Конференција за демографските промени во Југоисточна Европа

Конференција за одговор на демографските промени што се случуваат во Југоисточна Европа, преку зајакнување на човечкиот капитал, родовата еднаквост и човековите права, ќе се одржи утре и задутре во Сараево, Босна и Херцеговина.

Регионалната конференција на тема „Динамика на населението, човечки капитал и одржлив развој во Југоисточна Европа" ја организира Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со Министерството за надворешни работи на БиХ, Советот за регионална соработка (RCC) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE).

Настанот се одржува со поддршка на канцелариите на постојаните координатори на ООН во државава, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Србија, како и на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Високиот комесар за бегалци.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на владите од регионот, на Обединетите нации, академци, претставници на граѓански организации, како и на меѓународни мултилатерални институции во Југоисточна Европа.

Ќе се дискутира за демографските трендови, како што е ниската стапка на фертилитет, стареење на населението и миграцијата и како може овие предизвици да се претворат во можности преку инвестирање во човечки капитал, проширување на родовата еднаквост и почитување на правата на сите луѓе, вклучувајќи ги и оние што се на маргините на општеството.

Преку дискусиите ќе се обезбедат препораки за преземање активности од страна на државите од регионот со цел да се развијат политики засновани на докази и човекови права, како и за зајакнување на регионалната соработка во врска со динамиката на населението и развојот на човечкиот капитал, најавуваат од УНФПА кои оваа година одбележуваат 50-годишнина и 25-годишнина од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD)./МИА

СДСМ: Благодариме, ние и граѓаните уживавме во современата кампања "Можеме" - во молкот да ги одбиеме лажните вести од подземните центри на ВМРО-ДПМНЕ

Во име на Коалицијата „Можеме" им се заблагодаруваме на граѓаните за учеството во кампањата, за почитувањето на мерките при теренските активности и за сите комуникации остварени преку дигиталните платформи. 

СДСМ водеше интензивна, современа, позитивна и достоинствена кампања, фокусирана на понудата, на интересите на граѓаните и на иднината на државата. Ги презентиравме нашите конкретни решенија и нашата јасна визија за развојот на земјата до 2024 година - ја проектиравме Северна Македонија како економски силна и праведна држава која се грижи за здравјето на сите, држава со чиста животна средина, држава членка на НАТО и преговарач со ЕУ каде владеат ред, правда и дисциплина.

Согласно законите, СДСМ вечерва на полноќ ги запира сите теренски и медиумски комуникации, како и сите објави на социјалните мрежи, се додека не заврши изборниот молк, до среда во 21.00 часот. На медиумите им благодариме што со своето информирање и простор за учество на кандидати и претставници од СДСМ и Коалицијата придонесоа нашата понуда од програмата да стигне до што повеќе граѓани.

Од другата страна сведочевме мрачна, срамна, недостојна и манипулативна кампања водена од ВМРО-ДПМНЕ, кампања која го оживеа режимот во очите на граѓаните, која во целост потсетува на времето кое е зад нас, односно кампања која уште еднаш потврдува дека опцијата предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е опција која ја носи земјата во опасност.

Имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која поседува подземни центри за лажни вести, апелираме до граѓаните за време на молкот да биде максимално внимателни, сите вести кои доаѓаат од некредибилни извори да ги примаат со сериозна доза на критика и сомнеж, да ги одбијат манипулациите и на таков начин, да се спротистават на режимот.

Ги повикуваме граѓаните на 15 јули да ги поразат лажните вести, конфликтите, опасноста и срамниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон јавноста. На 15 јули секој граѓанин со гласање за СДСМ и бројот 3 носи да донесе да продолжиме по сигурниот пат. Заедно со граѓаните можеме уште уште повеќе и уште подобро

Скопје, 12 јули 2020

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Фото: Нејмар ја завел свршеницата на соиграчот Трап, сексапилната Изабел

Светската фудбалска ѕвезда Нејмар е дел од љубовен триаголник?!

Во редовите на францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен може да се случи хаос. Причина за тоа, како што често знае да биде е убава жена. Посебно ако овие шпекулации се покажат како вистинити.

Имено, таблоидот „ Chi" тврди дека Нејмар ја завел свршеницата на својот соиграч Кевин Трап, атрактивната бразилска манекенка Изабел Гулар.

Според нивната сторија Нејмар го искористел карантинот поради коронавирусот , тој и Изабел биле во Бразил, а нејзиното момче останало во Германија. Каде Трап веќе две години како позајмен фудбалер настапува за тимот на Ајнтрахт Франкфурт.

Наводно заводникот Нејмар стапил во контакт со една од најубавите жени на светот , „жешката“ Изабел и се обидел да ја заведе, користејќи ја нејзината осаменост, и во тоа успеал, порачува познатиот таблоид.

Дали сето ова е точно ќе покаже времето.

Според социјалните медиуми Изабел и Кевин се во љубов. Убавата Бразилка пред само два дена на својот свршеник преку видео на Инстаграм му го честитала роденденот.

Видео: Георгина вежба со задникот?!!

Атрактивната свршеница на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, убавата Георгина покажа што знае, по што мажите „полудеа“.

Поубавата половина на Кристијано, аргентинската манекенка Георгина Родригез го покажа својот неоткриен талент, вежбите со задникот.

Убавата Георгина одлучила да собере друштво дома и заедно со гостите да вежба. Но, пред да започне со вежбањето Георгина покажала неколку нејзини тајни за совршен задник.

Свршеницата на Роналдо прво одлучила малку да тверкува што со воодушевување било прифатено од нејзините фанови на социјалните мрежи.

притисни ентер