Конференција за регулативите како поддршка на традиционалните производства - Канал 5

Конференција за регулативите како поддршка на традиционалните производства

„Регулативите на маса: во поддршка на традиционалните производства“ е темата на денешната конференција

Конференција за регулативите како поддршка на традиционалните производства

„Регулативите на маса: во поддршка на традиционалните производства“ е темата на денешната конференција што ја организираат Слоу фуд Водно, Слоу фуд Битола и „Екоросалес“ во рамки на проектот „Од нива до маса - канализирање на проблемите на фармерите преку документи со ставови и други пишани форми“.

Предвидени се две сесии, едната насловена „Ознаките за квалитет на земјоделските и прехранбените производи (ЗОП, ЗГО, ГТС) алатки за одржлив локален и економски развој“, а другата „Примена на флексибилноста во законските прописи за хигиена: суштинска потреба за зачувување на традиционалните сирења“.

Во рамки на конференцијата ќе стане збор за маркетинг-иновациите во фарми со висока природна вредност, програмите за поддршка на заштитата на традиционалните производи, флексибилноста во законските прописи за хигиена, доближување до европските практики за традиционално производство на сирења и искористеноста на пакетот хигиенски мерки во Италија, Шпанија и Турција.

Најавени се презентации на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Институтот за сточарство, гости од Бигарија, како и претставници од Министерството за земјоделство. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

.Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК.

Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер