КултураКонкурс за Млади поети и за изложбата Young art 2015Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги објави конкурсите за Млади поети и за изложбата Young art 2015 на кој ги повикува сите млади да поднесат свои авторски творби.Како што информираат од Агенцијата, младите треба да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирки на поезија и да достават најмногу две поетски творби, а за изложбата делата да се со димензии не поголеми од 200х200 см во сликарство, 200х200х200 см во скулптура, 100х70 см графика, 100х70 см за фотографија и плакат за дисциплината графички дизајн. Делата за изложбата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативен ракопис. На конкурсот за млади поети ќе бидат доделени три награди за најдобра творба. За прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора 10.000 денари, и за трета награда 5.000 денари, за изложбата ќе бидат доделени по 40.000 денари за најдобрите во петте дисциплини. Изложбата ќе биде поставена во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица Пристигнатите дела на младите поети ќе бидат оценувани од страна на комисија составена од членови на Друштвото на писатели на Македонија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2015 година. Кандидатите и за двата конкурса своите дела треба да ги достават во затворен плик, односно за изложбата соодветно опремено без да се гледа неговата сигнатура, на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик за поетите треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „творби”, во кој ќе се наоѓаат творбите потпишани со шифра, а во другиот теба да се наоѓа документација за идентификацијата на испраќачот како и шифрата. Во вториот затворен плик за изложбата треба да има податоци за испраќачот и адресата на која делото ќе биде уредно вратено. Пликовите треба да се достават на адресата на Агенција за млади и спорт, Сектор млади, улица „Френклин Рузвелт“ бр.34, 1000 Скопје, со назнака „за Конкурсот Млади поети “ или лично, во архивата на Агенцијата. Рокот за доставување на делата е 9 октомври 2015 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter