Концертите како современ начин на заштита на културното нематеријално наследство

 Концертот на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка" од Тетово што се одржи вчера е наша главна активност во насока на заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство, порачаа од Здружението. 

Во рамки на проектот Експериментално-едукативна работилница за фолклор" здружението спроведе и низа активности во чиј фокус беа фолклорните компоненти, а концертот завршна програмска активност.

-Задача на овој проект беше членовите на фолклорната секција на Здружението, покрај основните чекори и кореографија, да научат и нешто повеќе за фолклорот, за значењето на поимот фолклор, за карактеристиките на македонскиот и српскиот фолклор, за потеклото и значењето на ората кои ги играат. Во тој дел предавања одржа Ненад Вукојичиќ, етномузиколог и член на оркестарот на Здружението. Снежана Ефковска, кореограф на фолклорната секција на Здружението го водешеа делот на работилницата на кој се изработуваа делови на народните носии: машни, венчиња, шарени торбички, појаси и слично. Тука Здружението оствари соработка со Основното училиште „Вук Караџиќ" од Дољевац, Република Србија и се вклучи во нивниот проект „Плетемо торбицу за Добрицу" (во чест на поетот Добрица Ериќ), и изработените шарени торбички се испратени во училиштето во Дољевац на продажна акција, истакна претседателката на Здружението, Соња Андонов.

Покрај оркестарот и фолклорната секција на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка" од Тетово вчерашниот концерт го збогатија и гости од Србија. Настапија членовите на пеачката група на Здружението на Македонци „Јабука" од Јабука, како и изведбата монолози и песни од делото „Коштана" на актерот Драган Станковиќ од Народниот театар „Бора Станковиќ" од Врање и Тијана Вучковиќ, вокален солист од истиот град.

Фолклорната секција на КУД Бранко Чајка настапи со „Билјана платно белеше" и „Тресеница" , а оркестарот и вокалниот солист Драгиша Аврамовски, со песните за тетовските убавици-Трпана, Епса Димушева, Ѓорушица, Благуња Пожаранка, Аџи Зора и други.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер