Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
2Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
3Тргнал на патување околу светот пред речиси три децении - Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
КултураКонцертна вечер со маестро Максим Федотов и Галина Петрова на „Охридско лето“ На програмата на јубилејното 55-то фестивалско издание на „Охридско лето“ за вечерва е предвиден концертот на едно од најатрактивните дуа во светот – виолинистот Максим Федотов и пијанистката Галина Петрова.Двајцата врвни уметници, кои уште ги нарекуваат како „еден од најхармоничните ансамбли во светот“, „најдобриот Московски дует“, „Брилијантни руски виртуози“, веќе и се познати на фестивалската публика од настапот во 2001 година, кога ја добија и наградата за најдобар концерт на „Охридско Лето“ за тоа издание што ја доделуваше весникот „Нова Македонија“. За секој настап на рускиот виолинист Максим Федотов е проследен со овации од публиката и воодушевување од критичарите, кои го нарекуваат „рускиот Паганини“. Пијанистката Галина Петрова е, велат, „изведувач со врвно пијанистичко мајсторство, во комбинација со прекрасна музичка интелектуалност и уметнички шарм“. И двајцата се постојано активни на музичките сцени во светот, постигнувајќи огромни успеси. Федотов и Петрова често настапуваат заедно, а нивната одлична соработка ги носи на некои од најпрестижните сцени во светот. Максим Федотов е руски виолинист и диригент. Се школувал на Московскиот конзерваториум кај видни професори (Борис Сергеев, Игор Безродни, Владислав Чернушенко). Во текот на својата ариера настапувал на некои од најпрестижните сцени во Русија, Англија, Германија, Финска, Австрија, Шпанија, Јапонија, Италија и др. Исто така, соработувал со некои од најреномираните оркестри и уметници во Русија, но и надвор од неа. Добитник е на повеќе национални и интернационални награди. Паралелно со неговата концертна активност се одвива и диригентската. Од 2003 до 2005 година бил шеф-диригент на Рускиот симфониски оркестар, а од 2006 до 2010 се наоѓа на местото уметнички директор и шеф диригент ма Московскиот симфониски оркестар. Пијанистката Галина Петрова своето образование го стекнува на Московскиот државен конзерваториум, под менторство на Аида Исакова, Виктор Мержанов и др. Редовен гостин е на најпрестижните руски фестивали и културни настани, меѓу кои и „Ѕвездите на Москва“, „Руска зима“, „Таленти на Русија“. Покрај тоа настапувала и на многу интернационални фестивали, како што се оние во Чикаго, Загреб, Сплит, Соренто, Неапол, Мелбурн и др. Во земјите каде што настапува Петрова, многу често одржува и мајсторски школи. Оваа година двајцата уметници посвторно се на „Охридско лето“ со исклучително тешка и атрактивна програма на која се дела од Џ. Тартини, С. Прокофјев, П.И. Чајковски, Н.Р. Корсаков и А. Бородин. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во страндардниот фестивалски термин од 21 часот. Претходно, во рамки на програмата на фестивалот во салонот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот ќе биде отворена и ликовната изложба „Циклуси“, на академскиот уметник Крунислав Стојановски, која тематски ги опфаќа седумте сликарни циклуси на уметникот низ последните две децении од неговото творештво. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка.Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име. Постои само информација дека Симеон Сак управува со инвестициската група. 🚨🇵🇪 BREAKING — Hitler Mussolini: Hitler Mussolini Flores elected Mayor of Queropalca, Peru, securing 34.54% of the vote. https://t.co/hchskpwYBI — Pamphlets (@PamphletsY) October 9, 2026 И други политичари со името Хитлер Ова не е прв пат политичар со тоа име да се појави на избори. Во Перу во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Јунгар. „Јас сум добриот Хитлер“, изјави Алба за медиумите за време на кампањата. Во Намибија, од друга страна, Адолф Хитлер Уунона беше избран по петти пат по ред на локалните избори минатата година. „Како дете, тоа име ми изгледаше сосема нормално“, изјави Уунона за Би-Би-Си.Тагови: Мусолини Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаНови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела ВодаГрадоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Проектот во моментов се наоѓа во напредна фаза на реализација.Карабината на новата доградба е целосно завршена, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот. Новиот училишен простор се простира на околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт. - Доградбата на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско, во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ЕвропаМеланшон; „Бастилја повторно освоена“ по големиот студентски митинг во ПаризЖан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, изјави дека бастилја е „повторно освоена“, откако студентите организираа демонстрации низ целата земја - вклучително и голем митинг на озлогласениот плоштад Бастилја воВо меѓувреме, подоцна истиот ден, францускиот министер за образование, Едуар Жефри, објави дека 3.000 заменски наставници ќе бидат распоредени во училиштата што се соочуваат со недостиг на кадри. Главните протести во четвртокот беа дел од движењето предводено од студентите кое започна на 17 септември во предградијата на Париз, пред постепено да се развие во поширока кампања за решавање на проблеми, вклучувајќи ги долгите училишни денови, преполните училишта и отсуствата на наставниците.лидерот на „Непокорна Франција“ и неговите сојузници беа обвинети од нивните противници за поттикнување немири и манипулирање со младите луѓе за политичка корист. Меланшон ги отфрли овие критики, нагласувајќи дека и покрај фактот дека неговата партија ги поддржува протестите, тие беа независно започнати од студенти. Коалицијата на студенти и професионални синдикати повика на уште еден ден протести и штрајкови на 13 октомври, а понатамошна голема мобилизација е планирана за 17 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00