1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
СветКонгресот на севернококорејската владејачка Работничка партија ќе се одржи на крајот на февруариКонгресот на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, прв од 2021 година, ќе се одржи на крајот на февруари, соопшти денеска агенцијата КЦНА.„Политбирото на Централниот комитет на Работничката партија едногласно ја усвои одлуката за отворање на 9-тиот Конгрес на Работничката партија во Пјонгјанг, главниот град на револуцијата, на крајот на февруари 2026 година“, објави КЦНА. Кон крајот на јануари, Ким Џонг Ун објави дека конгресот ќе „ги разјасни плановите за следниот чекор во зајакнувањето на нуклеарното одвраќање на земјата“. Во 2006 година, Северна Кореја го спроведе својот прв нуклеарен подземен тест. Како што проценуваат експертите, Северна Кореја поседува десетици нуклеарни боеви глави, и покрај воведувањето меѓународни санкции, и тврди дека овој арсенал е неопходен за одвраќање од она што го смета за воена закана од САД и нивните сојузници. Официјален Пјонгјанг постојано изјавува дека никогаш нема да се откаже од своето нуклеарно оружје и се прогласи за „неповратна“ нуклеарна сила. Последниот партиски конгрес се одржа во јануари 2021 година. На тој настан, Ким беше именуван за генерален секретар на партијата, титула што претходно ја држеше неговиот татко и претходник, Ким Џонг Ил, што аналитичарите го протолкуваа како потег за консолидирање на неговиот авторитет. Конгресот е највисокото место за состаноци на владејачката партија, која има за цел да го зајакне авторитетот на режимот и може да послужи како платформа за објавување политички одлуки или промени во рамките на нејзиното раководство.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помошЗемјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении. Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари. Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаГрад Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалтПо три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза.По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор. Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните. Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат. Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеД-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисијаЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21