Коњуфца не очекува „ништо важно“ од средбата на Курти и Вучиќ во Брисел - Канал 5

Коњуфца не очекува „ништо важно“ од средбата на Курти и Вучиќ во Брисел

„Никаква заедница не е на дневен ред во Косово“.

Коњуфца не очекува „ништо важно“ од средбата на Курти и Вучиќ во Брисел

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека не очекува ништо важно и суштинско од средбата на премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што е закажана за задутре, 26 јуни, во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната седница на собраниското Претседателство, Коњуфца пред новинарите изјави дека не очекува Србија да го спроведе Основниот договор од Брисел и оти „никаква заедница“ на општини со мнозинско српско население не е на дневен ред во Косово.

- Не очекувам Србија да го спроведе основниот договор. Никаква заедница сега засега не е на дневен ред во Република Косово, нагласи Коњуфца.

Домаќин на средбата на Курти и Вучиќ в среда во Брисел, како што соопшти ЕУ, ќе биде шефот на дипломатијата на Унијата, Жозеп Борел.

Според денешното соопштение од Владата на Косово, главниот фокус на оваа средба ќе биде имплементацијата на минатогодишниот основен договор од Брисел и неговиот анекс од Охрид, како и натамошните чекори во преговорите за нормализација на односите меѓу двете држави. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно блесна на карневалот во нејзиниот роден Барбадос, појавувајќи се во спектакуларен костим украсен со скапоцени камења и пердуви.

Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви

Креацијата е дело на нејзината долгогодишна соработничка, Лорен Остин. Иако во последно време ретко се појавува на црвениот тепих, 38-годишната пејачка привлече големо внимание на парадата „Гранд Кадумент“ (Grand Kadooment) во Барбадос, со која беше заокружен традиционалниот карипски фестивал „Кроп Овер“ (Crop Over).

Веднаш по нејзиното појавување, социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од пејачката во раскошната креација, која беше специјално изработена за оваа прослава.

Ријана носеше впечатлив костим украсен со накит и реси, кој дополнително ја истакнуваше нејзината фигура.

Според списанието „Вог“, таа се придружи на групата на нејзиниот брат наречена „Аура“, а за нејзиниот изглед се погрижи локалниот дизајнер Лорен Остин.

Посебен впечаток оставија големиот украс за глава со шарени детали и накит, како и раскошната опашка од пердуви што се спушташе сè до земјата.

Лорен Остин, кој уште од 2013 година изработува карневалски костими за пејачката, претходно за „Вог“ изјави дека Ријана има смел и впечатлив моден стил. – Таа не се плаши да носи што сака и кога сака – рече дизајнерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реките во Хрватска на историски ниски нивоа

Хрватска е зафатена од силен топлотен бран кој, во комбинација со долготрајната суша, ги спушти водостоите на реките на историски ниски нивоа и почна да предизвикува проблеми во енергетскиот сектор, пловидбата и водоснабдувањето. 

Реките во Хрватска на историски ниски нивоа

Поради високите температури на реката Сава, Нуклеарната централа „Кршко“ ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти.

На истокот од земјата, реките Дунав и Драва достигнаа рекордно ниски водостои.

„Хрватски води“ предупредуваат дека реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин би можеле да пресушат во наредните денови.

Ниските водостои веќе ја попречуваат пловидбата, го запреа фериботскиот сообраќај кај Оборово и предизвикуваат проблеми за рибниците и за делови од системот за водоснабдување во Славонија и Далмација.

ДХМЗ издаде црвено предупредување за екстремни горештини за цела Хрватска за денес и утре, додека метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предвидува дека температурите на истокот од земјата до утре би можеле да достигнат и до 42°C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат

Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. 

МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат

Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година.

Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%.

Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8% е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6% во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78% од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4% во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93% од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9%. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4% од планот и бележат раст од 10,3%.

Истовремено е извршен и поврат на ДДВ кон компаниите во износ од 23,333 милијарди денари што е за 3,5% повеќе од извршениот поврат во периодот јануари-јули 2025 година. Имено податоците за реализацијата на овие изворни приходи упатуваат на одржување на тренд на стабилност и раст во економијата, на што упатуваат и за последните податоци објавени за индустриското производство во јуни кога е забележан раст од 6,5% во споредба со истиот месец минатата година.

На расходната страна значајна реализација има кај капиталните расходи во износ од 21,288 милијарда денари што е раст од 39,6% во споредба со реализацијата на капиталните расходи во првите седум месеци од 2025 година. Исто така, за поддршка на проекти во домашните компании се трансферирани и 717 милиони денари кон Развојната банка.

Исто така, извршена е исплата на 49,351 милијарда денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори. Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација во износ од 308 милиони денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер