Кондомите на Куба се користат и за правење вино (ВИДЕО)

Кубанците , соочени со недостаток на производи и високи цени , се снаоѓаат на сите начини за да искористат она што е евтино.

Кубанците најдоа многу начини за користење на кондомите. Се користат при риболов , во ферментација на вино, при поправка на пукнатини , па дури и како гумички за коса. По десетиците години под економски санкции и во услови кога просечната плата е околу 30 долари , Кубанците се снаоѓаат со тоа што го имаат .

Владата , како дел од програмата против полно преносливи заболувања , ги субвенционира кондомите. Така , едно пакување чини околу четири центи. Во американската репортажа , фризрка од хавана објаснува дека ги користи при собирање на коса како стегачи . Кондомите се користат и на детски родендени како шарени балони . Рибарите ги користат така што поврзуваат неколку надувани кондоми и им служат за пловки .

Сепак на најоригинален начин ги користи Орестес Естевез. Во импровизирана винарија во неговиот дом грлото на шишето во кое има сок од грозје , го покрива со кондоми .

Додека трае ферментацијата , кондомот се надувува од гасовите , а кога ќе се изфува , тогаш виното е готово и Естевез го продава во својата гаража.

Хамас повикува на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизиски говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено синоќа од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со дронови и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

- Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа и да ја укине блокадата.

Во меѓувреме, Израел вчера ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа било едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови./МИА

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

притисни ентер