Концерти на „Танец“ во Охрид и Прилеп - Канал 5

Концерти на „Танец“ во Охрид и Прилеп

На сцената „Долни Сарај“ во Охрид вечерва ќе концерт ќе одржи ансамблот „Танец“, со што свечено ќе биде отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри.

Концерти на „Танец“ во Охрид и Прилеп

Два дена потоа, на 5 јули, на летната сцена на Заводот и музеј во Прилеп, „Танец“ ќе има целовечерен концерт со изворен вокално-инструментален репертоар, по повод свеченото отворање на јубилејниот 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски - Долнени.

- Секако, и овогодинешната културно-сценската манифестација „Галичка свадба“ нема да да помине без Танец, каде ансамблот на 13 и 14 јули ексклузивно ќе ги изведе ората „Тешкото“, „Невестинско“ и „Манукот“, а на 2 август, како и досега, Танец и оваа полусезона ќе ја заврши со традиционалните концертни настапи во Крушево и Пелинце, по повод големиот македонски празник Илинден, најавуваат од „Танец“.

На 25 јули традиционално „Танец“ ќе има голем концерт спроти Меѓународниот фолклорен фестивал „Илинденски денови“ каде ќе настапи целиот ансамбл со богата кореографска и вокално-инструментална програма.

- Јубилејната концертна сезона на Танец продолжува веќе во септември, со балканската турнеја на проектот „Фолклорно-класична симбиоза„ (грандиозниот заеднички концерт на Танец со оркестарот и хорот на Националната опера и балет), после која ќе следува ноемврискиот гала концерт по повод централно одбележување на 75-годишнината на НУ Танец и секако, традиционалниот новогодишен концерт кон крајот на декември. Во меѓувреме Танец нема да ги запостави и настапите низ татковината и ќе одржи уште неколку концерти во Велес, Струмица и Свети Николе, соопштија од ансамблот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција воведува ред на плажите: На Халкидики отстранија стотина лежалки и чадори (ВИДЕО)

Општината Полигирос на Халкидики рано утрово спроведе акција за отстранување на фиксните чадори и лежалки кои зафаќаа делови од брегот и го ограничија слободниот пристап за капачите.

Грција воведува ред на плажите: На Халкидики отстранија стотина лежалки и чадори (ВИДЕО)

Општинските работници, во присуство на заменик-градоначалникот на Полигирос Василис Фардогијанис, со помош на камион, две земјоделски возила и багер, отстранија 100 чадори и лежалки кои беа поставени, фиксирани и трајно заклучени на плажата во Геракини, објавува грчката Прототема.

Општината претходно издаде соопштение во кое ги повикува граѓаните и туристите да ги отстранат чадорите, лежалките и секоја друга опрема што беше трајно оставена на брегот и плажата.

Сепак, многумина не постапија по апелот, па општинските екипи пристапија кон нивно отстранување.

„Ова не е потег насочен против никого. Тоа е целосно оправдана интервенција за заштита на јавниот простор и спроведување правила што важат за сите. Општината ќе продолжи со контроли и интервенции каде што е потребно, со цел бреговите да бидат чисти, слободни и достапни за жителите и посетителите“, рече Фардогијанис.

Според надлежната служба за земјиште, отстранетите чадори и лежалки се третираат како отпад и затоа се транспортирани во објект за рециклирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)

Холандскиот производител на луксузни автомобили Spyker се врати на пазарот пет години откако банкротираше благодарение на финансиска инјекција од украински крипто милијардер.

Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)

Компанијата претстави нов модел вреден еден и пол милион евра во Соединетите Американски Држави, а богатите колекционери веќе го зграпчија речиси целиот производствен тираж.

Сопственикот на компанијата, Виктор Милер, го претстави моделот C8 Preliator XXV на јавноста. Од 25-те планирани примероци, клиентите веќе резервирале 19 автомобили. Милер очекува целото ограничено издание да биде продадено до крајот на оваа недела.

Менаџментот намерно избегна дигитална премиера и се одлучи за ексклузивна демонстрација во живо на возилото. Милер нагласува дека потенцијалните купувачи мора физички да ја почувствуваат премиум кожата и да го видат секој детал од рачно изработениот производ пред да издвојат толку пари. Екранот едноставно не може да го пренесе вистинскиот квалитет на луксузните материјали.

Крипто капиталот ги започна застојаните патеки

Зад ова нереално враќање стои Володимир Носов, украински инвеститор и страствен колекционер. Неговиот капитал му овозможи на брендот да надмине тешки правни и финансиски проблеми. Компанијата претходно доживеа целосен колапс во 2021 година, а потоа се чинеше дека приказната за холандските супер автомобили е засекогаш завршена.

Пазарот претходно покажа глад за овие ексклузивни возила, но производството не можеше да преживее без стабилно финансирање. Носов ја препозна вредноста на уникатниот дизајн и инвестираше пари потребни за рестартирање на фабриката.

Историја долга еден и пол век полна со подеми и падови

Корените на овој бренд датираат од пред 146 години, кога браќата Спајкер граделе луксузни вагони. Производството подоцна успешно се проширило на тркачки автомобили и авиони, но оригиналната компанија била затворена во 1926 година.

Модерниот Спајкер се појавил дури кон крајот на 1990-тите. Иако немаат правен континуитет со оригиналната фабрика, новите сопственици го презедоа познатото име и препознатливиот дизајнерски знак инспириран од авијацијата. Сега тие имаат нова можност да докажат дека овој историски бренд припаѓа на самиот врв на автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелски министер со повик да се убиваат по 30 до 40 Палестинци дневно- ЕУ разгледува санкции

Европската комисија денеска го повика Израел да го почитува меѓународното право, а причината беа изјавите на радикално десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир.

Израелски министер со повик да се убиваат по 30 до 40 Палестинци дневно- ЕУ разгледува санкции

Тој се залага за убивање на десетици Палестинци во Газа секоја вечер, јавува агенцијата Анадолија.

Реакција од Брисел

„ЕУ очекува Израел да ги исполни сите свои обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право“, изјави портпаролката Анита Хипер на прес-конференцијата на Европската комисија. Таа нагласи дека заштитата на цивилите мора да се обезбеди во секое време.

Хипер додаде дека Советот ја разгледува можноста за воведување санкции против Бен-Гвир. „Исто така, сакам да потсетам дека Советот во моментов разгледува предлог за вклучување на Бен-Гвир на листата на санкции во рамките на глобалниот режим на санкции за човекови права“, рече таа.

Барањата на Бен-Гвир

Израелски министер неодамна повика на поинтензивни воздушни напади врз Појасот Газа и рече дека Израел треба да убива „30 до 40“ Палестинци дневно. Тој, исто така, ги повтори повиците до Израелците да се населат во палестинската енклава на штета на локалното население.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер