Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
1Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаКонгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на МицкоскиВо Кавадарци денеска на 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде реизбран Христијан Мицкоски за лидер на партијата, кој е и единствен кандидат за функцијата.На Конгресот под мотото „Визија што гради држава - За генерацијата што доаѓа 2030“ се очекува да присуствуваат 2 600 лица, од кои 850-860 делегати и 1700-1800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“. -Генерално, станува збор за документ што ја содржи визијата за тоа како ние, како ВМРО-ДПМНЕ, во моментов владејачка партија, а се надеваме и во периодот кој што го опфаќа овој документ до 2030-тата ќе биде така, ја гледаме Македонија и кои се столбовите на кои што ќе ја темелиме нашата политика и како политичка партија и како најголема политичка партија во рамки на Владата, рече завчера на брифингот со новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски. Според него, ова ќе биде до сега најмасовен Конгрес, ќа има и обраќања од неколку сестрински партии. Конгресот ќе се одвива според вообичаено сценарио – усвојување на дневниот ред, избор на работно претседателство што ќе претседава со самиот настан, усвојување на Стратегијата Македонија 2030, потоа избор на изборна комисија, предлог или предлози за кандидат(и) за претседател, обраќања на дел од делегатите, а ќе се разгледува и извештајот за материјално - финансиското работење на партијата. На Конгресот ќе има претставување на кандидатот за претседател, во чии рамки ќе треба да даде визија за следниот период. Потоа следува самото гласање, по што ќе има извештај на Изборната комисија. Ќе бидат избрани претседател и членови на статутарната комисија кои што ги предлага претседателот, како и на комисијата за надзор на материјално финансиско работење. На крај, на Конгресот е предвидено обраќање на избраниот претседател на партијата. Мицкоски најави дека доколку биде избран тоа ќе биде негов последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Статутот на партијата предвидува една личност да може да биде реизбрана за претседател најмногу три мандати. - И додека јас сум претседател, за тој услов за максимум број мандати што еден претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има, немам намера да поддржам каква било иницијатива за промена на тој дел од Статутот, рече актуелниот партиски лидер и премиер Христијан Мицкоски. Тој истакнува дека е важно да се потенцира тоа што прв пат како политичка партија немаат долгови. Во 2018 година, рече, ситуацијата не беше розева, ниту пак предвидувањата за ВМРО-ДПМНЕ, но во овој момент немаме изложеност кон банки, немаме долгови кои што условно сме ги имале во минатото, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вчера во пресрет на конгресот соопшти дека Стратегијата „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ содржи правци за дејствување, развој и државно водство, како и пропратни документи. За да опстои и да напредува, македонската држава, ВМРО-ДПМНЕ смета дека мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. - Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија. Пред да се гласа Стратегијата, Делегатите истата ќе ја имаат во електронска форма достапна преку QR код на делегатските акредитации, најави прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ. Европската десница, посочува партијата, го афирмира моделот на социјална пазарна економија, систем што ја балансира слободата на пазарот со одговорноста на државата да ги штити ранливите и да создава еднакви можности. Тој модел ја поддржува иницијативата, но ја одбива зависноста; ја охрабрува иновативноста, но ја отфрла злоупотребата; го гради општеството на труд, знаење и фер конкуренција, а не на привилегии и клиентелизам. - Во македонски услови, ова значи квалитетно здравство, конкурентно образование, функционални јавни услуги и политики што го задржуваат талентот дома, наместо да го иселуваат. Современата држава мора да биде ефикасна, транспарентна и отпорна. Владеењето на правото е нејзината фундаментална основа. Администрацијата мора да биде професионална, департизирана и ориентирана кон резултати; судството независно и функционално; институциите доследни на стандарди, а не на вертикали на влијание. Дигиталната трансформација претставува најголемата можност за вистинска реформа: институции што работат преку податоци, алгоритми што ја намалуваат корупцијата, автоматизирани услуги што ја елиминираат бирократијата и системи што ја прават државата побрза, поефикасна и потранспарентна од било кога, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуават дека ова не е технолошка агенда, туку визија за современа државност, држава што им служи на граѓаните, а не обратно. Како што укажаа од ВМРО-ДПМНЕ, недостигот на дисциплина во институциите, е една од најдлабоките слабости на постсоцијалистичките демократии. ВМРО-ДПМНЕ, велат оттаму, затоа ја поставува реформската државност како еден од своите централни идеолошки столбови: институциите мора да работат според правила, а не според импровизации;администрацијата мора да биде професионална, а не партиски зависна; политичката власт мора да поставува стандарди, а не да бара исклучоци; јавната служба мора да биде предвидлива, ефикасна и транспарентна. - Овој принцип ја претвора државата од „простор на политички судири“ во функционален систем – услов за економски раст, правна сигурност и стабилни политички процеси. Реформираната државност е темелот на вистинска европеизација. ВМРО-ДПМНЕ како Македонска центар-десница е втемелена во философијата дека државата мора да биде силна: таму каде што штити, ограничена таму каде што пречи и присутна таму каде што создава јавна добробит. Таа философија ги обединува слободата, достоинството, одговорноста и државноста како четири носечки столба. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на генерациите што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом - Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешниот конгрес. Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријавиПо целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.На 03/04.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.П.(21), С.Б. (37) , М.Х.З.(39), С.М.(19) и 17-годишничка, сите од Скопје, како и М.И.(38) од Велес, Х.Д.(25) од Гостивар и Е.С.Е.(22) од Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. На 03.10.2026 во 16:45 часот на ул. „Киро Ристоски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Л.А. (36) од Тетово. При преглед кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со кокаин и еден кујнски нож. На 03.10.2026 во 22:00 часот, на ул. „120“ во Тетово, во спортска обложувалница, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода К.А. (34) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден предмет со остатоци од кокаин. Во врска со истиот настан, од слобода било лишено и одговорното лице од објектот С.Р. (62) од с. Челопек, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 216 од Кривичниот законик „овозможување употреба на опојни дроги“. На 04.10.2026 во 01:20 часот на ул. „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (29) од Гостивар. При преглед кај него било пронајдено и одземено пакување со кокаин. На 03.10.2026 во 23:45 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип ги лишија од слобода А.Ѓ.(22) и В.И.(24), двајцата од Штип. При преглед кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја и марихуана. На 03.10.2026 во 21:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.(37) од Чешка, поради тоа што во патничко возило со чешки национални ознаки, со кое тој допатувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана. На 03.10.2026 во 21:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишија од слобода А.Г.(31) од Кавадарци, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско! Максо пред гостиварци: ќе разговараме со Бугарија, не отстапуваме од македонскиот идентитет. Отчет. Две години работа. И само една љубов - тендери. Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Сега се чувари на идентитетот. Свој немаат. Имаат здружение на далечинско. Сателит на арамијата. Столче, тендер, глас во Собрание. Идентитетот го потврди Фон дер Лајен, директно, во Скопје: Европа ве чека со вашиот јазик и вашата култура. Сиљановска рече: заштитени се македонскиот идентитет, јазикот и културата. Преспанскиот договор арамијата го нарече ремек-дело. Тимчо рече дека НАТО е најдобрата работа за земјата. Па сега ЗНАМ ги повторува речениците на арамијата, во град во кој веќе дванаесет недели нема документ дека водата е чиста и безбедна за пиење. 5.000 луѓе се отруле, а дел од нив завршиле во болница. Максо го чува идентитетот како плац за Лидл. Нека објаснат во Гостивар што чуваат. Идентитет што не е на маса, или партиска каса што е на маса. Нека кажат колку чинеше столчето. Нека кажат како и зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми, а другите ги нарекуваат предавниции. ЗНАМ не е отчет. Тоа е филм што веќе го гледавме. Предавство со датум. Втората верзија бара клучеви за 1,6 милиони евра. Првиот пропадна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракетаДржавната Корејска централна новинска агенција (KCNA) на Северна Кореја објави дека Северна Кореја вчера спроведе вежба за лансирање стратешки ракети со среден дострел, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска е клучна и дека развојот на стратешко оружје е неопходен за да се заштити националната безбедност и стабилност во сегашната геополитичка средина. „Мора да продолжиме да вложуваме одговорни и непрестајни напори за непријателот постојано да може да ја препознае сигурноста и смртоносноста на нашите стратешки офанзивни средства“, го цитираше KCNA Ким, додавајќи дека тоа е средство за одвраќање. Можеби станува збор за ракета Хвасонг-16 KCNA објави дека ракетата, лансирана на североисток, погодила цел на 1.000 километри оддалеченост во Источното Море. Јужнокорејската војска претходно соопшти дека во четврток наутро детектирала лансирање на балистичка ракета од областа Вонсан во Источното Море и дека ракетата прелетала повеќе од 700 километри. Експертите веруваат дека може да станува збор за хиперсонична балистичка ракета со среден дострел Хвасонг-16, повикувајќи се на извештаите на севернокорејските медиуми дека ракетата можеби ја променила својата траекторија на ниска надморска височина за време на летот. Државните медиуми објавија фотографии на кои се гледа Ким како го надгледува лансирањето со својата ќерка Џу-ае и сопругата Ри Сол-ју. Тројца јужнокорејски војници се повредени во експлозија на мина Лансирањето се случи во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров по експлозијата на мина во демилитаризираната зона (ДМЗ) минатиот месец, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници. Јужнокорејската војска ја обвини Северна Кореја за поставување мина што експлодираше на 21 септември, нарекувајќи го чинот „очигледно“ кршење на договорот за примирје со кој заврши Корејската војна од 1950 до 1953 година. Сеул побара извинување од Пјонгјанг и одговорни мерки, додека Северна Кореја негираше одговорност, обвинувајќи ја Јужна Кореја за фалсификување на резултатите од истрагата и предупредувајќи за „безмилосна“ одмазда доколку се преземат соодветни мерки. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05