Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
2Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
КултураКонцертите на Трпчески со Лондонскиот симфониски оркестар со позитивни рецензииРецензентот на „Стандард“, Бери Милингтон во својот критички осврт посочи дека македонскиот пијанист Симон Трпчески има лојални следбеници и е технички брилијантен, но полн со суптилни детали.Пијанистот Симон Трпчески и Лондонскиот симфониски оркестар со диригентот Џанандреа Нозеда од Италија на 7-ми и 10-ти декември во салата „Барбикан“ во Лондон хронолошки ги изведоа првиот и вториот концерт за пијано и оркестар на Брамс, при што наидоа на позитивни рецензии во лондонските медиуми, информира „КултурОп“. -Симон Трпчески беше остроумен и елегантен солист во Вториот концерт за пијано на Брамс“. Длабоко проживеана изведба на Вториот концерт за пијано на Брамс со Симон Трпчески како солист. Тој внесе многу тежина, увид и драма во органски развивачкиот почетен став и турбулентното скерцо, а сепак деликатноста на неговото свирење најмногу ќе остане во сеќавањето на друго место - чувството за тивка тишина во центарот на бавниот став, на пример, или грациозноста на финалето, со неговата ненагласена елеганција и духовитост, пишува критичарот на „Гвардијан“, Тим Ешли. Рецензентот на „Стандард“, Бери Милингтон во својот критички осврт посочи дека македонскиот пијанист Симон Трпчески има лојални следбеници и е технички брилијантен, но полн со суптилни детали. Како што посочи, елоквентноста со која Тимоти Џонс го свиреше соло воведниот дел на хорна беше усогласен со извонредниот одговор на Трпчески, формулиран и одмерен до совршенство. -Трпчески има близок однос и со оркестарските музичари. Тој низ пијаното охрабрувачки и’ се насмевна на главната виолончелистка, Ребека Гиливер, додека таа се подготвуваше да го свири солото што го започнува бавниот став и што таа го направи со чувство кое допира. Гиливер беше наградена и со продолжен бакнеж од Трпчески кога уметниците и’ се поклонуваа на публиката. Не сум го слушнал овој концерт изведен со таква воодушевувачки експресивна широчина, откако Даниел Баренбоим го свиреше во истата сала под диригентската палка на Антонио Папано, кој сега ја презема улогата на главен диригент на ЛСО. Тоа беше пред 18 години, поентира критичарот Милингтон. Кон првата концертна вечер на која екипата го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар од Брамс, критичарот на порталот за класична музика „Бахтрек“, Рој Вестбрук напиша дека солистот Симон Трпчески покажа целосно владеење на пијанистичката делница, вешто снаоѓајќи се низ нејзината очигледно незгодна испишаност за тастатурата. -Односот на пијаното со оркестарот се менува од утеха до конфронтација. Успеа и во двете, а посебно беше импресивен во првото... Адаџото беше благослов, соодветно затоа што ракописот е напишан Benedictus qui venit in nomine Domini. Без разлика дали се однесува на трагедијата на Роберт Шуман или не, тоа влијаеше врз пијанистот. Трпчески постави живо темпо во стартот на финалето, а еланот во неговото свирење и изведбата на Лондонскиот симфониски оркестар заработија искрени овации во преполната сала, пишува Вестбрук. Инаку, снимката од изведбата на Вториот концерт за пијано и оркестар со Трпчески, Нозеда и ЛСО ќе биде емитувана на Третата програма на Би-Би-Си на 19 февруари. Симон Трпчески концертната 2023 година ќе ја заокружи на 23 декември во салата „Коларац“ во Белград каде што со Симфонискиот оркестар на Српската радио-телевизија под палката на шеф-диригентот Бојан Суѓиќ ќе го изведе Вториот концерт за пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратонШеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид. Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиноќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слободаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено... Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригадаЗаменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ. Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter