја година е сè полошо. Лани за мизерни цени откупуваа, сега не го откупуваат. Млекопроизводителите ми велат знаеме дека до година ќе биде уште полошо, затоа што овие што произведуваат млечни производи имаат купено млеко во прав од странство и велат ние сега знаеме дека до година ништо нема да биде. Ќе биде дебакал. Цел сектор ќе пропадне“, рече Филипче. Скопје, 19.09.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаМВР. Лишен од слобода маж од струшко поради предизвикување пожарМинистерството за внатрешни работи информира дека на 18.09.2026 во 07:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Враништа, од слобода го лишија Љ.М.(60) од истото село.Министерството за внатрешни работи информира дека на 18.09.2026 во 07:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Враништа, од слобода го лишија Љ.М.(60) од истото село, кој се сомничи дека на 16.09.2026 во 12:30 часот, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа. Во пожарот, нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно документирање на настанот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСаудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето Во последните месеци, Саудиска Арабија барала борци и воен персонал од неколку земји за потребите во Јемен, но сириската влада го одби барањето за испраќање свои сили против Хутите, според извори на „Turkish Today“.Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила барањето за организирање и распоредување сириски сили против Хутите. „Ова прашање е исцрпено и завршено. Саудиското барање беше упатено пред неколку месеци. Сирија учтиво го одби, наведувајќи дека е фокусирана на сопствениот процес на организирање на армијата и дека нема намера да се вклучи во конфликтот како трета страна“, изјави еден од изворите. Изворот наведе дека сириската влада не ги спречува поединците да патуваат надвор од Сирија и да учествуваат во конфликтот, но нагласи дека Дамаск нема да преземе одговорност за таквиот поединечен ангажман. Турските извори исто така ги отфрлија тврдењата дека Турција одиграла улога во префрлањето или организирањето на Сиријци за распоредување во Јемен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook