Конте: Успеавме Наполи да го направиме кохезивен тим - Канал 5

Конте: Успеавме Наполи да го направиме кохезивен тим

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, е задоволен од атмосферата во тимот и подготвеноста на сите фудбалери да се стават во функција на остварување добри резултати.

Конте: Успеавме Наполи да го направиме кохезивен тим

- Она што ме прави горд е што за само четири месеци успеавме да создадеме кохезивен тим каде што мислиме на тимот, а не на индивидуалните играчи. Ова е еден од најдобрите тимови што сум ги имал во кариерата - сите имаат иста визија и исти намери, од клупските челници до медицинскиот персонал. Сето ова создава прекрасна атмосфера. Јас дишам во таа страст и ентузијазам, па кога сум во таа средина, тоа ја вади страста и во мене. Страста во Наполи е огромна одговорност и разбирам дека деновите по натпреварите може да бидат тешки доколку не победите. Ова е емотивно место каде што расположението може брзо да се промени, изјави Конте.

Тој побара да не се создава еуфорија по добриот старт во сезоната.

- Не заборавајте дека минатата сезона овој тим заостануваше 41 бод зад лидерот. Не криеме дека сакаме да ги оствариме соништата на навивачите на Наполи, но мораме и да бидеме приземни. Мило ми е што тимот работи добро, но мораме да бидеме подготвени и за неуспеси и грешки, изјави тренерот на Наполи во интервју за ДАЗН.

Наполи синоќа во 10. коло од серија А го победи Милан на гостински терен со 2:0 е се зацврсти на лидерската позиција со 25 бода./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата.

По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер