3ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија
МакедонијаКонкурс за 16. Школа за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорге Иванов„Младинска агенда за одржлив свет“ е темата на 16. Меѓународна обука за млади лидери на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов, која ќе се одржи во првата половина на ноември годинава. Кабинетот на Иванов соопшти дека денеска е објавен конкурсот за учесници на Школата за млади лидери, рокот за аплицирање е до 30 јуни 2025. Бројот на учесници е ограничен, а право на учество имаат сите млади од Република Македонија и од странство кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот. -Програмата на 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира комбинирано, онлајн и во Охрид. Таа е наменета за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и нивната околина, се наведува во соопштението. Школата опфаќа интерактивни предавања од реномирани предавачи и говорници од земјата и од странство, панел дискусии, работилници и тимска работа на проектна задача. Програмата е приспособена да одговара на потребите на младите генерации и да обработува теми кои се од особен интерес за нив. -Со планираните активности во програмата се стремиме да ги поттикнеме и охрабриме младите учесници да размислуваат аналитички и да дејствуваат како лидери. Да иницираат промени и да ги предводат, да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите вештини, да ја поттикнуваат својата креативност, да одговараат подготвено и да иницираат решенија за предизвиците со кои се соочуваат и да вложуваат во својот професионален и личен напредок, соопшти Кабинетот на Иванов. Повеќе информации за конкурсот се достапни на веб-страницата и на профилите на социјалните мрежи на Школата за млади лидери (https://youngleaders.com.mk/apply/, https://www.facebook.com/IvanovSchoolForYoungLeaders), како и на веб и на фејсбук-страната на поранешниот претседател Иванов (https://gjorgeivanov.mk/, https://www.facebook.com/exmacedonianpresident/). Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов традиционално се одржува од 2010 година. Во досегашните 15 обуки учествувале речиси 600 млади луѓе од државава и од целиот свет со различен академски и професионален фокус. -Околу 400 предавачи и говорници од Република Македонија, Европа и светот одржаа предавања пред петнаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери. Во 2018 година, Школата за млади лидери на претседателот Иванов е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели, се наведува во соопштението.Тагови: Ѓорге Иванов Школа за млади лидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
СветИзраелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“ Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД,.Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија на советниците кои го влечат премиерот во погрешни одлуки“. Министерот од крајна десница, кој е на социјалната мрежа X, тврдеше дека договорот ќе има спротивен ефект од предвидениот. „Хезболах само ќе стане посилен, а Израел, наместо да го порази, ќе го прифати неговото постоење“, напиша тој. Во својата објава, тој исто така рече дека Израел мора да знае како да им се спротивстави на своите сојузници кога е потребно. „Има моменти кога дури и претседателот на Соединетите Американски Држави треба да знае како да каже „не“. Кога ние не знаеме, следниот пат ќе се соочиме со многу посилен и поопасен Хезболах“, додаде тој. Бен-Гвир заклучи со доведување во прашање на спроведувањето на договорот, велејќи дека Хезболах не се повлекол јужно од реката Литани и изразувајќи сомнеж во способноста на либанската армија да го спроведе договорот.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линијаПосетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции. Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати. Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики. Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати. Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди. Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој. Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси. Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија. Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања. Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува. Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди. Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта. Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22