Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

Со 160 гласа „за“, поранешниот собраниски спикер и кандидат од владејачката Нова демократија e избран за претседател на Грција за време на четвртото гласање во парламентот за шеф на државата.

Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

За Tасулас гласаа целата пратеничката група на Нова демократија, вкупно 156 пратеници, двајцата поранешни членови на владејачката партија, сега независни, како и уште двајца независни пратеници. Во првото и второто гласање беше потребно двотретинско мнозинство односно 200 пратенички гласови, додека за третото гласање беа потребни 180 гласа. Кандидатот на Пасок Јаницис доби 34 пратеници, за кандидатот на сириза лука кацели 40 пратеници, а за кандидатот од ники, кирјаку само 14 пратеници. Мандатот на досегашната претседателка, Катерина Сакела-Ропулу завршува на 13 март годинава

Престрогото родителство штетно за младите личности во развој

Прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.

Престрогото родителство штетно за младите личности во развој

Родителите често веруваат дека ограничувањето на излегувањата и поставувањето строги правила ги штити децата од опасност, но прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.

Имено, кај децата кои растат во премногу строги семејства, каде што правилата се „драконски“ и нема никаков простор за „преговарање“ и попуштање, честопати се развива анксиозност и ниска самодоверба. А пак, децата израснати во средина со поголема самостојност за одлуките, желбите и поотворена комуникација, имаат подобри социјални вештини и поголемо чувство за одговорност. Адолесцентите кои имаат поголема слобода во донесувањето одлуки, подоцна покажуваат повисоко ниво на зрелост и емоционално прилагодување.

Освен тоа, престрого контролираните деца често стануваат побунтовни или кријат информации од своите родители, наместо отворено да комуницираат со нив.

Умерено строгото (авторитетно, а не „авторитарно“) родителство, коешто е спој од јасни правила, смирен, топол тон и флексибилност, се смета за најздраво за развојот на детето, советуваат стручњаците. Исто така, дружењето со врсниците е клучен дел од растењето, а социјалната интеракција овозможува да се развијат комуникациски вештини, емпатија кон другите луѓе и чувство на припадност.

Кога децата се премногу ограничени, тие може да се почувствуваат изолирани, што доведува до социјална несигурност и проблеми со менталното здравје. Поставувањето пофлексибилни правила, како што е согласноста за враќање дома подоцна, наместо строга забрана, поттикнува одговорност. Децата кои имаат доверба во родителите честопати се поодговорни, бидејќи не чувствуваат потреба се кријат, да бегаат или да се бунтуваат. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Зошто СДС молчи за фотографиите каде се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии.

Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот.

А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?

Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?

Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?

ВМРО-ДПМНЕ

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

До Советот на јавни обвинители не е стасан допис или известување од владата дека се стопира постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.

Нема допис од Владата со Советот на ЈО дека се стопира постапката за разрешување на Коцевски

За ова информираше престедателката на советот Душица Димитриевска, пред почетокот на денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на владата на неговоро разрешување, но која беше одложена поради немање кворум. Според Димитриевска роковите и понатаму течат и точката за разрешување на Коцевски ќе биде разгледана најдоцна на почетокот на идната недела.

притисни ентер