3Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
КултураКонкурс за најдобра песна и специјален час во училиштата по повод 21 МартКонкурс за најдобра песна и специјален час во училиштата по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијатаПо повод 21 Март - Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ објавуваат конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. МОН соопшти дека целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз. Учениците до трето одделение може да се пријават со лично дело на тема - „Мојата песничка – моја слика за шарен и весел свет“. За учениците од четврто до шесто одделение темата е „Збор по збор - песна“, додека учениците од седмо до деветто одделение се натпреваруваат на тема „Да напишеме стих - да создадеме поубав свет”. Повеќе детали, основците можат да погледнат на линкот: https://mon.gov.mk/content/?id=8516 „Куќа цел свет братски ми е....“ е темата наменета за средношколците, а конкурсот е објавен на линкот https://mon.gov.mk/content/?id=8517 -Темата е стих од песната „Татунчо“ од Кочо Рацин и се однесува на жртвувањето и борбата за поправеден свет наспроти вообичаените очекувања и материјалистички стремежи. Но, пошироко, стихот упатува на една поопшта идеја за космополитизмот и братството меѓу луѓето, наведува МОН. Министерството за образование и наука и фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ известуваат и дека во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик во текот на март ќе се организира и еден специјален час посветен на 21 март - Светскиот ден на поезијата, при што учениците ќе бидат запознаени со важноста на денот востановен од УНЕСКО во 1999 година и важноста на поезијата како една од најблагородните и возвишени уметности на пишаниот збор. -Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали, а ќе бидат прочитани и стихови од годинашните добитници на „Златниот венец“ и „Мостови на Струга“ - највисоките признанија кои се доделуваат на овој фестивал, соопшти Министерството за образование и наука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама во Шведска: Упаднал со меч во училиште и почнал да сече сѐ околу себе (ВИДЕО)Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. „Примен е телефонски повик поврзан со насилство кое е опасно по живот во училиштето во Фагерста. Полицијата дојде на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата. Полицијата го блокираше подрачјето „Полицијата продолжува да работи на местото на настанот. Апелираме до јавноста да ги почитува блокадите на патиштата и да ги слуша упатствата на полицијата“, додадоа тие. Шведската влада е во близок контакт со полицијата по нападот, изјави за Ројтерс министерот за правда Гунар Штромер. Suède: plusieurs personnes blessées à coups d'épée dans un lycée, un suspect interpellé pic.twitter.com/y5W3alHj9k — BFM (@BFMTV) August 21, 2026 „Бевме информирани за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на местото на настанот и работи многу интензивно на инцидентот“, рече Штромер.Тагови: училиште Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ФудбалАрсенал тргнува по најголемата ѕвезда на ЈувентусАнглискиот шампион Арсенал ја разгледува можноста за ангажирање на најголемата ѕвезда на италијанскиот гигант, Јувентус, 21 годишниот Турчин, Кенан Јилдиз објави синоќа „Индипендент“.Микел Артета бара уште еден врвен играч за левата напаѓачка позиција; откако Винисиус Жуниор одлучи да остане во Реал Мадрид, турскиот репрезентативец се наметна како приоритетна цел на клубот. Јувентус не е склон да го продаде еден од своите клучни играчи и би барал сума поголема од 70 милиони евра за воопшто да размисли за преговори. Исто така, се зборува и за можноста Арсенал да го вклучи Габриел Мартинели во договорот. Јилдиз има договор со Јувентус до 2030 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветДали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници? Киев тврди дека Пјонгјанг наскоро ќе испрати до 50.000 војници за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина.Северна Кореја има намера да го зголеми бројот на своите војници кои треба да се борат на страната на Москва во војната против Украина. Ова би значело дека дури 50.000 Севернокорејци би можеле да бидат распоредени во Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија сака да ангажира уште 30.000 севернокорејски војници, а викендов ја спомена бројката од „меѓу 30.000 и 50.000“ од нив. Тој не прецизираше дали таа бројка ги вклучува и севернокорејските војници кои веќе учествуваат во конфликтот. Минатиот викенд, Зеленски исто така предупреди дека Северна Кореја стекнува драгоцено искуство во модерното војување и ја повика Јужна Кореја да ја зајакне соработката со Украина во областа на противвоздушната одбрана и беспилотните летала. Русија и Северна Кореја потпишаа одбранбен договор во летото 2024 година; неколку месеци подоцна, Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија. Аналитичарите проценуваат дека се распоредени меѓу 14.000 и 15.000 војници, главно во регионот Курск. Пјонгјанг подоцна се согласи да испрати уште 6.000 борци, вклучувајќи деминери и инженери. Според јужнокорејските и украинските власти, Северна Кореја исто така ја снабдила Русија со милиони артилериски гранати и балистички ракети. Јужнокорејските разузнавачки служби проценуваат дека околу 6.000 севернокорејски војници загинале или биле ранети. Јапонската агенција „Кјодо њуз“, повикувајќи се на украинското воено разузнавање, синоќа објави дека е потврдено претстојното зголемување на бројот на севернокорејски војници. Украинските извори наведуваат дека до крајот на ноември во Русија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници. Според тие наводи, војниците би ги презеле задачите во руските региони Курск, Брјанск и Белгород, со што руските сили би се ослободиле од обврските таму и би можеле да бидат испратени да се борат на украинскиот фронт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook