Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
1Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
ЖивотКонтактот со вонземјаните би можел да биде кобен за луѓето?Научниците кои трагаат по живот надвор од нашата планета, предупредуваат дека треба добро да размислиме пред да одговориме на потенцијален вонземјански сигнал.Професорот Метју Бејлс од универзитетот Свинбурн од Мелбурн е водечки австралиски научник кога станува збор за потрагата по живот надвор од Земјата. Тој предупредува дека контактот со потенцијалните вонземјани кои се во состојба на оддалеченост од повеќе десетина светлосни години да испратат сигнал на Земјата, би можел да биде кобен за човештвото. Тој своето предупредување го базира на фактот што тие вонземјани би биле технолошки понапредни од човекот. „Судбината на помалку напредните цивилизации кои контактираат со напредните – не е светла“ – изјави Бејлс. Професорот Бејлс од неодамна е поставен на чело на фондацијата „ Breakthrough Prize” чија цел е да пронајде вонземјански живот. Фондацијата има буџет од 100 милиони долари, а главниот финансиер е рускиот милијардер Јури Милнер, а во проектот е вклучен и Стивен Хокинг (и самиот Хокинг пред извесно време на сличен начин зборуваше за опасноста од потенцијалниот контакт со вонземјанскиот облик на живот). Овој тим ќе започне со скенирање на вселената со помош на Парксовиот радио телескоп, еден од најголемите во светот. Планот е на овој начин човекот да истражи простор кој е за 10 пати поголем од оној кој до неодамна го истражувавме „Главниот проблем кога станува збор за овој проект, е тоа што не знаеме какви точно сигнали да бараме. Не постои прирачник “како да се пронајдат вонземјани“. Мораме да претпоставиме какви се тие сигнали кои вонземјаните би ги испратиле“ – изјави професорот Бејлс. Компјутерите кои ќе се користат во овој потфат ќе биде направен за една година, а планот е целиот проект да трае пет години. Бејлс претпоставува дека доколку “фатиме“ сигнал, тој нема да биде со силен интензитет, бидејќи се верува дека ќе помине огромен пат. Доколку човекот открие постоење на вонземјански живот, Бејлс предупредува дека би требало добро да размислиме дали и на кој начин ќе одговориме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазарПредизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. За овие прашања, за можностите за економски напредок на регионот, како и за инвестициите во инфраструктурата, зборуваше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој се обрати на 23-от Виенски економски форум. Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар. “Наш предизвик, но истовремено и наша задача, е да соработуваме сите економии што ги претставуваме. Без разлика дали станува збор за мојата земја или за која било друга земја од регионот, факт е дека нашите економии се премногу мали за да бидат конкурентни на глобалниот пазар. Дури и целиот регион, гледан како една целина, е премал за самостојно да биде глобално конкурентен. Токму затоа треба да соработуваме. Свесен сум дека тоа не е лесна задача, имајќи ги предвид политичките предизвици, политичкото минато и историското наследство на регионот. Но, и покрај тоа, тоа е задача што мораме да ја преземеме и на која мораме заеднички да работиме” – се обрати Николоски. Додаде дека вистинското прашање во следниот период е дали земјите од регионот ќе успееме да го подигнеме квалитетот што го нудиме. Тој на форумот ги потенцира развојните проекти што се реализираат во Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура. “ Што се однесува до железницата, се наоѓаме во многу напредна фаза на подготовка за започнување на работите на проектот за брза железница, која ќе се протега од границата со Грција до границата со Србија. Oчекувам изградбата да започне на пролет. Станува збор за огромен проект, кој ќе биде најголемиот поединечен инфраструктурен проект во Југоисточна Европа, со инвестиција од приближно две милијарди евра. Во однос на Коридорот 8, успеавме да постигнеме договор со Бугарија за железничкото поврзување. Двете страни веќе работат на реализацијата на проектот. Ние веќе инвестираме околу 810 милиони евра во железничкото поврзување, а Бугарија презема слични активности на своја територија. Во понапредна фаза е автопатското поврзување, каде што двете страни вложуваат значителни напори. Од наша страна, работите се завршени до границата со Бугарија, односно веќе имаме изградено автопат или експресен пат. Заедно со Европската Унија работиме и на западната железничка врска со Албанија. Кога ќе се соберат сите овие активности, станува збор за инвестиции од приближно пет до шест милијарди евра во овие коридори. Нашата цел е земјата да стане важна крстосница, со што ќе придонесеме не само за растот на бизнисот и економијата, туку и за зајакнување на безбедноста” – се обрати Николоски на глобалниот форум. