ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
2Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
3 Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис
ФудбалКонте на излезната врата на НаполиТрофејниот тренер Антонио Конте ќе го напушти Наполи по две години, во кои му ја донесе на клубот четвртата титула во италијанското првенство во историјата, пишува Скај Италија. Се очекува клубот официјално да го потврди неговото заминување за време на последниот домашен натпревар од сезоната на стадионот „Диего Армандо Марадона“, со што ќе затвори едно успешно поглавје. Информацијата дека Конте заминува посебно одекна во јавноста бидејчи има важечки договор со клубот од Неапол до летото 2027 година. Италијанскиот стручњак, според извештаите, се откажал и од платата од седум милиони евра што му следуваше според договорот. Ваквиот потег дополнително нагласува дека одлуката за разделба е конечна. За време на неговиот мандат, Конте целосно го промени менталитетот на тимот и повторно го направи Наполи тим способен да се бори за најголемите трофеи. Освоеното Скудето имаше посебно значење бидејќи го врати клубот на врвот на Серија А по многу турбулентен период и големи промени во соблекувалната. Под водство на Конте, Наполи играше агресивен, интензивен и тактички многу дисциплиниран фудбал, а навивачите брзо го прифатија како еден од клучните луѓе во новата успешна ера. Кој ќе го наследи? Италијанските медиуми веќе шпекулираат за можни наследници, а раководството на Наполи сега се соочува со задачата да пронајде тренер кој може да го продолжи проектот по еден од најуспешните периоди во последните години. Конте зад себе остава шампионски тим и статус на човекот кој го разбуди Наполи.Тагови: Антонио Конте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Ноле во стилот на Стеф Кари, „сипа“ тројкиНајтрофејниот свтески тенисер во историјата , Србинот Новак Ѓоковиќ е активен и во пресрет на финалните натпревари од Светското првенство.Српскиот тенисер престојува во Америка, каде што присуствуваше на неколку интересни настани. Организаторите ја искористија можноста и неговата подготвеност да се појави на разни случувања. Меѓу другото, Новак Ѓоковиќ излезе на кошаркарскиот терен и покажа што умее. Популарниот Ноле го зеде баскетот и во стилот на најдобриот тројкаш во НБА лигата Стеф Кари погоди три тројки по ред. Tennis star Novak Djokovic hits 3 straight 3-pointers at @FanaticsFest 👌 pic.twitter.com/SdJuOWBhIE — NBA (@NBA) July 18, 2026 Видеото беше објавено на официјалниот профил на НБА на социјалната мрежа Инстаграм, по што почна масовно да се споделува.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица Црногорската полиција издаде итно соопштение по апсењето на Десингерица,родители, пријавете доколку имате информации!Популарниот рапер на овие простори Драгомир Деспиќ – Десингерица е приведен во Црна Гора под сомнение за прекршување на Законот за странци, а по тој повод се огласи и локалната полиција. - Полициските службеници од Одделението за безбедност во Бар, во соработка со инспекторите за странци, санкционираа три лица од Република Србија, меѓу кои и изведувачот Драгомир Деспиќ – Десингерица, поради прекршување на Законот за странци. Во ноќниот клуб во Сутоморе, каде што настапуваше Деспиќ, затекнати се 11 малолетници како консумираат алкохол, поради што надлежните инспекциски служби, покрај другите прекршоци, изрекоа парични казни во висина од 11.200 евра за правното лице и за одговорните лица, стои во соопштението од Црногорската полиција. Во текот на ноќта на 18 јули 2026 година, од 02:00 до 03:00 часот, службеници од Одделението за безбедност во Бар извршиле контрола во угостителски објект – ноќен клуб во Сутоморе, при што три лица биле приведени во просториите на Одделението заради утврдување на идентитетот: изведувачот Драгомир Деспиќ Десингерица ), кој настапуваше во клубот, како и М.Ј. (24) и С.Љ. (33), сите државјани на Република Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот. .РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Залудни се хистеричните обиди на СДС за креирање страв, паника и неизвесност кај граѓаните. Прес-конференциите на СДС за создавање хистерија за наводни ценовни шокови, скапотија, банкрот на државата веќе никој не ги слуша. Две години по ред викаат дека државата е во финансиски колапс и само што не банкротирала, но еве две години по ред Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како се консолидира економијата со континуиран раст на БДП од 3 или над 3%. Вистината е дека СДС се тие што ја оставија државата на раб на банкрот, со ограбени институции и осиромашени граѓани кои за време на седумгодишното владеење ја плаќаа нивната неспособност со рекордна двоцифрена инфлација. Оттука се поочигледно е дека СДС не можат да се помират со сегашните економски резултати и преземени мерки во време на енергетска криза кои цените ги држат под контрола, енергенсите со најниска цена од земјите во регионот, а инфлацијата на ниво од 3,4%. Ако СДС сака да зборува за економија, цени и инфлација, добро е да зборува со бројки кои најдобро опишуваат како живеат граѓаните сега, а како до пред две години кога скапотијата рушење европски рекорди. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter