Концертното пијано- донација за Националната опера и балет е потврда за трајните врски со Чешка - Канал 5

Концертното пијано- донација за Националната опера и балет е потврда за трајните врски со Чешка

Во Националната опера и балет вечерва се одржа пијано-концерт во организација на Амбасадата на Република Чешка, а по повод Националниот ден на оваа пријателска земја. 

Концертното пијано- донација за Националната опера и балет е потврда за трајните врски со Чешка

На концертетот беше промовиран клавир од прочуената чешка компанија „Петроф“, како донација, со што се потврдува традиционалната соработка во културата меѓу двете земји.

Во присуство на Зузана Петрофова, актуелна сопственичка на „Петроф“, бројни гости од дипломатскиот кор и од културниот и бизнис секторот во земјава, овој чин на зацврстување на односите во културата го поздрави заменик-министерот за култура, Даим Лучи.

Тој истакна дека со амабасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва се согласни дека соработката што ја негуваме во културата е вистинско богатство, но и дека сме свесни дека има уште многу можности кои не се искористени.

-Националната опера и балет е значајна културна институција со врвни музичари, кои овој гест на пријателство, манифестиран преку донацијата на концертното пијано „Петроф“, длабоко го почитуваат.

Новото концертно пијано ќе го збогати звукот и ќе го подобри квалитетот на изведбите во оваа музичко-сценска установа. Верувам дека тоа ќе ги мотивира и уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето што на крајот ќе биде врвно уживање за публиката.

Уверен сум дека вечерва ќе имаме одличен музички настан со двете реномирани чешки пијанистки, со надеж дека што поскоро на сцената на Националната опера и балет да ги видиме заедно и македонските и чешките уметници-, истакна Лучи.

Заменик-министерот за култура потенцираше дека вечерашниот настан, поддржан од Министерството за култура и од Националната опера и балет со директорот Васо Ристов, е уште една потврда дека уметноста и културата секогаш се вистинскиот чекор кон просперитетна иднина.

Пијаното е донација иницирана од Чешка, во која свој удел имаат и компании од Македонија. Овој модел на соработка отвора нови можности за подигнување на квалитетот во изведбите и на новите копродукциски соработки.

Присутните го проследија настапот на чешките пијанисти Ема Једличка Гогова и Ина Асламас-Дуо Асламас-Гогова.

Министерство за култура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Оваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе.

Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’.

Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор.

Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев.

Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници.

Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности.

,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,,

Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Партиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за влезот на Алта банка

Сватови, кредити, акции... Продолжува политичката пресметка меѓу партиите кој е виновен за влезот на Алта банка во Македонија. 

Партиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за влезот на Алта банка

Од Вреди на прес-конференција презентираа нови документи со кои тврдат дека Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои, како што велат, завршиле кај Давор Мацура. Според Вреди, од записникот на владината седница од 6 јуни 2023 година се гледа дека првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски, претседавале со седницата на која била донесена одлуката за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола, а Груби се потпишал на одлуката објавена во „Службен весник“.

- Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесуваат па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола. Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград. Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката, изјави Саранда Имери Стафаи-ВЛЕН.

Реагираа од ДУИ од каде ги отфрлија обвинувањата дека владината одлука на СДСМ и ДУИ од 2023 година го отворила патот за влез на „Алта банка“ во земјава. Одговорноста ја гледаат исклучиво кај актуелната влада и институциите што ги издале дозволите.

- Ако ДУИ ја донела Алта Банка како таа влезе во Македонија за време на вашето владеење? Како институциите што вие ги раководите го дозволија нејзиниот влез? Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: „Крадецот вика: држете го крадецот!“, велат од ДУИ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги прозваа Филипче и СДСМ дека заедно со ДУИ го отвориле патот за влез на банката, а сега, според владејачката партија, СДСМ се ставиле во одбрана на ДУИ и фирмата на сватот на Ахмети.

-Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? изјави Манасиевски.

Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ја внеле Алта банка во Македонија, сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Од опозициската партија како целосна манипулација го оценија документот од 2023-та според кој Мицкоски и власта тврдат дека претходната влада ги продала акциите за Алта.

- Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“, изјави Борозан.

Сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи, пак, за дел од медиумите, негира каква било вмешаност во случајот со Алта банка и најави тужби. Од неговата компанија „АС Сењак“ тврдат дека ниту зеле кредит од Алта банка, ниту влијаеле за нејзиниот влез на македонскиот пазар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер