СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
1СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
КултураКонференција за европската рута на св. Кирил и Методиј во културното наследство на СкопјеИнститутот за македонска литература-Скопје и Институт за старословенска култура во Прилеп се членки на проектот „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, сертифициран со лиценца од СЕ, официјално од 1 декември 2023.Во рамки на програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ која е под покровителство на Советот на Европа, во Скопје се одржува конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ организирана од Институтот за македонска литература при УКИМ. Програмата на Советот на Европа презентира историски монументи, артефакти, ракописно наследство поврзани со рутата на движење и дејствување на светите Кирил и Методиј во нивната просветителска мисија на поширокото европско подрачје и нуди атрактивен модел за менаџмент на културата и туризмот. Институтот за македонска литература-Скопје и Институт за старословенска култура во Прилеп се членки на проектот „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, сертифициран со лиценца од СЕ, официјално од 1 декември 2023. Конференцијата ја отвори Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература при УКИМ која ги поздрави учесниците на конференцијата меѓу кои има и од Чешка, Словачка, Бугарија. Со проектот „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како што рече, ќе се постигне афирмација на културно-историското наследство евидентирано во Скопско што ќе стане мапиран дел од европската културна рута. На отворањето на конференцијата, заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков истакна дека културните рути се стожери во мисијата на Советот на Европа кои функционираат во насока на откривање и афирмирање на разновидното културно наследство во Европа како заедничка вредност со цел да ги поврзат луѓето и различните локации преку модалитетите на споделено културно наследство. -Ние како Министерство за европски прашања културните рути ги согледуваме како сегмент од поширока мрежа која овозможува сплотување меѓу глобалните, националните, регионалните и локалните, но и меѓународните институции со широк спектар на дејствување и економски оператори. Учеството на нашата земја во рамките на „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, несомнено ќе придонесе за значајна туристичка, културна и научна промоција на кирилометодиевското наследство кое низ богатството на форми е изразено на македонска почва, рече Трајков. Кирилометодиевското културно наследство има долга традиција на македонска територија проследувано на дијахрониски и синхрониски план, евидентирано и во материјалната и нематеријалната култура и од овој проект се очекува да придонесе за негова научна, културна и туристичка промоција. Со него ќе се открие култот кон Кирил и Методиј што со векови постои на територијата на Скопско. Со проектот се планира промовирање на спомениците посветени на светите браќа, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, големиот број споменици во центарот на Скопје, претставите на светителите во фрескоживописот на скопските манастири и цркви, како што е манастирот во Матка од 14 век, како и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во рамки на конференцијата е отворена и изложба на фотографии и мапа на рутите на просветителите во 9 век. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очиМнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Во фокусот секако им се криминалните тендери. Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи. Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити. Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании. Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани. Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот. Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО. Криминална власт, криминални закони! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштваАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни. Агенција за храна и ветеринарствоТагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банкаФактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС. Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски. Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка. Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании. Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода. Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура. Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем. СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи. Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц. Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00