Концертот на Пендерецки на „Охридско лето“ прогласен за „Музички настан“ за 2013 - Канал 5

Концертот на Пендерецки на „Охридско лето“ прогласен за „Музички настан“ за 2013

Концертот на полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки со Македонската филхармонија одржан на 3 август во Охрид, како дел од програмата на минатогодишното издание на фестивалот „Охридско лето“ е прогласен за „музички настан“ во Република Македонија за 2013 година.

Концертот на Пендерецки на „Охридско лето“ прогласен за „Музички настан“ за 2013
Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловскана синоќа на одржаната свеченост во МНТ истакна дека е голема чест да се биде на чело на институција, која има богата традиција и голем успех на светската уметничка сцена.

- Уверена сум дека и следните фестивалски изданија ќе чекорат кон патот на успехот. Дозволете ми на крајот да ги поздравам залагањата на тимот што го реализира овој фестивал, без кои и немаше оваа приказна да биде така успешна. Ѕвезденото небо на „Охридско лето“ и во иднина ќе биде надополнето со бројни успеси и настапи на уште многу големи ѕвезди, истакна Јанкуловска.

Потсети дека и славниот композитор Пендерецки ја препознал големината на Фестивалот, судејќи според врвните уметници, кои настапиле на оваа сцена.

Признанието „најдобар музички организатор“ го понесе „Македонската опера и балет“, додека обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, која е долгогодишен селектор на музичкиот дел на програмата на „Охридско лето“ беше наградена во категоријата „меѓународна афирмација”.

На свеченоста беа доделени награди во уште шест категории „виртуози“ на музичката и балетската уметност за минатата година. „Дуо Кировски“ е добитник на признанието во категоријата „камерен ансамбл“, Бранка Костиќ-Марковиќ е наградена во категоријата „музички публицист“.

Македонскиот хармоникаш Александар Кловски е прогласен за „млад музички уметник“, оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова - „музичко-сценски уметник“ за 2013 година, додека Љубомир Бранџолица ја доби статуетката во категоријата „композитор”. Наградата за „музички изведувач“ ја понесе диригентот Борјан Цанев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ.

„Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ.

Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“.

Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска.

Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче.

„Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите .

Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер