Констатирана оставката на Ленче Ристовска – предметите распределени кај други судии - Канал 5

Констатирана оставката на Ленче Ристовска – предметите распределени кај други судии

Советот на јавни обвинители ја констатираше оставката на Ленче Ристовска. 

Констатирана оставката на Ленче Ристовска – предметите распределени кај други судии

Предметите Талир 1 и 2 за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ и партијата како правно лице кои ги застапуваше обвинителката Ленче Ристоска се распоредени кај друг обвинител. Државниот обвинител Ненад Савески по завршувањето на седницата на Советот на Јавните обвинители не даде изјава за медиумите и покрај новинарските прашања. На заминување рече дека веќе преку соопштение се произнел со став околу оставката на Ристоска, кажа дека предметите веќе се распоредени кај друг обвинител но не откри кај кој.

„Кажав и на тоа останувам дека никогаш предметите нема да ги врзувам, погрешно е мислам да се врзуваат предметите со конкретни персонални решенија, односно конкретни обвинители. “

„За мене е секој предмет ист. Без оглед кој обвинител постапува.“

Ристоска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител како што наведе таа, поради долгогодишните притисоци, опструкции и неодамнешните одлуки на Советот на јавни обвинители и државниот јавен обвинител со кои ѝ се одземаат предмети на кои работи изминатите години. Нејзината оставка беше констатирана на денешната седница на Советот на Јавните обвинители. Расправа по точката немаше, единствено беше прочитано нејзиното барање за престанок на функцијата. Претседателот на Советот, Башким Бесими, не сакаше да ги коментира ниту причините за оставката ниту последната одлука на Советот да ја отфрли иницијативата на Ристоска со која тврдеше дека била изложена на политички притисоци.

„Согласно закон ние нема што причини тука, нејзина желба, согласно закон има право секој обвинител во секое време да поднесе барање за повлекување. Ние само констатираме.“

Претходно државниот обвинител Савески во соопштението наведе дека одлуката за одземање на овластувањата кои на Ристоска ѝ биле дадени од претходните обвинители не е персонална и насочена кон нејзината работа. Целта наведе дека била од организациска природа за зголемување на ефикасноста на институцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта

Љупчо Николовски поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта. 

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта

Ако веќе Николовски се повикува на судот, тогаш треба и да покаже почит кон судската постапка.

Судот не е место каде што се оди само кога на Николовски му одговара. Ако Љупчо верува во своите тврдења и во тужбата што ја поднел, тогаш треба да се појави на рочиште и таму да ги брани своите наводи и аргументи.

Николовски очигледно се држи до старите навики кога со Заев и Филипче беа заштитени од правосудните органи, кога судиите и обвинителите беа контролирани од СДС и се кажуваа пресуди во канцеларии на СЈО. Кога судиите и обвинителите беа бирани во Зајас и Струмица да ги штитат криминалите на СДС и ДУИ.

Николовски треба да знае дека фактите не се утврдуваат преку прес-конференции, политички флоскули или медиумски настапи, туку во соодветна постапка пред надлежните институции.

Во исто време, јавноста очекува одговори од Николовски на низа прашања, за имотот, кадровските одлуки, деловните интереси и се што е предмет на јавен интерес.

Николовски да каже дали има луксузен дуплекс стан во Дајмонд мол од 180м2?

Дали берберот кај кој одел Николовски неколку пати во месецот додека бил член на Влада, си го направил советник? Дали Николовски влијаел за фирмата на брат му, Лариком шпед да успее да го зголеми приходот за една година за 1100%?

Николовски да даде одговори за кусокот на жито и набавка на поскапо жито од една соседна држава, за кое за возврат Заеви добија за фирмата “Тргопродукт” 1,4 милиони евра грант од ИПАРД?

Дополнително, Николовски да одговори за индиции дали наодот за душевна болка е фингиран затоа што докторот Бајрактаров е член и донатор на СДС, а плус и има гласано за него на Влада да биде директор на Клиника за психијатрија?

Наместо Николовски да бега од соочување, потребно е да даде одговори.

Љупчо Николовски не може истовремено да бара судска заштита, а потоа да не се појавува пред судот. Ако бара институциите да ја завршат својата работа, тогаш и самиот мора да ги почитува правилата на постапката.

Кој поднесува тужба, треба да биде подготвен и да се појави пред судот. Кој се повикува на правдата, треба да ја почитува судската постапка.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Економските резултати на Мицкоски се катастрофлано лоши.

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Арамиски ги троши парите на граѓаните а економијата оди надолу. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените се поскапени, мерки нема.

Дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, нема инвестиции, само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 а долговите се зголемени за 4 милијарди евра.

Состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална.

Според официјалните податоци на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит оваа година ќе надмине 900 милиони евра, односно 5 проценти од БДП.

Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари. Приходите потфрлаат, владата арамиски ги троши парите на криминални тендери, дефицитот во буџетот е огромен и расте.

Но, затоа има најава за нов арамилук преку нов ребаланс. Само после два месеци од последниот. Ќе следува она што го најавивме, ново задолжување.

Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО.

И кога нема резултати, нема инвестиции, економијата тоне, Мицкоски посегнува по распродажба на националните богатства, на водата, рудата, земјата.

Струјата за туѓи профити, рудата за туѓата воена индустрија, ризикот и сметката за граѓаните.

Провизијата за арамиите.

Тоа не е економска стратегија туку распродажба на Македонија.

Мицкоски е економски армагедон за Македонија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИ

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци

Премиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „Опенаи“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството.

„Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘Опенаи‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот

Уште на самиот почеток.тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „Опенаи“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството.„Опенаи“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти.

„Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „Опенаи“.

Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога вештачката интелегенција самостојно хакирала други компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер