Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
1Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
3Конески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нив
Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
2Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
КултураКонцертна вечер со Мешаниот хор на Косовската филхармонија вечерва на „Охридско лето" На програмата на „Охридско лето" вечерва сцената на катедралната црква „Света Софија" е резервирана за настапот на Мешаниот хор на Косовската филхармонија.Хорот на Косовската филхармонија е професионален ансамбл кој го сочинуваат 50 пејачи. Тој на своевиден начин ја продолжува работата на поранешниот хор на РТВ Приштина кој беше добро познат во регионот и пошироко во 80-те години под раководство на Рафет Руди. Хорот беше распуштен во 1990 година поради воениот конфликт, но по една деценија, во 2003 година е повторно основан, сега како дел од Косовската филхармонија и е изграден во еден од најдобрите хорски ансамбли во регионот. Нивниот репертоар е широк и вклучува дела од барокниот и романтичниот репертоар, па сѐ до дела од современите композитори: А. Перт, Е. Витакер, О. Гјело, Е. Ешенвалд, В. Тормис и др. Концертните настапи на хорот во изминатите години ги вклучуваат мисите и ораториумите од: Моцарт, Монтеверди, Бах, Вивалди, Бетовен и Хајдн, а изведуваат и светски праизведби на нови дела од косовски композитори. Хорот настапува во значајни сали и објекти како: Катедралата Св. Луис во Париз, Театарот „Вајтрок" во Хејстингс, Папската базилика Сан Паоло Фуори ле Мура во Рим, Амфитеатарот во Драч, Евхариската базилика во Пореч и др. Соработуваат со гости диригенти како: Марко Ватовец и Дамјан Мочник (Словенија), Марсио да Силва (Бразил/ В. Британија), Тошио Јанагисава (Јапонија) и др. Со својата работа Хорот на Косовската филхармонија ја продолжува традицијата на хорско пеење која на Косово е присутна од 1945 година. Диригентот Хајрула Сула има студирано композиција во класата на Менди Менгиќи на Универзитетот во Приштина и диригирање во класата на Бајар Бериша. Како диригент и композитор се претставува во повеќе земји – Косово, Албанија, Германија, Бугарија, Турција, Белгија, САД и др. Диригира со оркестри меѓу кои Косовската филхармонија, Косовскиот младински оркестар, камерниот оркестар „Реџо Мулиќи"…Во 2015 година тој е победник на Берлинската аудиција организирана од Спектрум концерти што му носи концерт во Берлинската камерна сала во 2016 година на кој се изведени неговиот Концерт за кларинет и дело за камерен оркестар. Посетува мајсторски курсеви кај диригентите Тошио Јанагисава, Рене Гуликерс, Џон Армстронг, Натали Марин, а учествува и на конференции во САД и Литванија. Добитник е на две стипендии од ММ-Универзитетот во САД. Неговиот композиторски опус содржи дела за клавирско трио и клавирски квинтет, дела за виолина и виолончело, Увертира за оркестар, Кончертино за кларинет и камерен оркестар, Концерт за виолина и оркестар,како и бројни дела за вокални состави. Во 2012 година го формира вокалниот ансамбл „Атака" кој го сочинуваат 16 професионални пејачи, а истата година станува асистент на Косовскиот филхармониски хор. Работи како наставник во музичкото училиште „Пренк Јакова" во Ѓаковица. Концертот е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Шоу бизТаа има три деца со Илон Маск, а сега е во врска со помлад продуцентКанадската музичарка Грајмс (38), чие вистинско име е Клер Буше, повторно пронајде љубов.Поранешната партнерка на Илон Маск се појави на премиерата на серијата „Blade Runner 2099“ во Лос Анџелес во четвртокот, придружувана од музичкиот продуцент Елајџа Вајнкауф, со што го привлече вниманието на јавноста. Извор близок до пејачката потврди за списанието „People“ дека двајцата се во врска веќе некое време, и дека нивното пријателство и професионална соработка со текот на времето прераснале во романса. Се заљубиле додека работеле на албум Вајнкауф, кој е во средината на своите дваесетти години, е музички продуцент познат под уметничкото име „VADAKIN“. Тој соработува со Грајмс веќе неколку години, а работел и на продукцијата на нејзиниот претстоен албум, „PSYOPERA“. Токму додека заедно работеле на нови песни, меѓу нив се родиле чувства. „Тие веќе неколку години заедно продуцираат и пишуваат песни. Се заљубиле додека работеле на новиот албум. Тој буквално ѝ помогна повторно да го пронајде својот креативен ритам“, откри извор близок до парот. Според изворот, нивната соработка се покажала како исклучително успешна, а првичните реакции за новиот албум во музичката индустрија се крајно позитивни. „Сите во музичката индустрија што ги слушнале раните снимки од албумот „PSYOPERA“ се воодушевени. Ова е нејзиниот најдобар албум уште од „Visions“ во 2012 година“, додаде изворот. Новиот дечко е целосна спротивност на нејзините поранешни партнери Изворот тврди дека Вајнкауф ѝ е голема поддршка на музичарката, опишувајќи го како смирена, внимателна и стабилна личност. „Тој е многу приземјен и се однесува кон неа со почит, што е целосна спротивност на мажите со кои таа била во минатото“, вели изворот. Изворот додава дека младиот продуцент е згоден, талентиран и љубезен, и дека Грајмс се чувствува убаво кога е со него. View this post on Instagram A post shared by ☘︎𝔊𝔯𝔦𝔪𝔢𝔰࿎ (@grimes) Иако не се знае многу за приватниот живот на Вајнкауф, познато е дека тој работи во музичка продукција и создава електронска музика. Нејзината врска со Грајмс сега го стави во центарот на вниманието на светските медиуми. Таа има три деца со Илон Маск Покрај нејзината музичка кариера, Грајмс е позната во јавноста и по својата бурна врска со американскиот милијардер Илон Маск, претприемачот кој стои зад „Tesla“ и „SpaceX“. Нивната врска започна во 2018 година, а во текот на годините што следеа, тие неколку пати раскинуваа и повторно се смируваа. Заедно имаат три деца: синовите Екс Еш Еј-Твелв (X Æ A-Xii) и Техно Механикус (Techno Mechanicus), како и ќерката Екса Дарк Сајдераел (Exa Dark Sideræl). Со години, нивната врска привлекуваше големо внимание во јавноста – не само поради необичните имиња на нивните деца, туку и поради честите промени во статусот на нивната врска. По нивното раскинување, настанаа правни спорови околу старателството и родителските права. Во 2023 година, Грајмс покрена постапка за утврдување на родителските права, а подоцна јавно зборуваше за тешкотиите со кои се соочила за време на споровите околу децата. И покрај сè, музичарката се труди да ја заштити приватноста на своите деца, нагласувајќи во неколку наврати дека не сака многу да зборува за нив во јавноста. По Маск, таа беше во врска со италијански музичар По врската со Маск, Грајмс пронајде љубов со италијанскиот музичар и диџеј Матео Милери, попознат под уметничкото име „Анима“ (Anyma). Нивната врска траеше повеќе од една година, а раскинаа во август 2025 година. Грајмс сега повторно е фокусирана на својата музичка кариера и на подготовката на нов албум, на кој соработува со својот нов партнер. Таа објасни дека нејзина главна инспирација е вештачката интелигенција – тема што со години ја истражува во своето музичко творештво. Таа планира да го издаде албумот во два дела, иако точниот датум на објавување сè уште не е познат. Извор: Индекс.хрТагови: Грајмс Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје.Објектот ќе биде отворен пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година, односно во јануари 2027. Увид во градежните работи за реализација на инвестицијата вредна 10 милиони евра, денес изврши министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која рече дека актуелната Влада го реализира тоа што го ветува. „Овој објект ќе биде вториот модерен студентски дом што ќе го отвориме со поддршка на Европската унија и Германската развојна банка – KFW со кои заедно започнавме и ќе го завршиме процесот на темелна обнова на 9 државни студентски домови и 6 државни училишта со ресурсни центри. Ова се значајни инвестиции во студентскиот стандард и во инклузијата на образовниот систем“, рече Јаневска, додавајќи дека за нивна реализација се обезбедени 86 милиони евра, од кои 60 милиони евра од KFW, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ и 4 милиони евра се буџетски средства. Потсети и дека пред два месеца беше отворен реновираниот „Стив Наумов“ со можност за сместување на 1150 студенти, а сега капацитетите се прошируваат и со овој дом, каде ќе можат да се сместат 280 лица. „Веќе видовте дека се работи за навистина одлични услови, високи стандарди за ваков тип на градби и очекувам студентите што ќе го користат овој дом да бидат задоволни, но и одговорни, за да можат што повеќе генерации да ги почувствуваат придобивките од ова јавно добро“, нагласи Јаневска. Додаде дека денот на посетата е одбран симболично, 17 ноември е Меѓународен ден на студентите, а тие се во фокусот на владините политики. „Грижата за студентскиот стандард е многу подигната во период од неколку години – практично буџетот за оваа намена е двојно зголемен ако ги споредиме 2022 и 2026 година. Продолжуваме посветено да работиме за младите да бидат задоволни од вниманието од државата, да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваат и да ги задржиме тука во сопствената земја да го реализираат својот потенцијал“, порача министерката за образование и наука. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
СветСАД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани.Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани осомничени за трговија со дрога и други сериозни кривични дела долж границата меѓу Гватемала и Мексико. Се нудат до 10 милиони долари за информации за секој од нив. Станува збор за Аксел Бладимир Монтехо Сенс, познат како „Мош“ и Валфре Доналд Калдерон-Калдерон, познат како „Ел Тениенте Џуниор“, се вели во соопштението на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот. Двајцата осомничени се бараат за трговија со дрога, изнуда, трговија со оружје и луѓе и убиство, според соопштението. Стејт департментот вели дека тие работат заедно со мексиканскиот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), кој американската администрација го означи како странска терористичка организација минатата година. Монтехо Сенс беше обвинет на 1 ноември 2018 година во Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Калифорнија, за заговор за меѓународна дистрибуција на кокаин. Калдерон-Калдерон беше обвинет по истото обвинение во истиот суд на 31 мај 2019 година. Наградите беа доделени во рамките на Програмата за награди за наркотици на САД (NRP), која ги поддржува меѓународните напори за борба против трговијата со дрога и изведување на бегалците пред лицето на правдата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter