3Видео: На првиот училишен ден, земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините, има загинати и повредени
СветКонфликтот меѓу Израел и Иран влезе во петтиот ден–двете страни разменуваат ракетни нападиИзраел петти ден жестоко удира врз воената и нуклеарна инфраструктура на Иран. Ликвидиран е првиот човек на иранскиот генералштаб, Али Шадмани, погодена е и државната телевизија каде според иранските власти убиени се две лица. Техеран се празни, недогледни колони возила од синоќа ги преполнија улиците само неколку моменти откако Трамп повика десетмилионската метропола да се евакуира. „Едноставно сакаме да го напуштиме Техеран и тоа е се. Бидејќи рекоа дека Техеран се евакуира, тоа создава страв кај секого.“ „Луѓето се исплашени, особено кога ќе се слушнат звуците на бомбите. Муштериите честопати додека пазарат од страв ги напуштаат маркетите.“ Иран ги продолжува нападите со балистички ракети во деветтиот бран напади врз Израел. Околу 30 проектили атакувале врз Тел Авив, Ерусалим и Хаифа. Техеран соопшти дека го погодил срцето на Мосад во Херцлија близу Тел Авив, но нема детали дали и колкава штета е направена. Израелскиот премиер Нетанјаху порача дека иранскиот режим мора да падне и дека единствено атентат врз врховниот лидер Хамнеи може да стави крај на иранската нуклеарна програма. -(Убиството на ајатолахот) нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши. Тоа е полувековен конфликт раширен од овој режим, кој го тероризира целиот Блиски исток. Тоа е вечна војна што Иран ја сака и нè доведе до работ на нуклеарна војна. Всушност, она што го прави Израел е да го спречи ова. , изјави бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел. -Треба да се вратам. Многу е важно. Ви благодарам за гостопримството, рече Трамп Американскиот Претседател ден порано го напушти Самиотот на групата Г-7 што создаде разногласија меѓу лидерите особено откако Макрон соопштил дека Трамп си заминал за да издејствува прекин на огнот. За време на летот кон Вашингтон, Трамп порача „не прекин на огнот туку вистински крај на конфликтот“. -Не реков дека барам прекин на огнот. Тоа го кажа Емануел (Макрон). Добро момче, но често знае да не биде во право. Ние бараме нешто подобро од прекин на огнот, изјави Доналд Трамп, Претседател на САД. Паралелно со егзодусот во Техеран, продолжува и евакуацијата на странските државјани од Израел. Денеска владини авиони со чешки и полски државјани слетаа на аеродромите во Прага и Варшава.Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПерез победник на изборите за претседател на Реал Мадрид, го објави новиот тренерФлорентино Перез - победи на изборите и го објави новиот тренер на Реал.Градежникот Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година. Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме. Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа помеѓу двајца кандидати - тогаш Рамон Калдерон тесно го победи Хуан Паласиос. По оставката на Калдерон во 2009 година, Флорентино Перез се врати на претседателската позиција (тој беше на чело на клубот за прв пат од 2000 до 2006 година), а потоа победи без противник во 2013, 2017, 2021 и 2025 година. Перез, со кого Реал освои седум европски првенства, доби поддршка за да го врати клубот на врвот по две сезони без трофеј. „Ова беше одличен ден за Реал Мадрид. Победивме на секое гласачко место, односно во сите возрасни групи. И го постигнавме вториот најдобар резултат во историјата на изборите во Реал Мадрид. Тоа е извонреден резултат. Можеше да биде подобро бидејќи речиси илјада гласови беа поништени, а ние ќе поднесеме жалба бидејќи веруваме дека постапивме правилно. Дадовме пример на светот кога станува збор за транспарентност и коегзистенција. Како претседател на Реал Мадрид, горд сум на сите вас. Членовите слободно се искажаа како ќе се одлучи за иднината на клубот“, рече Перез во својот победнички говор. Во истата пригода, тој го прогласи веќе најавениот Жозе Мурињо за нов тренер на Реал Мадрид. „Ќе продолжиме да работиме, ќе продолжиме да бидеме горди на Бернабеу, на еден од најдобрите тимови во светот и на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо. Не се сомневајте, Реал Мадрид сè уште ќе им припаѓа на своите членови. Сакам да продолжам да градам клуб кој ќе остане на самиот врв на светската ранг-листа во однос на меѓународниот углед.“заклучи Перез. Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозии во Техеран, Израел одговори на нападитеИзраел и Иран повторно разменија напади, што е најсериозната ескалација од априлското примирје. Израел тврди дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети, додека Иран вели дека се одмаздува на израелските напади врз Бејрут. Иранската војска синоќа објави дека испалила балистички ракети врз израелската воздухопловна база Рамат Давид, опишувајќи го нападот како одговор на израелските напади врз цивилите во јужен Либан и јужните предградија на Бејрут, пренесува Анадолу. Во соопштението, армијата наведе дека оваа воздухопловна база служела како почетна точка за израелските напади врз Либан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16