Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураКонцертна вечер на „Охридско лето“ со сопранистка Жанг и пијанистот СинадиновиќКонцертна вечер на „Охридско лето“ со кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ.Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со концерт на кинеската сопранистка Ванже Жанг, во придружба на српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ. Ванже Жанг е истакната кинеска сопранистка чија вонвременска убавина на нејзиниот глас ги надминува географските граници. Како прва кинеска носителка на главна ролја во Белградската опера, Жанг е визионер и голем поборник за културна размена и образование на младите. Преку нејзиното делување како претседател на Фондацијата „Universal Artists“ и заменик претседател на Кинеско – српскиот центар за научна и културна размена, таа е предводник на иницијативата зa соработка помеѓу Далечниот исток и Западот преку универзалниот јазик на музиката. Нејзиното вокално мајсторство прозвучило на некои од најпрестижните сцени како Бостонскиот „Симфони хол“, Карнеги хол, „Коларац“ во Белград, Шангајскиот центар за ориентални уметности, театарот во Хангжу како и во зградата на Обединетите нации во Њујорк. Надвор од сцената, таа е вистински културен амбасадор организирајќи турнеи на американски ансамбли и институции во Кина, одржувајќи и организирајќи мајсторски курсеви за соло пејачи како и организирајќи фестивали во Белград, Европа и Кина. Жанг музичкото образование го започнува во Пекинг во класата на тенорот Хаитао Хеи, за потоа да се усовршува на Конзерваториумот во Бостон под менторство на Карен Холвик во чија класа и дипломира. Во 2019 година станува прв кинески докторанд по соло пеење и вокална интерпретација на ФМУ во Белград во класата на Катарина Јовановиќ. Синадин (Дејан Синадиновиќ) е пијанист и професор на Факултетот за музичка уметност во Белград. Преку педагошките влијанија на неговите професори Арбо Валдма и Елисо Вирсаладзе тој е поврзан со значајните традиции на Артур Шнабел од една, и на Јаков Зак и Хајнријх Нојхаус од друга страна. Остварува настапи во престижни концертни сали одржувајќи преку сто рецитали на фестивали во Италија, Франција, Шпанија, Полска, Германија, Белгија, Швајцарија, Англија, Црна Гора, Грција, Северен Кипар, Турција, Данска, Романија, Русија како и во САД, Канада и Кина. Синадин е раководител не бројни мајсторски курсеви и семинари во Русија и Кина, а соработува со филхармониските оркестри во Полска (Подкарпатска и Вроцлавска филхармонија) како и со квартетите „Артис“, „Минети“ од Виена, Италијанскиот квартет „Меридес“ и интернационалниот ансамбл „Синергија 6“. Настапува на фестивали во регионот како „Музички вечери во Св. Донат“ во Задар, Осорски музички вечери, Фестивалите во Дубровник и Будва, како и на Бемус и Битеф во Белград. Во 2023 година со успех настапувал на турнеја низ Кина на интернационалниот фестивал за уметности во Шангај, одржувајќи семинари, работилници, концерти во повеќе кинески градови. Соработува со истакнати уметници во камерни ансамбли или како дуо. Со Катарина Јовановиќ го формираат дуото „Мемнон“, а со сопранот Ванже Жанг се познати како дуо „Свила и ветер“. Синадин има издадено 3 ЦД-а за шпанската издавачка куќа КНС Класикс и 12 ЦД-а за Анима Рекордс во Париз. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот. На програмата се избрани композиции на Шуман, Ји Жоу, Динг Шанде, Цу Хуанг, Черепнин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00