Конгрес на ЕПП во Валенсија: Манфред Вебер единствен кандидат за партиски лидер - Канал 5

Конгрес на ЕПП во Валенсија: Манфред Вебер единствен кандидат за партиски лидер

Предвидено е на Конгресот да биде избрано новото претседателство на ЕПП, односно претседател, 10 потпретседатели, генерален секретар и благајник. 

Конгрес на ЕПП во Валенсија: Манфред Вебер единствен кандидат за партиски лидер

Шпанскиот град Валенсија денеска и утре ќе биде домаќин на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), кој, како што се најавува, „ќе послужи како момент на единство“ за ова политичко семејство во време кога партиското раководството „се стреми да го исцрта курсот за наредните години“.

- Конгресот ќе понуди можност за размислување, за чествување на изминатата година и за инспирација, во време кога ги почитуваме нашите минати достигнувања и се соочуваме со критични прашања, како што се војната во Украина, зголемувањето на трошоците за живот и растечките закани од популизмот и екстремизмот, се наведува во најавата за Конгресот.

Предвидено е на Конгресот да биде избрано новото претседателство на ЕПП, односно претседател, 10 потпретседатели, генерален секретар и благајник.

Покрај ова, делегатите на Конгресот треба и да усвојат и 20 резолуции на различни теми, од кои на една, насловена „Одговарајќи на демографската зима“, како ко-предлагач се јавува и ВМРО-ДПМНЕ. Останатите резолуции, меѓу другото, се однесуваат на јавните инвестиции, владеењето на правото, кризата со домувањето во Европа, безбедност на храната и водата, климатските вонредни состојби, миграцијата, конкурентност, систематската репресија во Венецуела, состојбите во Украина, Ерменија и Грузија, „изборниот интегритет во Албанија“, кипарското прашање, верските слободи во Белорусија и „итната потреба од ослободување на сите заложници што ги држи Хамас“.

Единствен кандидат за претседател е актуелниот вршител на оваа функција и шеф на пратеничката група на ЕПП во Европскиот парламент, Германецот Манфред Вебер.

Иако овој 52-годишниот Баварец не е многу познат надвор од бриселските кругови, сепак тој како лидер на најмоќната политичка партија во Европа има значително влијание за прашања поврзани со одлуките и политиките на ЕУ.

Неговиот очекуван реизбор за втор тригодишен мандат на чело на ЕПП се предвидува дека ќе го зацврсти неговиот авторитет во партијата и ќе му обезбеди поголема моќ врз политичката агенда на континентот.

[„Ние сме камен-темелник за безбедноста и иднината на Европа“, рече Вебер во обраќањето по објавувањето на резултатите. „Ние ѝ требаме на Европската унија“, додаде Вебер кој е долгогодишен чл]

Како една од целите на Вебер, како што наведуваат партиски функционери, е да продолжи со трансформација на ЕПП во „политичка сила со мисија да ги води и поедноставува политиките на националните партии од десниот центар“.

Вебер има имиџ на страстен европски федералист, кој постојано повикува на поблиска интеграција во ЕУ, дури и ако тоа е непопуларно, остро го критикува воведувањето на контроли на внатрешните граници во Унијата и е застапник на идејата за формирање на заеднички европски трупи кои под знамето на ЕУ би биле распоредени во мировна мисија во Украина по завршување на конфликтот.

Неодамна тој изнесе и идеја за воспоставување на функцијата на европски претседател. - Секоја европска земја мисли дека има своја улога во светот. Но, Макрон ги претставува само француските гласови. Германскиот канцелар ги претставува само германските гласови. Конечно ни треба некој што ги претставува европските гласови, рече Вебер во интервју за баварскиот јавен радиодифузен сервис.

Но, според неговите критичари, ваквата слика за Вебер како идеалист и федералист е во суштинска спротивност со реалноста. Според нив, откако не успеа да стане претседател на Европската комисија во 2019 година поради несогласување на дел од лидерите на земјите членки, па на оваа функција дојде Урсула фон дер Лајен, Вебер се обидува да ја претвори ЕПП во „алтернативен конзервативен центар на моќта“.

Тој успеа да обезбеди „сопствено“ мнозинство за промена на Зелениот договор предложен од Европската комисија, со што, според неговите противници, ги поткопа зацртаните еколошки политики на ЕУ. Тоа „мнозинство на Вебер“ се покажа и при потврдувањето на членовите на актуелната Европска комисија, кога успеа да обезбеди гласови и од европратеници кои не се дел од традиционалното „мнозинството на центарот“ на конзервативците, социјалдемократите и либералите.

Вебер раководи со партија која дава 13 од 27-те членови на Европската комисија, откако Фридрих Мерц ќе ја преземе функцијата германски канцелар ЕПП ќе има и 13 члена во Европскиот совет, а партијата ја има и убедливо најголемата пратеничка група во Европскиот парламент со 188 пратеници.

Националните партии членки на ЕПП во голема мерка се независни во носењето одлуки, а ЕПП повеќе функционира како „лабава платформа за состаноци на национални партиски лидери“. Но, Вебер се обидува да ја трансформираа ЕПП во кохезивна политичка платформа која ќе обезбеди нејзините национални партии членки, европратениците, дипломатите и еврокомесарите да се придржуваат до иста политичка насока.

[Водечката европска политичка групација, Европската народна партија (ЕПП) денеска гласаше за поддршка на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за нејзин втор мандат, а пр]

Токму на Конгресот во Валенсија, делегатите треба да усвојат реформи што водат кон „партиска централизација“ и кои, според висок партиски функционер, ќе ја направат ЕПП „попредвидлива“.

Овие промени предвидуваат министрите, еврокомесарите и водечките европратеници на ЕНП да усогласат заеднички став пред секој состанок на Советот на ЕУ, се што, според очекувањата, ќе се обезбеди поголема ефикасност во креирањето на политиките на Унијата.

Но, според противниците на Вебер, овие измени ќе му овозможат да партискиот лидер и да поставува свои лојални луѓе на клучните позиции во ЕПП. Како пример за тоа се посочува случајот со генералниот секретар на ЕПП, кого според партискиот Статут го предлага претседателот на партијата. Вебер сега за местото втор човек во ЕПП ја предлага лидерката на шпанската Народна партија (ПП) во Европарламентот, Долорес Монтсерат, на местото на досегашниот генерален секретар, Гркот Танасис Баколас. Се оценува дека изборот на европратеничката Монтсерат за генерална секретарка на ЕПП ќе ја зајакне политичката улога на оваа функција, но и влијанието на Вебер. Ова особено, ако се земе предвид неодамнешната изјава на Монтсерат: „Сакам да бидам политичарка лојална на мојот претседател, Манфред, секако“.

Но, ваквиот централистички пристап на Вебер наидува на извесни негодувања и скептицизам меѓу некои на партиите членки на ЕПП.

- Ние не сме партија, ние сме семејство на партии. Прво и најважно, секогаш сте Републиканец од Франција, член на ХДЗ од Хрватска или демохристијанин од Германија, изјави анонимен извор од ЕПП за „Еурактив“.

Партиски функционери порачуваат дека некои национални партии би сакале на претседателот на ЕПП да му ја вратат улогата на „оператор зад сцената“, одвоен од раководството на партијата во Европарламентот, кој само би служел како „церемонијал мајстор“ за повремените партиски собири. Сепак, според нив, во ЕПП засега има слабо расположение за пружање отпор на заложбите на Вебер./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер