Констракта е против интернет-објавите за лесна заработка

Српската пејачка Ана Ѓуриќ - Констракта, по победата на српскиот „Евросонг“,  добива доста понуди за спонзорства. 

Сепак, како што рече таа во интернет-емисијата „100 минути врева“, не е секогаш среќна со тие понуди - особено со рекламирањето на интернет-просторот.

- Не ми е во ред... Ќе наплаќам за мојот лик и дело - тоа е ОК. Но, зошто би земала 5.000 евра за една објава? Сметам дека тоа е навредливо за луѓето кои секој ден цел месец од 9 до 17 часот работат некоја одговорна работа. Не сакам да учествувам во тоа, појасни таа.

„Чесна жена, симнете ѝ капа“; „Во право е, луѓето на 'Инстаграм' ќе направат сѐ за да ги претстават своите 'животчиња' како повредни од туѓите“; „Секоја чест за сѐ, ја обожавам!“ - се дел од позитивните коментари.

Инаку, Констракта лани го освои петтото место во финалето на „Евровизија“, што е најдобар резултат на Србија последниве 10 години. Таа се пријави и на годинешниот национален натпревар со песната „Ново, боље“.

50.000 Руси се пробиваат во Курск, страшни напади на истокот на Украина

Војната во Украина многу ескалира во последните денови.

Двете страни викендов ги изведоа најголемите напади со беспилотни летала од почетокот на конфликтот пред речиси три години. На првите борбени линии Русија полека, но систематски напредува, пренесе Индекс. Обрач се стега околу градот Покровска тврдина. Најблиските руски позиции се оддалечени на само шест километри.

Во исто време, Русија се обидува да ги истисне украинските сили од нејзиниот западен регион Курск со десетици илјади војници, објави украинскиот врховен командант Олександар Сирски.

Коментарите на генералот Сирски дојдоа еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека Москва собрала сили од 50.000 војници, вклучително и севернокорејски војници, долж регионот што се граничи со Украина, и дека подготвува масовна офанзива. Според извори на руските државни медиуми, Путин поставил краен рок до крајот на годината да ја врати контролата врз Курск.

Младенци влегле во салата за прослава и останале шокирани, им се случил кошмар (ВИДЕО)

Тиктокерката Калина Мари објави потресно видео од нејзината венчавка, кое „собрало“ повеќе од 6,7 милиони прегледи, предизвика бројни реакции и прашања кај корисниците.

Таа објасни дека испратила 100 покани за церемонијата, изнајмила сала, организирала храна и пијалоци, но на нејзиниот „најсреќен ден во животот“ присуствувале само пет лица.

Калина објаснува дека била во врска девет години, пред таа и нејзиниот партнер да решат да застанат на „лудиот камен“. Првичните планови биле одложени поради пандемијата на корона, но парот бил решен да направи незаборавен ден за себе и за своите гости.

Таа посочува дека испратила 75 дигитални покани (на пријатели кои имаат сметки на социјалните мрежи), како и 35 класични покани за постари роднини.

Сепак, ништо не можело да ја подготви за она што следеше, пренесува LadBible.

„Сонував како влегувам во просторија исполнета со весели луѓе, а наместо тоа едвај ја задржав присебноста“, објаснила Калина.

Таа додава дека свадбата била одложена за еден час, бидејќи верувале дека гостите поради некоја причина доцнат. Сепак, ништо не се променило.

„Се појавија пет лица. Како што можете да видите на видеото, влегуваме во празна сала. Никој“, рече таа.

