Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотКонфликтот на Блискиот Исток - можност Русија и Кина да ги истакнат сопствените интересиОткако го преземаа товарот на безусловната одбрана на Израел во неговата војна против Хамас и неговото вооружување, САД ризикуваат да ги отурнат од себе своите поддржувачи во арапскиот свет.Франс прес Откако го преземаа товарот на безусловната одбрана на Израел во неговата војна против Хамас и неговото вооружување, САД ризикуваат да ги отурнат од себе своите поддржувачи во арапскиот свет. Губење на влијание кое, според експертите, може да биде корисно за Русија и особено за Кина. Вашингтон се обиде да ја изолира Москва, а до одреден степен и Пекинг, со преземање на водството во широката меѓународна коалиција за одбрана на Украина, но конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење многу наликува на замка за американската дипломатија. Исто како и невозможниот консензус во Советот за безбедност на ОН, каде што минатата недела САД ставија вето на нацрт-резолуцијата поднесена од Бразил, критикувајќи го недостатокот на експлицитно повикување на „правото на Израел да се брани“. САД подоцна лиферуваа друга нацрт-резолуција која го потврди „правото на самоодбрана на сите држави“, не само на Израел. Повеќе од 1.400 лица се убиени во Израел од нападот на Хамас на 7 октомври, а локалните власти објавија за киднапирање на околу 220 заложници - Израелци, странци и лица со двојно државјанство. Организацијата „Хамас“, која ја контролира Газа, вчера објави нови податоци за бројот на жртви - 5.791, меѓу кои 2.360 деца - од почетокот на израелското постојано бомбардирање на Појасот Газа во рамките на одмаздничките напади (по нападот во октомври 7 ). „Непоколеблива“ поддршка Во коментарите кои најверојатно се насочени кон арапскиот свет, Русија ги обвини САД дека го влошуваат конфликтот со зголемување на своето воено присуство на Блискиот Исток, а Кина го осуди американското вето. Американските власти го отфрлија кинескиот и рускиот прекор, сомневајќи се дека Москва и Пекинг ќе се вклучат во истата интензивна дипломатија како државниот секретар Ентони Блинкен, кој направи молскавична турнеја низ 11 земји во регионот. Меѓутоа, САД историски отсекогаш биле релативно изолирани во својата поддршка за Израел, иако засега нивните европски сојузници генерално му се придружуваат на американскиот претседател Џо Бајден во неговата „непоколеблива“ поддршка за израелскиот сојузник. На почетокот на својот мандат, Џо Бајден ја игнорираше сложената ситуација на Блискиот Исток, гледајќи ја Кина како најголем долгорочен предизвик за САД. -Тоа не е регион каде што САД сакаа да имаат силен белег и да бидат активно вклучени. Во исто време, овој претседател особено е длабоко ангажиран со Израел, рече Лесли Вињамури од лондонската тинк-тенк „Чатам Хаус“ (Chatham House). Кина „е подготвена да види дека вниманието на САД се оттргнува од нејзината основна стратешка грижа“, се вели во извештајот. „Поени за заработка“ -Никој не очекува Русија да постигне резултати, без разлика дали тоа е прекин на огнот или учество во преговори за заложниците, вели Јуџин Румер, кој ја предводи програмата за Русија во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир. „Од 2022 година, сè се вртеше околу Украина, па кога се случи оваа трагедија, тоа беше подарок за (рускиот претседател Владимир) Путин, бидејќи наеднаш фокусот се смени“, додаде тој. Џо Бајден ја поврза Русија на Владимир Путин со палестинското исламистичко движење, велејќи во говорот минатата недела дека двете страни се обидуваат „целосно да ја уништат соседната демократија“. Русија ги осуди овие изјави. Во Советот за безбедност на ОН, рускиот претставник Василиј Небензја ги обвини САД дека не реагираат на меѓународните повици за прекин на огнот. Во меѓувреме, Кина и САД се обидуваат дипломатски да ја капитализираат кризата, а темата се очекува да биде во центарот на разговорите меѓу Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на неговата посета на САД на крајот на неделата. САД особено ја повикаа Кина да го искористи своето влијание врз Иран, сојузникот на Хамас. Пекинг, кој експлицитно не го осуди нападот на Хамас, испрати пратеник во регионот кој ја потврди историската поддршка на Кина за палестинската кауза. Според Џонатан Фултон од аналитичкиот центар Атлантскиот совет, Пекинг го гледа конфликтот како „можност да се освојат поени против САД“, најверојатно надевајќи се дека ќе ја добие поддршката од арапскиот свет додека Кина се соочува со обвинувања за геноцид врз муслиманите Ујгури. Тој, сепак, верува дека главниот интерес на Пекинг за Блискиот Исток останува економски, бидејќи втората по големина економија во светот во голема мера зависи од увозот на нафта. -Очигледно е подобро Кина да ги има САД заглавени на Блискиот Исток и Персискиот Залив, објаснува Фултон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter