Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари - Канал 5

Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари

На веб-страницата на НУ Драмски театар ­ Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години.

Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари

Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година.

-Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување нови драмски текстови, НУ Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор, Горан Стефановски. Преку овој конкурс, театарот сака да даде поддршка на драмското творештво на младите автори и да ја афирмира современата македонска драма, наведува ДТС во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално.

Право на учество имаат автори, државјани на Република Северна Македонија, кои до денот на завршување на рокот за пријавување не навршиле 30 години. Поднесениот текст мора да биде оригинално, неизведено дело, а не адаптација или драматизација на веќе постоечки книжевни или драмски форми.

Конкурсот е отворен до 28 февруари 2026 година, а пријавата треба да биде подготвена согласно со насоките што ќе бидат објавени на веб-страницата на НУ Драмски театар ­ Скопје.

Пристигнатите текстови ќе ги разгледува стручна комисија составена од пет члена, а добитникот ќе биде објавен на прес-конференција што ќе се одржи во пресрет на денот на раѓањето на Горан Стефановски – 27 април.

Наградата се состои од:

Паричен дел на наградата во износ од 60.000 денари (еднократно);

Потпишување Авторски договор со НУ Драмски театар - Скопје;

Продукција и изведба на наградениот текст на една од сцените на театарот – малата сцена или сцената „Ристо Стефановски“ – во рок од две години од затворањето на Kонкурсот.

Авторот се обврзува дека до премиерата во НУ Драмски театар - Скопје, текстот нема да биде отстапен на други лица или институции.

Со оваа награда, НУ Драмски театар - Скопје ја продолжува својата посветеност кон развојот на македонското драмско писмо, негувајќи го духот на Горан Стефановски, чии дела се длабоко вкоренети во историјата на театарот. Од „Јане Задрогаз“ (1974) до „Огнени јазици“ (2013), на сцената на Драмски се поставени 15 негови претстави, од кои 8 се праизведби.

Идејното решение за Конкурсот е направено од Дарија Пројковска и Бранко Прља од порталот arno.mk со помош на вештачка интелигенција со идеја да се мотивираат што повеќе луѓе да ги користат AI-моделите во други креативни проекти.

Драмски театар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград.

Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години

Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“.

Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона.

УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат.

Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28.

За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Поминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени.

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста.

Заробеното судство кое е под целосна контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда.

Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството.

Диктира задачи на обвинители и судии преку телефон, од собраниска говорница, преку телевизија. Дискредитира и навредува обвинители јавно. Поставува свои советници за судии, сопруга на ексградоначалник на ВМРО во Судскиот совет, обвинителка поврзана со Сашо Мијалков.

И каков е резултатот?

Наместо брза и неселективна одговорност, гледаме одолжување на постапките и ослободување на лица поврзани со случајот.

Сега и „Газда Деко“ е пред слобода.

Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО.

Како и за сè друго што им ветил на граѓаните – излажа.

Ниту се повлече, ниту понесе одговорност, ниту обезбеди правда.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

Ова веќе не е изолиран случај. Ова е систем.

Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас.

Враќаат имот стекнат со криминал на ВМРО-ОКГ.

Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност.

Нема одговорност за петте тони дрога пренесени преку граница.

Нема одговорност за криминалните тендери вредни 200 милиони евра.

Нема одговорност за водата во Гостивар, за загадените реки.

Нема одговорност за тепањето млади во Ново Село.

Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните и неправда за жртвите.

СДСМ стои со семејствата на загинатите и со повредените во трагедијата во Кочани.

Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за секој што дозволил, овозможил или прикривал незаконско работење во „Пулс“.

Никој не смее да биде заштитен поради партиска книшка, функција или блискост со криминалната банда на власт.

Правдата за Кочани не смее да се разводни.

Правдата за Кочани не смее да се одложува.

Правдата за Кочани не смее да истече.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руси испукаа сигнални ракети кон дански воен хеликоптер: „Сериозен инцидент“

Руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води.

Руси испукаа сигнални ракети кон дански воен хеликоптер: „Сериозен инцидент“

Инцидентот, кој се случи јужно од данскиот град Гедсер, беше потврден од Данската команда за одбрана, како што објави локалниот медиум TV2 на 15 септември, пренесува NV.

Сигналната ракета поминала многу блиску до хеликоптерот

Настанот се случил на 14 септември во меѓународен воздушен простор. Хеликоптер „AS-550 Fennec“ на Кралските дански воздухопловни сили бил на рутинска мисија за воздушно извидување и фотографирање на руски воен брод што пловел во меѓународни води. Рускиот брод потоа испукал две пиротехнички сигнални ракети директно кон леталото.

Според данските воени власти, еден од проектилите поминал многу блиску до хеликоптерот. Меѓу екипажот немало повредени, а хеликоптерот не претрпел никакви оштетувања.

„Сериозен инцидент“

Данскиот министер за одбрана Јепе Брус ја осуди провокацијата и најави дека Министерството за надворешни работи ќе го повика рускиот амбасадор на официјална дипломатска средба.

„Ова е сериозен инцидент и Данска го сфаќа крајно сериозно“, изјави Брус. „Колку што знам, ова е првпат да се соочиме со инцидент од ваква природа. Тоа јасно покажува дека Русите се подготвени да преземаат сè поголеми ризици. Ова е сериозен настан и токму затоа го повикуваме рускиот амбасадор“, додаде тој. Овој инцидент се случува кратко откако Емил Грешолм, шеф на контраразузнавањето во Данската служба за безбедност и разузнавање (PET), на 3 септември објави дека данските агенти откриле конкретни планови на руското разузнавање. Според него, Русите подготвувале саботажа на капацитетите на данската воена индустрија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер