ЗабаваКонечно фатени заедно-Мбапе во врска со ѕвезда од хитови на Нетфликс!Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е „фатен“ на дело со новата девојка, актерката Естер Експозито. Речиси нема сомнение дека Килијан Мбапе и Естер Експозито се во врска! Се појави снимка од нив како излегуваат од луксузен ресторан во Мадрид, денот по Денот на вљубените, потврдувајќи дека ѕвездата на Реал Мадрид и актерката се гледаат најмалку еден месец. Според изворите, тие пристигнале околу 22:00 часот и си заминале околу 1:20 часот по полноќ по доцната вечера што предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Видеото стана вирално, на кое се гледа како двојката дискретно излегува од ресторанот во придружба на обезбедување, иако е заматено и снимено од далечина, Мбапе и Експозито се јасно видливи. View this post on Instagram A post shared by Ester 🌙 (@ester_exposito) Фудбалерот беше во опуштена, но стилска комбинација - светло сина тренерка со темни тесни панталони и црни патики, а актерката, која оди покрај него додека разговара на телефон, беше целосно облечена во бело - тесен бел капут преку светли панталони или здолниште, со бели патики. Нејзината долга руса коса и препознатливите црти на лицето се уште се забележливи иако камерата ја снима претежно од страна и одзади. 🚨 Kylian Mbappé y Ester Expósito saliendo juntos de un restaurante de Madrid 😍💕 pic.twitter.com/MT7hVnoIdX — (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) March 10, 2026 Гласините првпат се појавија кон крајот на февруари, кога се појавија информации за нивните средби во Мадрид и Париз. Тие наводно биле видени и во барот Le 10ème Ciel во хотелот „Пулман“, каде што сведоци тврдат дека се бакнувале цела вечер. Експозито, позната по своите улоги во хитовите на Нетфликс „Елита“ и „Некој мора да умре“, има повеќе од 24 милиони следбеници на Инстаграм.Тагови: Килијан Мбапе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаМакедонците во Австралија го одбележаа Денот на независностаСвештеници, претставници на црковните општини и членови на македонската заедница присуствуваа на свечениот прием во Амбасадата во КанбераМакедонците во Австралија достоинствено и свечено го одбележаа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Централното одбележување се одржа во Амбасадата на Македонија во Канбера, каде што се собраа претставници на македонската заедница од повеќе делови на Австралија. На свечениот прием присуствуваа свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, претставници на македонските православни црковни општини, претставници на Австралиско-сиднејската епархија, како и членови на македонски здруженија, организации и други истакнати претставници на македонската заедница во Австралија. Настанот претставуваше можност за заедничко чествување на еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја, но и за потврдување на силната поврзаност на иселениците со својата татковина. Присуството на претставници од различни македонски организации и црковни општини уште еднаш покажа дека верата, јазикот, културата и националното паметење остануваат цврста основа врз која се гради единството на Македонците во Австралија. Особено значење на свеченоста ѝ даде претставувањето на новоименуваниот македонски амбасадор во Австралија, Неговата Екселенција г. Стојанче Китаноски. За него ова беше прво одбележување на Денот на независноста во Австралија во својство на амбасадор. Во своето обраќање, амбасадорот Китаноски изрази благодарност за топлото добредојде и ја нагласи значајната улога на македонската заедница во Австралија. Тој посочи дека, иако далеку од татковината, Македонците остануваат обединети преку заедничката љубов кон Македонија. Македонските иселеници, со својата работа, посветеност и општествен придонес, секојдневно се нејзини достоинствени претставници во Австралија. Присутните му посакаа добредојде на амбасадорот Китаноски и успешно и плодотворно извршување на неговата дипломатска мисија, со надеж дека во претстојниот период ќе се продлабочат односите и соработката меѓу Амбасадата и македонската заедница. Свештенството и претставниците на македонските православни црковни општини го истакнаа значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во духовното, националното и културното обединување на Македонците на австралискиот континент. Македонските храмови во Австралија, покрај својата основна духовна мисија, со децении се средишта во кои се негуваат македонскиот јазик, традицијата, културата и врската со татковината. Одбележувањето во Канбера помина во свечена и пријатна атмосфера, исполнета со заедништво, почит кон минатото и надеж за иднината. Собирот уште еднаш покажа дека македонската заедница во Австралија останува силно поврзана со своите корени и подготвена за заедничко дејствување во интерес на Македонија и на Македонците ширум светот. По повод Денот на независноста беа упатени искрени честитки до сите Македонци во татковината и во дијаспората, со желби за мир, единство, благосостојба и напредок. Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА НА МПЦ – ОАТагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаСе појави видео: Ова се новите бои за „iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“Новите опции за бои ќе бидат една од најзабележителните разлики помеѓу новата линија на „iPhone“ и претходната генерација.Само неколку дена сме од претстојниот настан за лансирање на „iPhone“ на „Apple“, каде што се очекува компанијата да го претстави својот прв преклоплив „iPhone“, заедно со „iPhone 18 Pro“ и „iPhone 18 Pro Max“. Пред настанот, моделите „Pro“ сега се појавија во видео во живо. Видеото наводно прикажува демо единици на „iPhone 18 Pro Max“ во темно „Dark Cherry“, и „iPhone 18 Pro“ во сина нијанса. Според неодамнешните протечени информации, линијата „iPhone 18 Pro“ ќе биде достапна во опции темно „Dark Cherry“, „Black“ и „Sky Blue“. hands on video of iPhone 18 Pro and Pro Max demo units in Dark Cherry and Blue repectively#Apple #iPhone18 #iPhone18ProMax pic.twitter.com/nr008cEsFo — Piyush Bhasarkar (@TechKard) September 7, 2026 Се очекува бојата „Dark Cherry“, исто така наречена „Burgundy“, да биде главната боја оваа година. Што се однесува до дизајнот, не се очекува претстојните модели на „iPhone“ да донесат големи промени во споредба со линијата „iPhone 17 Pro“, па затоа новите опции за бои ќе бидат една од најзабележителните разлики. Се шпекулира дека „iPhone 18 Pro“ и „18 Pro Max“ ќе имаат нова главна задна камера со променлив отвор на блендата, заедно со чипсетот „A20 Pro“, нов модем и малку поголеми батерии. Извор: Б92Тагови: iPhone 18 Pro Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожарНа 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11