ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
2ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
КултураКонцертниот караван „Македонија, во срце те носиме“ почнува вечер од ШтипСо концертот „Македонијо, во срце те носиме“ вечерва ќе биде промовиран новиот изглед на штипскиот Градски плоштад „Слобода“. Градоначалникот, Иван Јорданов, кој ги покани штипјани да бидат дел од овој настан, концертот е вистински начин да покажеме дека сме Македонци, дека имаме македонска култура, зборуваме на македонски јазик и пееме македонски песни. Посочи дека за да можат граѓаните да бидат дел од овој настан, обезбедена е линија во рамки на општинскиот линиски превоз од сите подалечни населени места. Пристигнувањето и поаѓањето во централното градско подрачје ќе биде на автобуската постројка кај Трговскиот центар. -Оваа прилика ја користам да ги повикам сите наши сограѓани вечерва во 20 часот да дојдат на Плоштадот „Слобода“. Во име на тоа како Општина и како ЈП „Стипион“ ќе организираме јавен градски превоз да има од сите подалечни населби до централното градско подрачје. Поаѓањето е во 19.30 часот, а враќањето од централното градско подрачје 21.45 часот, рече Јорданов. Новиот плоштад деновиве се уредуваше, а имаше и тестирање на новата фонтаната. -Има можност јавноста да го погледне новиот изглед на Градскиот плоштад, на чие доуредување и промена се работеше изминатиов период. Веќе работиме на сите потребни детали коишто се предвидени со самиот проект. Многу повеќе зеленило, нова фонтана, така што се надевам дека ќе имаме еден убав амбиент, рече Јорданов. Инаку, концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ ќе започне од Штип, а ќе заврши во Кочани на 1 октомври. Концерти ќе има и во Битола, Велес и Прилеп во текот на септември. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеИма ли лек за „болните“ апарати и чињањето на резултати за онколошките пациенти?Министрите се менуваат, ама проблемите на болните од канцер остануваат. Нема термини за снимање, откажуваат апарати, а кога работат и пациентите конечно ќе отидат да го завршат неопходниот чекор од кој зависи понатамошниот тек на лекувањето, пак чекаат со недели или месеци, овој пат за резултати. Нема радиолог за да ги прочита резултатите, це-де со снимката не може да добиете бидејќи не ни работи режачот на комјутерот. Вакви одговори тврдат дека добиваат дел од пациенти кои имаат метастази, а се обратија до Канал 5, но од страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни. Во последно време се повеќе и повеќе се чека за резултати, еве јас чекам еден месец, има пациенти што чекаат и по повеќе месеци. Проблемот највеќе е кај пациентите со метастази и кај кои мора да се контролира состојбата на време, за да се реагира на време, соодветно со терапија. Овој проблем е многу голем бидејќи ситуацијата може да биде многу влошена, а ние продолжуваме со терапијата од претходно бидејќи онкологот нема право да ја промени се додека не стигнат иследувањата од комјутерот или пет-скенот, или од било кое снимање, -пациент. И по чекањето на резултатот голготата не завршува, вели друг пациент од Охрид. Некогаш не даваат ни це-де, а друг пат, кога ќе побараш второ мислење, дознаваш дека резултатот не е точен, бидејќи има испуштено метастази. -Во Скопје не можеме да се изначекаме. Право да ви кажам првичните резултати што ни ги дадоа воопшто не беа погледнати убаво снимките. Кога ги однесов на второ мислење излезе дека се гледаат уште жлезди, а извештајот од нивна страна беше дека се е во ред. Лично не сум задоволна како ги читаат снимките. За мене е подобро да ми кажат дека има нешто него дека нема, бидејќи јас ќе останам без терапија, за мене тоа што значи, дека за една година може и ќе ме нема. Вториот случај барав це-де да ми дадат за да го однесам на второ мислење, ми кажаа, едноставно не работел печатачот, баш од тој комјутер јас каде што се снимав. -пациент. Откако дел од пациентите деновиве го кренаа гласот и пред медиумите ги кажаат проблемите, особено за дијагностиката бидејќи за пет-скен чекале и по 5 до 6 месеци, снимање кое на приватно чини околу 1200 евра, од Министерството соопшија дека почнувајќи од овој продолжен викенд, ПЕТ центарот ќе биде отворен и ќе работи и во саботите и неделите со цел пациентите да не чекаат долго време за снимање. Дополнително посочуваат дека од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, и се организираат снимања во две смени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗошто индивидуи сѐ почесто се ставаат во улога на сообраќајни полицајци?Самопрогласениот „полицаец“ и „бајрактарот“ со албанското знаме кои блокираа и регулираа сообраќај среде Скопје за непречено свадбарите да одат по невестата добија по 250 евра казна од полицијата. Оној во улога на „сообраќаец“ го организираше сообраќајот според своите потреби во Нерези, додека пак друиот го паркираше својот голф на крстосница, ни помалку – ни повеќе, пред законодавниот дом. Поради свадбарските обичаи и самоволие, законите отстапија токму на крстосницата пред местото каде што се носат – Собранието на Република Македонија. Од МВР велат дека веднаш по информацијата и двајцата биле повикани во станица, а и порачаа, вакво и слично самоволие нема да се толерира. -Секое недолично однесување во сообраќајот, кое директно ги става во опасност животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот од МВР нема да се толерира и секоја слична појава ќе биде санкционирана согласно законските прописи. Во сообраќајот сите треба да бидеме одговорни и да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Граѓаните се фрапирани од „шерифското“ однесување кое го нарекуваат дрско и срамно. Казните целосно ги оправдуваат, оти самиот чин претставува и опасност. -Такво самоволие не е примерно, не е во ред, замислете секојдневно тоа да биде пракса, на што ќе личи тоа? Тоа не е храброст, тоа е дрскост, и треба да се осуди секако. -Го видов тоа, свадбата, вака вртеа од тука. Тоа е срамота, повеќе од срамота има ли да се каже за тоа? Тоа како безвластие некое, секој да изиграва полицаец, не го бива. Треба да имаме пред се сите домашна култура, да бидеме хумани во сообраќајот, да ги почитуваме знаците, сообраќајните правила за да сите можеме да функционираме како што треба. Сепак, има и такви кои го оправдуваат ваквото однесување, велат се оди по невестата и не може колоната да се растури, па целиот чин го поистоветуваат со пропуштањето на возилата од Итната медицинска помош. Народната традиција секогаш таква била. Одат по невестата или одат по нешто, тоа е традиција кај нас. Не треба да се земе за зло, сега одиме по невестата, нели, една кола таму ќе остане, не можат да се соберат да одат заедно. Го оправдувам, зошто да не или како Брза Помош, нели? Како застануваме кога е Брза Помош? Брзата Помош – спасува живот – Океј. Според законот, свадбарите кои често се забележуваат во колони, немаат првенство на минување, не смеат да блокираат и да вејат знамиња по крстосници и семафори, а не смеат ниту да свират по целиот пат по кој минуваат, бидејќи сирената се користи за безбедност. Треба да се движат со прилагодена брзина и соодветно растојание и да се „помират“ ако семафорот ги раздели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. Како што тогаш вајарката Валентина Стевановска наводно за себе исцица речиси 3 милиони евра за авторски хонорари — од кои само за „Воин на коњ“ зеде 649.000 евра од вкупно 10,5 милиони евра потрошени за споменикот — така денес Владата зад непрегледни извештаи крие милионски суми за еден проект за јубилејна прослава. Народот повторно гледа иста матрица: прослава од 5,5 милиони евра потрошени за 18 настани, каде што просечно се „инвестирало“ по над 300.000 евра од настан за празнење на касата на Државна Лотарија, наместо да се вратат во Буџетот кој ете, бил празен. Од вкупно потрошените 5,5 милиони евра, дури 2,1 милион евра се заведени како „хонорари за артисти“, но Владата крие колку точно од тие пари легнале на сметката на Дејвид Гета, а колку добиле другите. Прашуваме, дали им беа фрлени трошки на домашните музичари и дали тоа некој на големо се офајди? Исто така ја прашуваме Владата, кога дознавте дека има криза со цената на горивата, а со тоа и во Буџетот, па решивте да фрлате милиони народни пари за прослави? Не можеа ли парите од дивидендата од Државна Лотарија да се искористат порационално, а прославата да биде достојна, но согласно буџетот на граѓаните? „Ова не е прослава на независноста, туку пресликана матрица од 'Скопје 2014', каде што преку спектакли и задкулисни договори се испумпуваат народни пари. За жал, на јавноста ѝ е кристално јасно дека ниту се промени матрицата на трошење, ниту желбата за местење милионски бизниси под превезот на културата, додека граѓаните тонат во сиромаштија, а институциите се распаѓаат“, порачуваат од ЛДП. ЛДП упатува директен и остар апел до Јавното обвинителство: До кога ќе молчите и ќе спиете? Ајде што не можевте да се соземете и да се разбудите од летните одмори во текот на целиот септември, но веќе сме средина на октомври и немате повеќе никаков изговор за пасивноста! Јавното обвинителство мора итно да се разбуди, по допрен глас да ги отвори сите договори за 5,5-милионската прослава и да истражи кои компании и поединци ги прибрале милионските маргини. Граѓаните бараат одговори и одговорност, а не нови фасади, скапи светла и криење зад 81 страница формални извештаи. ЛДП нема да дозволи народните пари повторно да завршуваат во приватни џебови под маската на патриотизам и забава, додека вистинските темели на државата се наоѓаат на колена. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35