@kalina_marie_23 This is our entrance to our Masqurade ball. The Masqurade ball that I have talked EXCESSIVELY about for the last 10 months. The same ball that I not only digitally invited over 75 people to. But ALSO spent money to send 25 beautiful invitations out to. FIVE PEOPLE SHOWED UP!!!!!!! Like, are you kidding me!?!? As you see in the video, we enter the venue. And no one is there. The invite said 1pm. My mom messaged me at 1:15 that no one was there. My husband and I finally showed up at 2oclock, to 5 people. In a venue planned for 40. I dreamed that I would walk in to a bunch of people cheering us on. Hooting and hollering for us in celebration……but all you see is a woman trying to hold herself together because she had NO idea how to deal with her venue being almost completely empty. All the wasted food and drinks. All the empty tables and chairs. Every moment of my reception changed to adapt. Did we still make the most of it?? You bet your SWEET @$$ we did. But did this video just take all the good moments and shoot them out of the water for a second, F$&K yea it did 😔 It just makes me think, like, why? What did we do? Am I that bad of a person? What did my husband ever do to deserve any of this? Why couldn’t we matter enough for people to show up? I still have “friends” that haven’t even messaged me to congratulate me or tell me why they didn’t come. It truly makes me sick. I honestly can’t wrap my head around this yet. But all I know is, I have my man. My baby. And family that shows up when I need them. And for that, I will be thankful ❤️ #FAIL #fyp #whereisthelove ♬ original sound - Sara Lones

Калина признава дека во еден момент била обземена од гнев поради „залудно потрошена храна и пијалок“, заедно со празни столчиња, но продолжила да се забавува.

„Дали максимално го искористивме денот? Се разбира дека да“, додаде таа.

Многу корисници биле љубопитни. Ја прашале тиктокерката дали добила објаснување од луѓето кои не се појавиле на свадбата.

„Датумот го одредивме уште во јануари и цело време ја најавував забавата на Фејсбук. Не добив многу пораки зошто луѓето не дојдоа. Дури мислев дека е моја вина. Сепак, имам мој човек и семејство кои се со мене. И за тоа сум благодарна“, рече таа.

Калина на крајот истакна дека го преиспитала својот живот и луѓето во него, по што следело „големо бришење“.

Православна црква во Шведска се смета безбедносна закана, ќе била користена за руски саботажи

Постои сомнеж дека новата руска православна црква во градот Вестерос во централниот дел на Шведска може да се користи за идни разузнавачки активности или диверзантски операции.

Постои сомнеж дека новата руска православна црква во градот Вестерос во централниот дел на Шведска може да се користи за идни разузнавачки активности или диверзантски операции, односно дека може да претставува потенцијална закана за националната безбедност на Шведска, пишува Политико.

Станува збор за новоизградена црква на периферијата на Вестерос која се наоѓа во близина на стратешки важен аеродром, како и станици за третман на вода и енергетски компании.

Вестерос има 130.000 жители и се наоѓа на 100 километри западно од Стокхолм.

„Црквата нуди потенцијална основа што може да се искористи за собирање информации, како на аеродромот Вестерас, така и кај големите компании вклучени во енергетскиот сектор“, рече истражувачот на Шведскиот одбранбен универзитет, Маркус Герансон.

Тој предупреди дека шведските сили се „под надзор“ на руската црква кога спроведуваат вежби на или во близина на аеродромот, како што направиле во јуни.

Претставниците на црквата претходно ги негираа врските со руските разузнавачки служби, според весникот VLT од Вестерос.

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, европските земји протераа стотици вработени во руската амбасада во обид да ја ослабат способноста на Русија да собира разузнавачки информации, според Политико.

Се истакнува дека две години подоцна, сѐ појасно е дека Москва продолжува да наоѓа начини да обезбеди покритие за своите оперативци во странство.

Се вели дека Руската православна црква се појавува како потенцијален канал за тајните операции на Москва во странство.

На крајот на мај, шведското државно тело кое обезбедува финансиска поддршка на религиозните групи (SST) престана да ја финансира црквата во Вестерос по консултација со безбедносната полиција на земјата - Сапо.

Портпаролот на Сапо рече дека неговата агенција заклучила дека претставниците на црквата „имале контакти“ со поединци кои работат за руското разузнавање во Шведска.

Кога планскиот одбор на Вестерос се состанал за да го одобри барањето за изградба на црквата во февруари 2017 година, се чини дека нејзината локација не предизвикала сериозна загриженост, пишува Politico.

Аеродромот во Вестерос е стратешки важен бидејќи е назначен како таканаречен резервен аеродром кој е достапен деноноќно за употреба во случај на воена или цивилна криза.

притисни ентер