Конститутивната седница на градското собрание на Белград е одложена за 1 март

Конститутивната седница на градското собрание на Белград е одложена за 1 март, поради немање кворум, соопшти претседавачот Тома Фила.

Пратениците од листата „Србија против насилството“ денеска влегоа во градското собрание со истакнати транспаренти против, како што тврдат, изборни манипулации на изборите во Белград на 17 декември минатата година.

На транспарентите пишуваше „Белград не ве сака“, „Кражбата нема да помине“ и „Ги украдовте изборите“.

Присутни се Добрица Веселиновиќ и Владимир Јовановиќ, носителите на таа листа на белградските избори, како и Мила Поповиќ и Миќа Бериќ, Тања Пашиќ, Милош Павловиќ и други, известува „Политика“. Во салата на градското собрание влегоа и пратениците од коалицијата НАДА, меѓу кои и лидерите на таа коалиција Милош Јовановиќ, лидерот на ПОКС Воислав Михајловиќ и Владимир Штимац.

Согласно Законот за локална самоуправа, Собранието треба да се конституира во рок од два месеца од објавувањето на изборните резултати, кој истекува на почетокот на март, во спротивно се именува привремено тело и се распишуваат нови избори.

Претседателот на Народното собрание е должен да распише нови избори во рок од еден месец, а изборите мора да се одржат во рок од 45 до 60 дена од денот на распишувањето на изборите согласно Законот за локални избори.

Претседател на градското собрание се избира од редот на одборниците на предлог на најмалку една третина од одборниците, а за да биде избран потребно е за него, со тајно гласање, да гласа мнозинството од вкупниот број на одборниците.

По изборот на претседател на градското собрание и секретар, има рок од еден месец да се изборе градоначалник на Белград.

Доколку тоа не се случи, Собранието се распушта, а претседателот на Собранието на Србија мора да распише избори во рок од два месеца, а од денот на распишувањето до денот на нивното одржување треба да поминат 45 до 60 дена..

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

притисни ентер