Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
2Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
КултураКонкурс: „Напиши писмо со ракопис на срцето“ Агенцијата за пошти распишува награден конкурс за најдобро писмо „Напиши писмо со ракопис на срцето“. Темата е слободна, а конкурсот ќе биде поделен во три категории - за деца до 12 години, за млади до 18 години и трета категорија за возрасни лица. - Целта е да ја обновиме традицијата на пишување писма, да се стимулира креативниот однос на граѓаните кон пишувањето на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои во историјата на светската култура има оставено неизбришливи траги, соопшти директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски, на денешната прес-конференција во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Посочи дека право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија. Писмата треба да бидат напишани со личен, авторски ракопис, на македонски или на албански јазик, да не се претходно објавувани, да не содржат повеќе од 500 зборови и да ја имаат формата на обраќање до примачот. - Писмата треба да се испратат во плик најдоцна до 14 април 2014, на адреса: Агенција за пошти (со назнака: за награден конкурс - категорија...) Поштенски фах 164, 1001 Скопје. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 14 мај 2014 година, истакна Атанасоски. Во жири комисијата што ќе ги оценува писмата учествуваат: Стојан Тарапуза, Горјан Петревски, Марија Таушанска, Џабир Ахмети, Венко Андоновски, Бранко Цветкоски и Братислав Димитровски. - Оваа идеја сакаме да финишира со издавање на книга во која освен наградените писма ќе бидат, по избор на жири комисијата, објавени и други писма. Сакаме ова да прерасни во традицијата со што ќе оставиме и една пишана трага за генијалноста, оргиналноста и неповторливоста на пишаниот збор, рече Атанасоски. Директорот на Градската библиотеката „Браќа Миладиновци“ Бранко Цветковски ја поздрави акцијата на Агенцијата за пошти и ја нагласи подршката на библиотеката со тоа што покрај наградите од Агенцијата тие ќе подарат и комплети од книги за најдобрите писма. - Овој конкурс на извесен начин ќе побуди и мал копнеж да се отворат и семејните архиви на нашите предци или на повозрасните, каде што ќе се најдат многу писма со содржини што учествувале или ги определивале судбините на луѓето, рече Цветковски Учесникот на конкурсот треба да наведе во која категорија ќе учествува писмото и на задната страна на ковертот да ја запише адресата на живеење. Дополнителни информации и контакт може да се испратат на посебен лист во истиот коверт. Дозволени се номинации само од авторите на писмата. За трите категории се предвидени по три награди: (3.000, 6.000 и 9.000 денари за прва категорија, 6.000, 9.000 и 12.000 за втората категорија и 6.000, 18.000 и 30.000 денари за најдобрите писма во третата категирија). Покрај парични, ќе бидат доделени и награди во книги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветЗеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредуваУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски. Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии. Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОхридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад. Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид. Тагови: Охридското Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook