Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци" за најдобра поетска книга за 2020 година - Канал 5

Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци" за најдобра поетска книга за 2020 година

Националната установа „Струшки вечери на поезијата" го распиша Конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци" за тековната 2020 година.

Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци" за најдобра поетска книга за 2020 година

Наградата се доделува за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2019 до 31 мај 2020 година.

Според однапред утврдените критериуми, право на учество на Конкурсот „Браќа Миладиновци" имаат и двојазични дела, со тоа што оригиналот мора да биде на македонски јазик, односно да не биде превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи во согласност со нив. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.

На конкурсот можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи, а исто така нема да бидат прифатени ниту книги на членови или блиски роднини на членови на Управниот одбор на СВП, директорот на СВП, вработените или на членови на жири-комисијата.

Учеството на конкурсот значи дека евентуалниот лауреат ги отстапил авторските и издавачките права на СВП за употреба во промотивни и некомерцијални цели на целата книга или на нејзини делови во оригинал или во превод на други јазици во печатена или дигитална форма, на интернет, како и за други настани поврзани со наградата и наградениот поет.

Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци" е отворен заклучно со 20 јуни годинава.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот треба да пратат шест примероци од книгата на адресата на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата" – Поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци" бр.5, 6330 Струга./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научници откриле неверојатни видови во Атлантскиот Океан

За време на експедицијата што траеле речиси еден месец, научниците во Атлантикот откриле суштества кои совршено би се вклопиле во ново продолжение на филмскиот хит-серијал „Осмиот патник“.

Научници откриле неверојатни видови во Атлантскиот Океан

Пипци долги осум метри и проѕирната глава....

Станува збор за исклучително вредни научни откритија. Неочекувани изненадувања ги пречекаа истражувачите на околу 1.300 километри од брегот на Бразил, во една од најмалку истражените области на Атлантскиот Океан.

Најголемо внимание привлече ретката лигња со големи перки, чии тенки пипала налик на нишки можат да достигнат должина и до осум метри.

Научниците успеаја да ја снимат на длабочина од 3.634 метри, што ја прави најдлабоко забележаната лигња во светот. Големо изненадување претставуваше и рибата *Winteria telescopa*, позната под прекарот „риба-привидение“ (spookfish).

Таа има проѕирна глава и необични, цевчести очи насочени нанапред, благодарение на што може да го регистрира и најслабиот траг од светлина во темните океански длабочини.

Научниците откриле и две досега непознати хидротермални полиња кои изобилуваат со живот.

Во една од нив откриле 23 хидротермални извори, вклучувајќи 13 активни, таканаречени „црни оџаци“, од кои избиваат прегреани течности со температура до 280 °C.

Околу нив, изненадувачки, се наоѓаат морски ежови, ракови и илјадници слепи ракчиња на кои не им е потребен ниту еден зрак сончева светлина за да преживеат.

„Ова откритие покажува зошто истражувањето е сè уште толку важно. Дури и денес постојат места каде што првиот детален поглед открива нешто сосема ново“, изјави водачот на експедицијата, д-р Арон Микалеф од Институтот за истражување при Аквариумот во Монтереј Беј во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува преместувањето на мигрантите во Сеута

Шпанската национална полиција и Цивилната гарда денес започнаа операција за преместување на мигрантите од плажата Ел Трамполин во Сеута во прифатните центри што ги основа шпанската влада.

Започнува преместувањето на мигрантите во Сеута

Владата подготви два објекта за сместување на 1.800 лица, со планови за проширување на овој капацитет наскоро.

Први што ќе бидат преместени ќе бидат мигрантите што моментално се наоѓаат на плажата Ел Трамполин и во областа Лома Колменар, пишува Паис.

Во соопштението од шпанското Министерство за инклузија се наведува дека во координирана акција на безбедносните сили, владата на Сеута спроведува доброволно преместување на мигрантите во овие објекти.

Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуан Мануел Морено, објави дека денес ќе пристигне во Сеута.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет .

Филипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството. Имаме најлош извештај од Европската Унија, нема владеење на правото, нема реформи во правосудството, нема слобода на медиумите“, рече Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски продолжува да им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување и дека бројките што премиерот ги презентира немаат допир со реалниот живот на луѓето.

„Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека статистиката што ја презентира Мицкоски постои само во светот на премиерот и на малата група луѓе околу него, додека реалноста на огромното мнозинство граѓани е сосема поинаква.

„Тие бројки кои што премиерот ги кажува, очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат. Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и се потешко ги покриваат основните потреби.

„Граѓаните не можат да се прелажат, тие бројките кои што примерот ги кажува очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат, тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери. Ако е така како што кажува, дека сме трета, четврта економија во светот, ако добро и успешно се справуваат со инфлацијата, ако добро ги менеџираат финансите, еве прва мерка, повторно, на почетокот на септември, откако ќе почне со работа Собранието, ќе го дадеме законот во Собранието и минималната плата ќе побараме да биде 600 евро“, рече Филипче.

Тој нагласи дека со минимална плата од 600 евра ќе им се овозможи на работниците да ги покријат основните трошоци, особено во период кога почнува учебната година и растат семејните расходи.

„Не 26.000 денари како што е сега, туку толку колку што им е потребно на луѓето да ги закрпат основните потреби, основните трошоци, посебно кога почнува школската година и кога трошоците за живот, за функционирање многу растат“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, посочи дека паралелно мора да се зголемат и платите во повеќе сектори, по примерот на мерките што, кои Владата на СДСМ ги реализираше во првите две години од својата Влада.

„Освен тоа што ќе го бараме зголемување на минималната плата на 600 евра, ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и го остваривме во нашата Влада, и тоа во првите две години, зголемување на платите во повеќе сектори, да основните плати на специјалистите, лекари во здравството, се зголеми за 40% и исто толку проценти за вработените во образованието“, рече Филипче.

Филипче рече дека ова е конкретниот одговор на СДСМ на економските политики на премиерот на Мицкоски и Владата на ВМРО, кои се фалат со статистики додека граѓаните се соочуваат со реално поскапување на животот.

„Владата предводена од Христијан Мицкоски веќе ја започна третата година од својата работа и на ниту едно поле, ние не гледаме никакви резултати. Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството“, рече Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=j2GyCvCdn08

Скопје, 20.8.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер