Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
1Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
3СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
ЖивотКонференција: Климатските промени бараат посериозен национален и регионален пристапКонференција посветена на државниот суверенитет, климатските политики и решавање спорови во животната средина се одржува денеска во Скопје.Конференцијата е во организација на Институтот за Мас Медиуми, Едукација и Комуникации (ИММЕК) од Скопје и ФОН Универзитетот, заедно со интересната група за право на животна средина на Американското друштво за меѓународно право (ASIL) и Глобалните правни иницијативи за одржлив развој „gLAWcal". Паоло Давиде Фара од Универзитетот Западна Вирџинија, САД, и претставник на глобалните правни иницијативи за одржлив развој „gLAWcal" смета дека владите, а особено Северна Македонија којашто треба да пристапи кон НАТО и Европската Унија, треба сериозно да работат на оваа тема. – Климатските промени и заштитата на животната средина се исклучително важни за националната, регионалната и светската безбедност бидејќи последиците од нив се одразуваат на разни проблеми поврзани со заштита на човековите права и влијаат врз економијата. Сметам дека Македонија и земјите од регионот треба заеднички да дејствуваат против климатските промени и да продолжат да се борат за заштита на животната средина и остварување одржлив развој, вели Фара. Како што информираше оретседателката на ИММЕК Институтот Фросина Антоновска на конференцијата успеале да донесат 12 говорници од различни универзитети и институти од светот што, како што рече, е навистина успех со оглед на тоа што во државава дебатата за правото на животна средина се уште не е присутна во академската фела. – Навистина се надеваме дека со разгледувањето на овие прашања од страна на меѓународни учесници и локални учесници кои работат истражувања на таа тема ќе придонесе за малку посериозен пристап во креирањето на јавните политики и на законодавството во областа на животна средина и понатаму во имплементацијата на тоа законодавство. Се надеваме дека со организирањето на овој тип на конференција ќе успееме да организираме и други на слични поврзани и други теми со кои со една компаративна анализа ќе успееме да го надминеме она што ни недостига во академската јавност, вели Антоновска. Чаму Куппусвами од правниот факултет Херфордшир, Велика Британија, пак информираше дека двајца студенти од Скопје кои студирале на нејзиниот универзитет се заслужни за организирање на овој настан. – Интересно е што во време на глобализација забележуваме не само миграција на луѓе кои заминуваат да студираат во странство, туку имаме и миграција на идеи, како што можеме да видиме од оваа конференција. Важно е да се зборува за проблемите поврзани со животната средина, но и за проблемите со кои се соочуваат земји како Македонија, рече Куппусвами./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Утре наместа ќе дува силен јуженСпоред УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.Тагови: ветер УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ФудбалКрај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказАнглискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми. Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање. Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати. Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине. Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант. Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“. Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.Тагови: Мајкл Карик Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34