Контролата на летање ги искара пилотите на патничкиот авион поради блиската средба со авионот на Трамп - Канал 5

Контролата на летање ги искара пилотите на патничкиот авион поради блиската средба со авионот на Трамп

Напнат радио разговор помеѓу контролата на летање и екипажот на „Спирит ерлајнс“ беше под лупа откако американската нискобуџетна авиокомпанија беше предупредена дека нејзиниот авион се приближил премногу блиску до авионот на Трамп. 

Контролата на летање ги искара пилотите на патничкиот авион поради блиската средба со авионот на Трамп

Напнат радио разговор помеѓу контролата на летање и екипажот на „Спирит ерлајнс“ беше под лупа откако американската нискобуџетна авиокомпанија беше предупредена дека нејзиниот авион се приближил премногу блиску до претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ над Њујорк.

Според аудио снимка објавена од американските медиуми, контролорот на летање постојано инсистирал летот 1300 на „Спирит ерлајнс“, лет Форт Лодердејл-Бостон (Ербас А321, регистрација N687NK), да сврти десно за да обезбеди доволно растојание од авионот во кој се возеле американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп на пат кон Велика Британија.

„Спирит 1300, обрнете внимание, свртете 20 степени десно. Спирит 1300, свртете 20 степени веднаш!“, може да се слушне пораката на контролорот, со дополнително предупредување до пилотите да „го тргнат iPad-от“ и да се фокусираат на ситуацијата.

Извор близок до истрагата потврди за NBC News дека, и покрај напнатата комуникација, потребното растојание помеѓу двата авиона не било прекршено. Сепак, инцидентот предизвика загриженост во врска со дисциплината во пилотската кабина и почитувањето на процедурите во чувствителни ситуации кога Ер Форс Уан лета во близина.

„Спирит ерлајнс“ во своето соопштение нагласи дека пилотите ги следеле процедурите и упатствата за контрола на летање и дека летот завршил безбедно со слетување во Бостон. „Безбедноста е секогаш наш врвен приоритет“, соопшти компанијата.

Белата куќа, од друга страна, не го коментираше инцидентот. Истрагата е во тек, а прелиминарните наоди покажуваат дека немало сериозно прекршување на безбедноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги

Излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги

Венко Филипче стана препознатлив по спорните изјави, лагите и манипулациите во јавноста.

Во изминатиот период на виделина излегоа повеќе лаги. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за анкетите, за златната виза, лажно си го вакцинираше внучето и еден куп други лаги.

На лагите на Филипче им нема крај.

Венко Филипче мора да одговори на јавноста, зошто зборува за автомобил од 6.000 евра, кога во анкетниот лист се наведени други возила?

Филипче зборува за автомобил од 6.000 евра, но во анкетниот лист, според достапните наводи, се пријавени две моторни возила, „мерцедес“ во вредност од околу 44.000 евра, како и мотор вреден околу 25.000 евра.

Тогаш, каде е автомобилот од 6.000 евра?

Дали станува збор за друго возило? Дали има разлика меѓу јавно кажаното и пријавениот имот? Има ли дополнителни информации што Филипче треба да ги соопшти за да се расчистат сите дилеми?

Кај Филипче и СДС нема транспарентност и одговорност има само лаги и манипулации.

Филипче треба јавно да објасни што точно поседува, дали целиот имот е уредно пријавен и на што се темелат неговите изјави за вредноста на возилото.

Ако се е чисто, документите и фактите треба да го потврдат тоа. Ако постојат разлики, јавноста заслужува јасно објаснување.

За хронични лажговци и манипулатори нема место во политиката. Граѓаните очекуваат работа, дела и конкретни резултати, а не политичари како Филипче кои на секој втор збор лажат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела, спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во АХВ.

Уништени  470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево

При спроведувањето на контролата, официјалните ветеринари на АХВ во комората пронајдоа и запленија 400 килограми замрзнати подготовки од месо, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи. Целокупната запленета количина подготиовки од месо и внатрешни органи нештетно се уништени на депонија, согласно пропишаните законски процедури.

Поради констатираните неправилности, изречена е мерка за времено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни поради работа на нерегистриран објект и неозначување на производите.

Овој случај е уште една потврда за значењето на редовните и вонредните инспекциски контроли, со кои АХВ врши надзор врз работењето на операторите со храна, почитувањето на законските обврски и исполнувањето на условите за безбедност на храната што се произведува, складира и става во промет.

Во периодот од јануари до август 2026 година, инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 74.838 инспекциски надзори. Контролите опфаќаат различни сегменти од синџирот на храна на домашниот пазар и увозот, со цел навремено откривање и отстранување на неправилностите и спречување на пласманот на небезбедна храна на пазарот. Во овој период уништени се 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување редовни и вонредни инспекциски контроли на целата територија на државава. Приоритет остануваат заштитата на здравјето на граѓаните, спречувањето на пласманот на небезбедна храна, почитувањето на законските прописи и заштитата на правата на потрошувачите.

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.10.2026 до 22.10.2026 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер