Конгрес на хотелиери на Хрватска: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто - Канал 5

Конгрес на хотелиери на Хрватска: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто

Туризмот сочинува една петтина од економијата на Хрватска, а зад нас имаме успешна туристичка година, како што покажуваат бројките. 

Конгрес на хотелиери на Хрватска: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто

Подобро беа исполнети сместувачките капацитети кои се поквалитетни. Хотелите со 5 ѕвезди биле пополнети за 96,5 отсто во средината на август, а хотелите со 4 ѕвезди за 92,5 отсто, изјави Вељко Остојиќ, директор на Хрватското туристичко здружение на 26-от Конгрес на хотелиери.

Тој наведува дека глобалната геополитичка ситуација ни носи одредена доза на неизвесност, имајќи предвид дека економските движења, вели, не се најдобри, особено во Германија и затоа е исклучително важно да се зајакне инвестицискиот циклус во хотелиерството и поттикнување на работата на локалното население и обезбедување побрзо добивање работни дозволи за странски работници.

Министерот за туризам и спорт, Тончи Главина, признава дека не било лесно во претходната сезона и дека претстојат тешки години, јавија хрватските медиуми.

„Во 2025 година очекуваме раст и завршување на неколку големи инвестиции, пред се во хотелиерството“, рече Главина, наведувајќи дека досега има најголем бран инвестиции во туризмот.

Директорот на Хрватскиот туристички одбор, Кристјан Станичиќ, рече дека во 2025 година гостите сакаат пред се вредност за парите.

„До крајот на годината може да очекуваме околу 21 милион туристи и, според предвидувањата, околу 15 милијарди евра приход од странски туристи, додека за 2025 година треба да размислиме за цените, бидејќи доколку се придружени со квалитет, нема да има проблеми, но ако не, ќе има бариера. Истражувањата покажаа дека во 2024 година бевме малку поскапи од Грција и Шпанија, како и дека околу 80 отсто од Европејците ги менуваат своите навики за патување поради климата, безбедноста и цените“.

„Ако ја споредиме Хрватска со другите земји, ќе видиме дека во август цените во Германија биле за 5 отсто повисоки од овде, во Франција за 9 отсто, а во Италија за 1 отсто“, додава Станичиќ.

Од друга страна, наведува дека цените во Португалија биле за 28 отсто пониски од хрватските, во Шпанија за 21 отсто, а Грција имала 17 отсто пониски цени од Хрватска.

„Албанија понуди 52 отсто пониски цени од цените што Германците ги сретнаа овде во екот на сезоната“, рече Станичиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Необична глетка во Сараево, реката Миљацка пресушила во дел од главниот град на Босјна и Херцеговина. 

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Граѓаните што минувале низ Бентбаша утрово биле пречекани со необична глетка, бидејќи реката Миљацка пресушила.

Во дел од коритото на реката Миљацка во близина на базенот нема вода, видливи се само камења, песок и речни наслаги.

Фоторепортер на „Аваз“ ја забележил неверојатната сцена.

YouTube video

Поголемиот дел од речното корито е покриен со камења. Засега нема официјални информации што објаснуваат зошто Миљацка пресушила на овој дел кај Бентбаша во сараево, ниту пак се знае дали станува збор за привремена појава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди...

Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот.

Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди...

Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“

Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември.

Билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври во продажба се достапни од денес, 24 јули, а публиката може навреме да ги обезбеди своите места и да биде дел од отворање на новата театарска сезона.

Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од најзначајните драмски класици.

Во претставата настапуваат: Дарја Ризова – Ирина, Наталија Теодосиева – Маша, Верица Недеска – Олга, Дамјан Цветановски – Андреј, Благој Веселинов – Александар, Емил Рубен – Иван, Ивица Димитријевиќ – Игор, Нина Деан – Наташа и Антонио Ташковски – Никола.

Креативниот тим го сочинуваат: сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски, а извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен.

Со нова енергија, нови идеи и уште поголеми уметнички предизвици, Македонскиот народен театар продолжува да ја гради својата мисија – да создава врвна театарска уметност и креативност со културни вредности.

Македонскиот народен театар успешно ја заокружи сезоната 2025/2026 – година исполнета со амбициозни продукции, значајни копродукции, бројни гостувања, престижни признанија и силна меѓународна афирмација.

Истовремено, сцената на МНТ беше домаќин на еминентни театри и уметници од регионот, меѓу кои Црногорското народно позориште, Народното позориште Белград, Словенечкото народно гледалиште Марибор, Никшиќко позориште, како и повеќе независни продукции и авторски проекти.

Во текот на сезоната Македонскиот народен театар оствари бројни гостувања во Македонија и во странство, меѓу кои во Будимпешта, Дубровник, Врање, Пожаревац, Ќустендил, Струмица, Куманово, Велес, Прилеп, како и на други фестивали и сцени, успешно претставувајќи ја македонската театарска уметност пред домашната и меѓународната публика.

МНТ реализираше 12 премиерни проекти, кои понудија жанровска и естетска разновидност – од современа светска и домашна драматургија, преку танцови и музички сценски форми, до големи сценски спектакли и копродукциски проекти.

Публиката имаше можност да ги проследи премиерите на „Ангели во Америка – Среќна фантазија на национални теми, дел I: Милениумот наближува“, „Драга Јелена Сергеевна“, „Варвари“, сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“, концертот „Уште ми фалиш“, „Син понеделник“, танцовата претстава „Диво месо“, „Страв и надеж“, „Западен експрес“, „BIVIR… BIVIR…“, мјузиклот „Као Какао“ и „Вонземјани“.

Сезоната ја одбележаа и бројни копродукции со домашни и меѓународни партнери, потврдувајќи ја уште еднаш определбата на Македонскиот народен театар за отворање нови авторски поетики, современи сценски изрази и регионална соработка.

Особено успешна беше фестивалската година. Претставите на МНТ освоија повеќе значајни награди во земјата и регионот. Претставата „Страв и надеж“ ја доби Гран при наградата за најдобра претстава во целина и наградата за најдобра музика на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Доделено беше и високото признание „Лауреат" на 17. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски" на истакнатиот уметник и првенец на МНТ - Игор Џамбазов. Претставата „Бог на колежот“ освои Гран при на фестивалот „Денови на комедијата“, а актерот Ѓорѓи Јолевски беше прогласен за најдобар актер. „Народен пратеник“ ја доби главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Врање, додека актерите Тони Михајловски и Тања Кочовска беа наградени за своите актерски остварувања на два различни фестивала. МНТ доби тројна победа на „Бекстејџ“: „12“ – претстава на годината, Микиќ – најдобар актер и Џамбазов – со изјава на годината.

На фестивалот „Актерот на Европа“, Снежана Коневски-Руси ја доби наградата за најдобра сценска интерпретација за монодрамата „BIVIR… BIVIR…“.

Во текот на сезоната беа реализирани бројни дополнителни програмски активности – работилници, промоција на монографијата „Македонски народен театар 1945 –2025: Драма – приказни поголеми од времето“ и одбележување на 80 години од основањето на Македонскиот народен театар.

Искрено ѝ се заблагодаруваме на публиката за довербата, на сите автори, актери, соработници, техничкиот и административниот тим, како и на институциите, партнерите и поддржувачите, кои беа дел од оваа успешна сезона.

Се гледаме во новата театарска сезона 2026/2027.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Молкот на СДС, ДУИ и Таравари е признание дека го штитат Валбон Лимани

По скандалот со водата во Гостивар, најгласен е молкот на СДС, ДУИ и Таравари.

Петрушевски: Молкот на СДС, ДУИ и Таравари е признание дека го штитат Валбон Лимани

Ниту осуда, ниту барање за одговорност, ниту повик за оставка од нивниот кандидат Валбон Лимани, кој јавно изјави дека не чувствува никаква морална одговорност.

СДС, ДУИ и Таравари молчат затоа што Валбон Лимани е нивен кандидат и го штитат преку нивните обвинители и судии.

Молкот е доказ дека за СДС, ДУИ и Таравари партиската припадност е поважна од здравјето на граѓаните.

Тие секојдневно бараат оставки од кого стигнат, но кога се работи за нивните кадри, сите принципи за отчетност исчезнуваат.

Брзата реакција на владините институции, ќе го реши проблемот во Гостивар во експресен период. Тоа покажува дека коалицијата во Гостивар предводена од СДС, ДУИ и Таравари нема капацитет да ја води општината.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер