Конески: СДММ тоне во безидејност, наместо поддршка на младите, се занимаваат со некрофилство - Канал 5

Конески: СДММ тоне во безидејност, наместо поддршка на младите, се занимаваат со некрофилство

СДММ по стапките на нивните ментори, тонејќи во безидејност и немање политики за младите, се занимаваат со некрофилство.

Конески: СДММ тоне во безидејност, наместо поддршка на младите, се занимаваат со некрофилство

Немањето на идеи, предлози, аргументирани критики, туку само ад хок напади врз власта, ги доведува на она место коешто се денес, а тоа е во длабока опозиција.

Иако, според Законот, членот 31 предвидува за забрана за употреба во затворени простории. Да е уште потрагично, пратениците или оние коишто им ги пишуваат пресовите, не ги читаат Законите до крај. Бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од третата категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продаваат на физички лица, коишто не треба да имаат дозвола за ракување и доаѓаат со упатство за употреба. Притоа, мора да потенцираме дека ги испочитувавме сите параметри и предвидени законски норми за одржувањето на настанот. Пред одржувањето на настанот, ги известивме МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, сите кои беа просутни за време на одржувањето на настанот.

СДММ наместо некрофилство и безидејност, треба да одговори, зошто вака не беа гласни за Модуларната болница, за Онкологија, за Дурмо турс, за Беса транс? Зошто не беа гласни кога нивните претседатели на партијата ветуваа многу проекти за млади, но ништо не остварија. Зошто не беа гласни кога се ветуваа студентски домови, нови факултети, нови вработувања за младите, нови стипендии, туку се тоа беше укинато. Зошто не прашаа каде се гугл, фејсбук и ветената стаза за Формула 1? Зошто не го прашаа Заев од каде му се парите за инвестиции за висококатници во Дубаи и акциите во индиска авиокомпанија? Зошто не го прашаа Филипче од каде му е златната виза за Дубаи?

Во времето на власт на СДС, видовме одбивност од нивната страна за граѓаните. Од друга страна, сега имаме конкретни мерки за младите. Реконструкција на студентски домови, нови факултети и реконструкција на постоечките, нови училишта и реконструкција на голем дел на постоечките училишта и капацитети за учениците, поддршка на младите земјоделци, поддршка на старт ап бизнисите, поддршка за младите при купувањето на свој нов дом исто така нов оперативен план за вработување на младите, сите се проекти кои СДС не успеа да ги оствари за време на нивното владеење.

СДС и СДММ да не се срамат во јавноста, пред да кажат нешто два пати да размислат, рече Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Венко Филипче

СДС и Филипче велат дека Мицкоски не се справил со пожарите, а нивниот градоначалник јавно му се заблагодарува.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Венко Филипче

Сашко Митовски, за вчерашниот пожар во Крива Паланка, искажа јавна благодарност до надлежните институции, но и до претседателот Мицкоски за навремената реакција и поддршка.

Филипче треба да е свесен дека пожарите се гаснат со добра координација, работа на надлежните институции и план. Зошто Филипче, како и неговиот колега од Крива Паланка, не ја поздрави навремената реакција на институциите и заштита на поголема катастрофа?

Филипче единствено што знае е да критикува без аргументи. Да ги потсетиме граѓаните, дека кога тој беше дел од власта, заедно со Зоран Заев кога Македонија беше во пламен, тие беа на грчките плажи.

Затоа СДС и Филипче немаат кредибилитет да зборуваат за пожарите, бидејќи 7 години не им текна да обезбедат ЕДНО возило за борба против огнените стихии.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

На конференцијата во Рим ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина

Учесниците на конференцијата за економско закрепнување на Украина во Рим ветија повеќе од 10 милијарди евра помош, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

На конференцијата во Рим ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина

Конференцијата, на која присуствуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, се одржува во сенка на интензивните руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев.

Зборувајќи на отворањето на конференцијата, Зеленски ги опиша нападите како „чист тероризам“.

Русија треба да се соочи со построги санкции за да се зголеми притисокот врз неа да ја запре војната во Украина, рече Мелони.

-Патот за нас е јасен: да продолжиме да ја поддржуваме Украина, а од друга страна да го одржиме или дури и да го зголемиме притисокот врз Русија, пред сè преку санкции, рече Мелони, обраќајќи се пред новинарите заедно со Зеленски по отворањето на конференцијата во Рим.

Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц се потсетија на закрепнувањето на нивните земји по Втората светска војна како пример за тоа што може да постигне Украина.

-Мислам дека треба да бидеме горди на резултатите што ги постигнавме денеска тука - нациите, меѓународните организации, финансиските институции, локалните самоуправи, деловниот сектор и граѓанското општество, рече Мелони во својот говор на отворањето на конференцијата.

„На денешната конференција, заедно ветивме повеќе од 10 милијарди евра“, додаде таа.

Конференцијата во Италија е четврта ваква конференција откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Европската комисија издвои 2,3 милијарди евра за обнова на Украина.

„Со 2,3 милијарди евра потпишани обврски, имаме намера да деблокираме до 10 милијарди евра инвестиции во реновирање на домовите, повторно отворање на болниците, оживување на бизнисите и енергетско осигурување“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„Буквално земаме удел во иднината на Украина“, додаде таа.

Лавров и Рубио разговараа за Украина и американско-руските односи

- Одржана е суштинска и искрена размена на мислења за решавање на прашањето за Украина, ситуацијата околу Иран и Сирија, како и низа други меѓународни проблеми, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Лавров и Рубио разговараа за Украина и американско-руските односи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска разговараа во Куала Лумпур за Украина и нормализацијата на функционирањето на дипломатските мисии, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

- Одржана е суштинска и искрена размена на мислења за решавање на прашањето за Украина, ситуацијата околу Иран и Сирија, како и низа други меѓународни проблеми, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

За време на состанокот на маргините на Регионалниот форум на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), Лавров и Рубио исто така ја истакнаа важноста од продолжување на работата за нормализирање на функционирањето на билатералните дипломатски мисии.

- Нагласена е важноста од понатамошна работа за нормализирање на функционирањето на билатералните дипломатски мисии. Конструктивниот и меѓусебно почитуван дијалог меѓу надворешнополитичките ресори на Русија и Соединетите Држави за сè поголем број прашања од заеднички интерес ќе продолжи, се наведува на веб-страницата на министерството.

Се додава дека дипломатите исто така ја потврдиле заедничката посветеност за изнаоѓање мирни решенија за конфликтите и обновување на соработката, вклучително и во економската сфера.

Истовремено, Рубио изјави дека имал „важен и искрен“ разговор со Лавров, на кого му го пренел незадоволството на претседателот на САД, Доналд Трамп, што Русија не покажала повеќе „флексибилност“ по прашањето за Украина.

- Потребно ни е да видиме план за понатамошно постапување за тоа како овој конфликт може да заврши, рече Рубио.

притисни ентер