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаОд Химлунг до Манаслу: Благица Владимировска ги поместува границите на македонското високогорствоНа над 7.000 метри височина, на температура од минус 35 степени, со ветрови од 60 километри на час и повеќе од 20 часа борба со екстремните услови, македонската високогорка Благица Владимировска го оствари својот голем хималајски подвиг. По Химлунг, нејзиниот поглед е насочен кон следниот врв , Манаслу (8.163 метри) – осмиот највисок врв во светот и нејзиниот следен голем предизвик. Постојат места на светот каде што човекот учи колку е мал пред моќта на природата. Места каде што секој здив е напор, секој чекор е одлука, а една погрешна проценка може да ја направи разликата меѓу животот и смртта. Едно од тие места е Химлунг, на Хималаите, каде што македонската високогорка Благица Владимировска достигна височина од околу 7.020 метри, носејќи го македонското знаме во едни од најсуровите услови со кои може да се соочи еден планинар. Со овој подвиг, Владимировска се вбројува меѓу ретките Македонки што ја надминале границата од 7.000 метри – височина на која човечкото тело се соочува со сериозен недостиг од кислород, а физичката подготвеност, искуството и менталната стабилност стануваат подеднакво важни. Минус 35 степени. Ветер од 60 километри на час. Петнаесет килограми опрема. Повеќе од 20 часа изложеност на снег, мраз и исцрпеност. Без вода и храна. Зад овие бројки не стои само спортски резултат. Стои борба во која секоја одлука има тежина, а желбата да се стигне повисоко никогаш не смее да биде посилна од почитта кон планината. За Благица, високогорството не е натпревар со природата, ниту обид да се докаже сопствената надмоќ. Тоа е начин на живот, изграден врз дисциплина, истрајност, самоконтрола и способност да се препознае границата меѓу храброста и непромисленоста. „Ова е приказна од реалноста, каде што еден погрешен чекор може да значи живот или смрт. Каде што одлуките не смеат да бидат водени од егото и самољубието. Каде што почитта кон планината е религија. Таму јас вистински живеам“, вели Благица Владимировска. Следната цел – Манаслу, 8.163 метри надморска височина Но подвигот на Химлунг не е крајната точка на нејзината високогорска приказна. Напротив, тој е уште еден голем чекор кон следната цел – Манаслу, врв висок 8.163 метри, кој се издигнува на Хималаите во Непал и е осмиот највисок врв на планетата. Манаслу е еден од четиринаесетте врвови во светот повисоки од 8.000 метри. На тие височини, во таканаречената „зона на смртта“, човечкиот организам функционира во услови на екстремен недостиг од кислород, а секој дополнителен метар претставува огромен физички и ментален предизвик. За големите височини, покрај храброста, потребна е и поддршка Досега, зад секоја експедиција на Благица Владимировска стоеле нејзината лична посветеност, огромни одрекувања и сопствени финансиски средства. Сите досегашни високогорски предизвици ги организирала и финансирала самостојно, вложувајќи во подготовките, патувањата и опремата, водена од желбата да ги поместува сопствените граници и достоинствено да го претставува македонското високогорство. Но Манаслу е предизвик од сосема поинакви размери. Експедиција на 8.163 метри подразбира сериозни финансиски средства, специјализирана опрема, сложена логистика, долготрајни подготовки и високи безбедносни стандарди. Затоа, за остварување на следната голема цел, на Благица овојпат ќе ѝ биде потребна и финансиска поддршка. Ова е можност македонските компании, институции и сите оние што веруваат во спортот, истрајноста и човечките достигнувања да станат дел од една нова високогорска приказна. Да поддржат жена која со сопствени сили веќе стигнала таму каде што малкумина успеваат, а сега се подготвува за еден од најголемите предизвици во светското високогорство. Зашто ваквите успеси се инспирација за новите генерации, доказ дека големите соништа не се резервирани само за оние што доаѓаат од големи земји и потсетник дека и Македонија има луѓе со капацитет за најголемите светски предизвици. Имаме Македонка која стигна над 7.000 метри на Хималаите. Македонка која се соочи со суровоста на Химлунг, со екстремниот студ, ветерот и исцрпеноста. Македонка која сега се подготвува за Манаслу – 8.163 метри над светот. Нејзиното име е Благица Владимировска. ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА ЕКСПЕДИЦИЈАТА „МАНАСЛУ 8.163“ Компании, институции и поединци заинтересирани за финансиска или спонзорска поддршка на следната високогорска експедиција на Благица Владимировска можат да се обратат на: Е-пошта:[email protected] Предмет: Поддршка за експедицијата Манаслу 8.163 – Благица Владимировска Да застанеме зад македонската високогорка која се подготвува за еден од највисоките врвови на светот. Зашто големите височини се достигнуваат со лична храброст, но и со заедничка поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаСведочи ќерката на првообвинетиот во случајот „Пулс“Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Рочиштето се одржува во судницата во затворот „Идризово“. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагичниот пожар. Во несреќата, која се случи на 16 март за време на настапот на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00