Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А - Канал 5

Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А

Наполи го победи Каљари (2:0) синоќа во 34. коло и стана шампион на Италија. 

Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А

Тренерот на „наполитанците“, Антонио Конте, сега е еден од двајцата тренери кои го освоиле италијанското првенство со три различни клуба.

Во сезоните 2011/12, 2012/13 и 2013/14, тој ја освои Серија А со Јувентус, а во сезоната 2020/21 со Интер.

Претходно, само Фабио Капело успеа да го направи ова, водејќи ги Јувентус, Милан и Рома до победи во италијанското првенство.

Сепак, шампионските титули на тимот од Торино во сезоните 2004/05 и 2005/06 беа поништени поради корупциски скандал.

Конте е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2024/25 во Серија А.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Тајван ги презеде првите два од вкупно 66 борбени авиони Ф-16В Блок 70 купени од Соединетите Држави.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам.

Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува значаен чекор во зајакнувањето на воздушната одбрана на земјата. „Ова ја покажува нашата решеност да ги зајакнеме капацитетите за самоодбрана и да обезбедиме мир преку сопствената сила“, рече Лаи.

Обука и воведување во употреба

Командата на тајванските воздухопловни сили соопшти дека ќе спроведе обука за премин кон новиот тип на авион, а потоа постепено ќе ги воведе во оперативна употреба. Командата истакна дека 7-мото тактичко борбено крило е формирано во декември 2023 година и е предвидено да биде опремено со новите авиони Ф-16В Блок 70.

Министерот за одбрана Велингтон Ку претходно пред новинарите потврди дека „годинава ќе бидат испорачани повеќе од два авиона“.

Договор вреден 8 милијарди долари

Соединетите Држави ја одобрија продажбата на 66 авиони Ф-16В и придружна опрема на Тајван уште во 2019 година. Вкупната вредност на договорот се проценува на приближно 8 милијарди долари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“

Со години, „GTA 6“ се најавува како потенцијален рекордер за најголемо лансирање во историјата на индустријата за забава – како во поглед на очекувањата, така и во однос на капиталот вложен во нејзиниот развој.

„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“

„Rockstar“ дополнително ја поттикнува оваа возбуда.

Според еден од клучните раководители на студиото, целта е речиси секој аспект од претстојната игра да се подигне на ново ниво. Арон Гарбут, раководител за развој и висок функционер во „Rockstar“, вели дека тимот се обидел огромниот притисок околу проектот да го претвори во дополнителна мотивација.

Наместо да прават компромиси меѓу големината на светот, деталите и интерактивноста, тие се стремеле истовремено да ги подобрат сите овие елементи.

„Обично мора да правите компромис меѓу обемот и деталите, или меѓу деталите и интерактивноста. Со овој проект, тргнавме во спротивна насока“, изјави Гарбут за „Game Informer“.

Тој истакна дека „Rockstar“ го зголемил нивото на детали, обемот, опсегот, големината, интерактивноста и густината на светот – подобрувања што треба да бидат очигледни во секој аспект од играта.

„GTA 6“ ветува огромен отворен свет, подетална средина, напредна физика и поголем број интерактивни елементи. Иако „Rockstar“ сè уште не ги открил сите карти, досега објавените трејлери веќе навестуваат колку внимание е посветено на деталите.

Секако, зад проект од вакви размери стојат огромните финансиски ресурси на издавачот „Take-Two Interactive“. Точниот буџет за „GTA 6“ не е јавно потврден, но јасно е дека станува збор за еден од најамбициозните проекти во историјата на индустријата за видеоигри.

„Rockstar“ е познат по тоа што со години ги развива своите игри и вложува огромно време во светот, анимациите, физиката и деталите. Следствено на тоа, Гарбут смета дека „GTA 6“ претставува нешто што „Rockstar“ никогаш претходно го нема создадено. „Не мислам дека некогаш сме направиле нешто што е дури и приближно на ова“, изјави тој.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

На 03.10.2026 (сабота) со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Р.С.Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер