Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЗабаваКонечно Кристијано Роналдо се вери со Георгина Родригез- над милион лајкови за половина час (ФОТО)Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се верија.Георгина го потврди тоа со објава на Инстаграм. „Да, се согласувам. И во овој живот и во сите други животи“, напиша таа покрај фотографија од огромен дијамантски прстен. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Фотографијата ја лајкнаа над милион луѓе за помалку од половина час. Филмска приказна Мадрид, 2016 година. Една од најпознатите модерни љубовни приказни се одвиваше во луксузната продавница на Гучи, каде што Георгина Родригез работеше како продавачка. Кристијано Роналдо, тогаш светска фудбалска ѕвезда, случајно влегува во продавница - сè уште не знаејќи дека оваа средба ќе започне животно поглавје кое ќе промени сè за него. Георгина подоцна го опиша моментот како нешто речиси магично - пеперутки во стомакот, срцето брзо чукаше и чувството дека нивните раце „им припаѓаат еден на друг од самиот почеток“. Роналдо отворено призна дека на почетокот не очекувал нивната врска да биде толку силна, но со текот на времето сфатил дека Георгина е жената на неговиот живот. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Официјалниот почеток на врската - 2017 година Иако првата средба беше кон крајот на 2016 година, нивната врска стана јавна на почетокот на 2017 година. Тие за прв пат се појавија заедно на доделувањето на наградите „Најдобри фудбалски награди на ФИФА“ во јануари истата година, во придружба на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо помладиот. Првата заедничка објава на Инстаграм дојде малку подоцна, во март, кога Кристијано сподели фотографија со Георгина со едноставен емотикон во форма на црвено срце. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Тие имаат две биолошки деца заедно, но Георгина одгледува и три деца што Роналдо ги доби преку сурогат мајчинство.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook