ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
1ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
3Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
СветКонфликтот влезе во третата недела – САД го бомбардираа иранскиот остров Харг, погодена американската амбасада во БагдадКонфликтот на Блискиот Исток добива нова димензија – покрај вообичаените цели на проектилите, чии експлозии одекнуваат во населени места, во последното деноноќие главен таргет на завојуваните се нафтените резерви и извозните терминали. САД ноќеска изврши серија напади врз островот Харг, т.н. бисер на Иранската круна – малиот корален остров кој всушност е највитален дел од иранскиот нафтен костур, во кој се слева 90% од суровата нафта од најголемите полиња на земјата за извоз, главен терминал на кој секојдневно се точат милиони барели во супертанкери. Претседателот Трамп порача дека цел била само воената инфраструктура – нафтените резерви останале недопрени – но и дека Ормускиот теснец мора да остане слободен, безбеден и отворен. Ги повика Кина, Франција, Јапан и уште неколку земји да испратат воени бродови кон теснецот за да се постигне таа цел.. Воедно САД во регионот испратија 5000 маринци и морнари, но засега останува непознато - дали се подготовки за копнени операции или само се засилуваат позициите. -Ние сме во позиција на доминација која е досега невидена. Нивната морнарица е готова, воздухопловните сили им се готови, најголем дел од војската им е готова, нивната голема закана е готова во секоја смисла. - Доналд Трамп – Претседател на САД Секој обид за заземање на островот Харг ќе резултира со заробување на американски војници, одговори Иран, кој ноќеска соодветно одговори на нападите. Нивни проектили ноќеска погодија неколку населби во Израел, а густ црн чад се воздигна над пристаништето во Фуџаира – ОАЕ, откако едно од најглемите складишта за нафта во регионот беше погодено од ирански дрон, а погодени беа и неколку танкери. Дополнително, со беспилотно летало беше погодена и американската амбасада во Багдад. Техеран повторно ги повика соседите, да не дозволуваат нивната територија да се злоупотребува за напади кон Иран. -Затоа ние целиме на воени бази на САД, нивните средства кои се расфрални околу нас во земјите од перскискиот залив. Ние веќе ги предупредивме, „ве молиме, не дозволувајте САД да ја злоупотребува вашата почва, да ја злоупотребува вашата територија за диригирање на воената агресија, но за жал, без разлика на причината тие не можеа да го натераат САД да се откаже од користењето на нивните територии за агресивните операции против Иран, а Иран го има секое право, според интернационалните закони да се брани себеси од овие воени напади. - Есмаил Багаеи – Портпарол на министерство за надворешни на Иран Ескалацијата во третата недела зазема повеќе економски размери, а заканите од Техеран дека ќе го блокира Ормускиот теснец, од каде циркулира петтина од глобалната трговија со нафта доведува до стравувања од нови ценовни шокови. Експертите велат, последиците кои веќе јасно се гледаат, можат да бидат сериозно поголеми. Европа, според нив, може силно да биде погодена од ваков потег. -Секако, некои од државите имаат залихи од кои можат да влечат, но прашањето е за колку долго, некои од нив имаат доволно резерви што можат да траат веројатно до шест месеци, но другите немаат. - Ноам Рајдан – експерт за пристанишна безбедност( Во меѓувреме, Тел Авив, кој изврши напади врз Техеран, најавува копнена инвазија врз Либан, која велат ќе наликува на онаа во Газа. Шефот на Хезболах пак возврати дека заканите не ги плашат, а државата, велат е подготвена за подолг конфликт и дека војните сили на Израел ќе бидат изненадени на бојното поле. За евентуалната ескалација во Либан се огласи и првиот човек на ОН – Гутереш, велејќи дека не смее да се случи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!Кого мислите дека манипулирате, кога за само 24 часа сами си ги демантиравте сопствените пропагандни бајки? Од една страна, премиерот Мицкоски се слика на гламурозни презентации и најавува апликација „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери, помалку хартиени документи и дигитализација, а од друга страна, Владата шверцува одлуки за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавната администрација! Ова е дрско безобразие, лицемерие и отворено потценување на интелигенцијата на македонските граѓани! Каква е таа „дигитализација“ во која ги укинувате шалтерите, а истовремено барате нови десетици илјади измислени работни места во државните канцеларии? Колку десетици милиони евра ќе не чини ова лудило и од празниот буџет? Одговорот е еден и еден единствен: ова не е никаков реформски чекор, туку брутално пумпање на јавната администрација со партиска војска пред избори, директно на грбот и на трошок на народот! А народот е пред банкрот! “Додека целиот развиен свет инвестира во вештачка интелигенција, автоматизација и помала, побрза и поефикасна држава, оваа Влада нè враќа во најцрните времиња на партискиот клиентелизам и цицање на буџетот! Властите го стегаат ременот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, а ги шират редовите на непродуктивната партиска машинерија”, заклучува Боби Мојсоски, поранешен пратеник во Собранието и генерален секретар на ЛДП. Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува: Доста со евтините театри и паралелните реалности! Државата не е партиски плен, ниту пак народот е тука за да ги финансира вашите изборни апетити! Бараме итен вистински рез во државните трошоци, вистинска дигитализација со вештачка интелигенција и СТОП за новото лудило на Владата кое го бутка народот на колена и со свиткана кичма!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Аудицијата влегува во завршна фаза, се спомнува и Џејкоб ЕлордиПотрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во важна фаза.Голем број актери покажаа интерес за улогата на познатиот британски агент, а се очекува кругот на кандидати наскоро значително да се стесни. Според информациите што допреа до јавноста, меѓу актерите кои би можеле да учествуваат на пробните снимања се Калум Тарнер, познат по романтичната комедија „One Night Only“, и Џек Лауден, кој го привлече вниманието на публиката во серијата „Slow Horses“. Снимањето би требало да се организира во Лондон, а според некои извори, тоа би можело да започне уште во петок, пишува „The Hollywood Reporter“. Сè уште не е потврдено колку актери ќе добијат можност да се претстават пред продуцентите. Додека некои извори спомнуваат најмалку тројца кандидати, други проценуваат дека би можело да има дури петмина. Една од важните задачи ќе биде да покажат како се снаоѓаат во улога што бара елеганција, убедлива изведба и физичка подготвеност. Претходно се шпекулираше дека Џек О'Конел, познат по филмот „Sinners“, би можел да биде меѓу кандидатите, но најновите информации укажуваат на тоа дека тој нема да учествува во оваа фаза од изборот. Исто така, и покрај пишувањата на некои медиуми, Џејкоб Елорди – кого публиката го знае од серијата „Еуфорија“ и филмот „Франкенштајн“ – не е меѓу актерите што ќе учествуваат на пробните снимања. Новиот филм ќе го режира Дени Вилнев, режисер познат по својата работа на филмскиот серијал „Дина“, а продукцијата ќе ја предводат Ејми Паскал и Дејвид Хејман. „Амазон“ ги откупи креативните права за серијалот од семејството Броколи во февруари 2025 година, со што се отвора ново поглавје во развојот на филмовите за Џејмс Бонд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНа Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентитеНастапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите. Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението. Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција. „Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда. „Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението. Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ. Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини. Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook