БалканКоњуфца: Дијалогот е во ќорсокак од кој не гледам излезБањска беше последниот клинец во ковчегот.Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека дијалогот меѓу Косово и Србија е во ќорсокак, за што ја обвини српската страна, и дека не гледа излез од оваа ситуација, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната седница на собраниското Претседателство, Коњуфца пред нивинарите изјави дека појдовна точка на уништувањето на дијалогот е терористичкиот напад што се случи на 24 септември во Бањска. „ Сметам дека во однос на перспективата на дијалогот, дијалогот е во ќорсокак од кој не гледам излез. За овој ќорсокак пред се Србија придонесе со своите постапки. Дијалогот во форматот во кој е од 2011 година беше уништен на 24 септември минатата година, со терористичкиот напад во Бањска, бидејќи информациите што ги поседува меѓународната заедница и нашите безбедносни институции, вклучително и разузнавачките, јасно покажуваат дека ова голема група од стотиците луѓе ја имаа поддршката од српската држава. Тоа што се случи во Бањска беше последниот клинец во ковчегот на дијалогот“, рече Коњуфца. Собраниескиот спикер рече дека меѓународните фактори биле многу резервирани во однос на поделбата и расплетот на истрагите за терористичкиот напад во Бањска. Но, според него, постои несовпаѓање меѓу она што го знаат и нивните постапки. „Во општа смисла на оваа информација, знаеме дека меѓународните фактори знаат за поддршката на српската држава за нападот во Бањска. Очекуваме дејствија во согласност со она што го знаат. Она што го гледаме е несовпаѓање меѓу она што тие го знаат и потоа постапките на меѓународната заедница... затоа што за нас е чудно и неправедно што сé уште сме под санкции“, изјави Коњуфца. Тој рече дека не очекува Косово да биде исклучено од Берлинскиот процес. „Ако сме дискриминирани и поканети да учествуваме на нерамноправна основа со Србија, Косово не го прифаќа тоа. Би било многу подобро ако (германскиот емисар за Западен Балкан, Мануел) Сарацин и меѓународниците што доаѓаат во Косово, би биле повеќе загрижени за, на пример, недостатокот на какви било санкции во однос на Србија“, нагласи Коњуфца. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛука Дончиќ ги носи Лејкерси во Словенија на тренинг-камп Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот Лука Дончиќ уште еднаш ќе покаже дека е лидер не само на теренот, туку и надвор од него.Словенечката суперѕвезда одлучи да биде домаќин на целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс во својот роден град, каде што екипата ќе допатува во август на четиридневни подготовки. По заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, се очекува Дончиќ да стане централна фигура на франшизата од Лос Анџелес во претстојните сезони. Словенецот веќе ја прифати новата одговорност, а еден од првите чекори ќе биде зајакнување на односите со соиграчите преку дружење и мини-камп во Љубљана. Како што пренесува ESPN, престојот на Лејкерс во Словенија нема да биде фокусиран само на кошарката. Покрај тренинзите, се очекува тимот на Џеј-Џеј Редик да учествува во активности како голф, како и да посети атрактивни локации во околината на словенечкиот главен град. Дончиќ и претходно покажа колку му е важна хемијата во тимот. Минатата година, тој организираше посебен собир за своите соиграчи во Порше Центарот во Јужна Калифорнија, каде што играчите имаа можност да изберат луксузни автомобили и да ги тестираат на патеката по тренингот. Лејкерси влегуваат во новата сезона со големи очекувања, откако ја завршија претходната сезона на четвртото место во Западната конференција со резултат од 53-29.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Никој не ви се плаши, смешни сте„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста.„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста за состојбите во државата. Филипче рече дека наместо одговори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, Мицкоски се се заканува. „Се заканувате тука со одговорност, со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши. Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате“, порача Филипче. Тој посочи дека власта нема одговор на критиките за состојбата со корупцијата и влијанието врз независноста на судството. „Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство“, истакна претседателот на СДСМ. Филипче ја критикуваше и одлуката на власта за предлог-закон со кој, планира трошење 20 милиони евра со заобиколување на системските закони за јавни набавки. „Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Кој премиере е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи“, рече Филипче. Скопје, 30.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДа и помогнеме на 24 годишната мајка Теодора, мајка на бебенцеДа и помогнеме на Теодора, 24 годишна мајка на бебенце од само 18 месеци.До нашата телевизија пристигна барање за финансиска помош за лекување во страснво на млада мајка. На Теодора Јанковска и е потреба финансиска помош за лекување во Турција. -24 годишната мајка боледува од канцер на дебелото црево кој пуштил метастази насекаде потреба и е операција во Турција. Средствата може да се уплатат на нејзината сметка: 320500030488439 Секоја донација без разлика на износот, значи многу и преставува надеж во оваа тешка борбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33