3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветКонтроверзен руски крипто- милионер изгоре во своето луксузно Ламборџини (ВИДЕО)Алексеј Долги, контроверзен московски бизнисмен кој тргувал со криптовалути, загина во пожар во своето Ламборџини ноќеск во Москва.Несреќата се случила околу 1:30 часот по локално време во северна Москва кога Алексеј со голема брзина удрил во заштитна ограда и се превртел. Според извештаите, Алексеј возел по автопат со брзина поголема од 150 километри на час, што наводно било снимено од безбедносните камери. Во еден момент, тој ја изгубил контролата на кривина и удрил во заштитната ограда. Луксузниот автомобил се превртел и веднаш се запалил. Според полицијата, Алексеј не бил сам во Ламборџинито. Уште едно лице загинало во несреќата, додека уште две лица се однесени во болница со тешки повреди. Руските медиуми објавија дека крипто- милионерот Алексеј Долги бил ставен на црната листа на руските банки поради сомнение за перење пари. Полицијата и обвинителството ја истражуваат несреќата. View this post on Instagram A post shared by S̷U̷E̷T̷O̷L̷O̷G̷ (@mirovoi.suetolog) Патем, Алексеј постојано ги прекршувал сообраќајните прописи додека возел луксузен автомобил: има повеќе од 400 казни за пребрзо возење, а неговиот долг надминал еден милион рубли. Сопственикот на автомобилот акумулирал значителна сума за само една година поседување на елитното возило.Тагови: Ламборџини милионер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан ЈовановскиПо кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009. Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи. Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство. Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје Нека почива во мирКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војнаНа стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаПретставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенцијаПроектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција. На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција. Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата. „Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски. Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството. Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook