Конечно откриено зошто децата на Роналдо немаат мајка - Канал 5

Конечно откриено зошто децата на Роналдо немаат мајка

Иако има убави девојки, славниот фудбалер користи замрзнати ембриони за да ги создаде своите совршени мини копии. 

Конечно откриено зошто децата на Роналдо немаат мајка

Португалскиот фудбалер има четири деца, од кои три ги добил со ин витро оплодување.

Роналдо е исклучително активен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде постојано објавува фотографии од своето семејство.

Аргентинската манекенка го роди четвртото дете на Роналдо, Алан Мартин (3), откако со вештачко оплодување ги доби Кристијан јуниор (10) и близнаците, Ева и Матео (3).

По раѓањето на близнаците, британските медиуми го испитаа случајот и открија дека близнаците се зачнати во лабораторија во Лос Анџелес, а дел од документите се достапни за јавноста. Во нив е јасно видливо дека станува збор за сурогат бременост, па затоа не се гледа името на мајката. Децата се родени во Ла Меси, Калифорнија, во близина на границата со Мексико.

Тие се родени пред три и пол години, Ева во 9.07 часот, а нејзиниот брат една минута подоцна, пишува во матичната книга на родени. Ова реши барем дел од мистеријата што се шпекулираше во јавноста дека тие не се близнаци, дека не се родени од исти мајки. Изводот на родените го потпишала дежурната докторка на гинекологија Марија Кастиљо.

Водечката американска адвокатка во областа на сурогат родителството, Стефани Кабаљеро, смета дека Роналдо е биолошкиот татко на тие деца и претпоставува дека сите негови деца потекнуваат од „серија ембриони“.

Сурогат клиниките рутински оплодуваат неколку јајца истовремено, ги замрзнуваат и ги чуваат со години, во случај клиентот да сака повеќе деца. Кабаљеро откри како Роналдо можел да ги има трите деца.

Првиот чекор е да изберете една од многуте агенции во Калифорнија, каде сурогат-мајчинството стана индустрија вредна милијарди долари, бидејќи законите таму се во прилог на потенцијалните родители. Така, родители можат да станат и самци и парови од каква било ориентација и слично.

Во Португалија, сурогат-договорите се забранети со закон, особено затоа што Роналдо не е женет.

-Во Калифорнија, на агенцијата í се плаќа само 150.000 евра за близнаците, од кои 40.000 евра одат на мајката. Роналдо би можел да избере жена донатор на јајце-клетки (која обично добива околу 7.000 евра) меѓу стотиците жени чии фотографии и биографски информации се наведени на веб-страницата на агенцијата. Бидејќи е јасно дека Роналдо сакал децата да бидат негова „слика и прилика“, или како што еднаш изјави „да ги носат неговите фудбалски гени“, тој избрал слични, спортски типови на жени кои се Латиноамериканки.

Сестрата на Роналдо, Катиа (44), наводно, забележала дека децата имаат две мајки, кои се Мексиканки. По раѓањето се договараат изводи и пасоши, па така близнаците успеале да пристигнат во Шпанија, а сепак ги донесе мајката на фудбалерот затоа што тој играше за репрезентацијата на Португалија против Русија..

Според строгите услови на дискреција и правото на приватност, на жените кои донирале јајце-клетки, како и на оние кои ја износиле бременоста до крај, обично не им се кажува каде „завршиле“ децата.

Некои од старите пријатели и соседи на Роналдо сугерираат дека неговата одлука да ги одгледува децата самостојно била поттикната од неговите трауми како дете. Како најмлад од четири деца, тој израснал во сиромаштија, живеејќи во сиромашна куќа со sидови полни со азбест.

Секако, Роналдо не се огласи по ова прашање, ниту пак веројатно ќе се огласи.

Извор sport.blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер