Конечно продолжува реконструкцијата на Универзална сала – куполата била безбедна - Канал 5

Конечно продолжува реконструкцијата на Универзална сала – куполата била безбедна

До крајот на 2027 година, Универзалната сала повторно ќе се издигне во срцето на Скопје. 

Конечно продолжува реконструкцијата на Универзална сала – куполата била безбедна

По подолг период на административни и правни пречки, реконструкцијата конечно влегува во нова фаза. Надлежните најавуваат дека проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, со околу 20 милиони евра обезбедени од Владата преку Министерството за култура и туризам. По пожарот во 2024 година, спроведени се и повеќе експертски анализи кои потврдиле дека постоечката челична конструкција е стабилна и безбедна. Сега, според најавите на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, реконструкцијата ќе го зачува препознатливиот изглед на салата, но ќе донесе и современи архитектонски и функционални подобрувања..

-Се задржува структурата и ликот на Универзална сала, но денес имаме нови материјали, нови содржини се разбира дека се направени дополнителни измени и во делот на влезот и во делот на администрацијата, во делот на сценската технологија и хидраулика, така да имаме многу новитети, а еден од поголемите новитети е и звучната изолација која ја имаме на самата купола бидејки како што знаете салата се наоѓа меѓу стамбени објекти,- Зоран Љутков – министер за култура и туризам.

По завршувањето на реконструкцијата, како што најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Универзалната сала повторно ќе премине во надлежност на Град Скопје, кој во меѓувреме ќе обезбедува логистичка поддршка за изградбата. Овој зафат е дел и од подготовките за програмите поврзани со „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

-Ако во минатото имаше обиди и декларативни ветувања дека некој сака нешто да преземе, овде гледавме само прес-конференции и никаква активност, затоа уште еднаш ќе се заблагодарам на Владата што цврсто влегоа во овој процес за Скопје – град претстолнина на културата да добие еден објект кој што ќе биде репрезентативен за градот и за државата и еден споменик од минатото пост-земјостресно, кој што буди емоција кај сите скопјани,- Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје.

На денешниот увид во градежните работи присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази очекување проектот да се реализира во рамки на предвидениот рок и буџет.

Универзалната сала не е во функција околу 10 години, откако беше затворена поради оштетувања на кровната конструкција и опасност од паѓање делови од таванот. Реконструкцијата започната во 2021 година неколкупати беше прекинувана поради административни и правни несогласувања меѓу институциите, а дополнителен застој предизвика и пожарот во април 2024 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна.

Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм.

Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев.

Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели.

Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Кумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело.

Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот  Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“.

Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер