Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
КултураКонцерти на Македонската филхамонија на 7 и 8 октомври во ЊујоркРепублика Македонија ќе се претстави со два концертни настапи на 7 и 8 октомври на Камерниот оркестар на Македонската филхамонија во престижната Карнеги хол и во реномираниот музички центар Кауфман во Њујорк.Ова гостување на нашиот национален оркестар е голем успех за македонските уметници, за македонската култура и за Република Македонија која е земја со врвни уметнички потенцијали кои заслужуваат посебно внимание и соодветна промоција во светот. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, која рече дека на 7 октомври во Кауфман на првиот концерт на камерниот оркестар на Македонската филхармонија која првпат во овој состав настапува во Њујорк, под дигирентската палка на Борјан Цанев ќе настапи кларинетистот Исмаил Лумановски, кој живее во Њујорк. - Особено значајно е што на овој концерт во престижниот центар за изведувачки уметности Кауфман, во кој настапуваат врвни репродуктивни уметници од целиот свет, ќе бидат изведени светски автори како Бела Барток и Хасан Тура, но пред американската публика ќе биде претставено и дело на македонскиот автор Гоце Коларовски, што е особена важност за афирмација на македонското современо творештво, посочи Канческа - Милевска. Појасни дека на вториот концерт на 8 октомври во Карнеги хол, кој има 125-годишна традиција и во кој редовно концертираат најголемите музички имиња на денешницата, членовите на Македонската филхамонија ќе музицираат со нашиот реномиран композитор и текстописец Дуке Бојаџиев, кој долги години живее и работи во Њујорк, а како гости ќе настапат Каролина Гочева, Александар Петров и Васко Дуковски. Во Њујорк, нагласи министерката, ќе се реализираат уште два значајни настани во овој период, а тоа е отворањето на изложбата на македонските реномирани уметници Ацо Таневски и Ирена Пирковска која ќе биде поставена во Македонскиот културен центар, како и промоцијата на аудио изданието со традиционални македонски изворни песни од 60 и 70-тите години на минатиот век, во издание на издавачкиот оддел на еден од најголемите музеи во Америка „Смитсонијан музеј“. Изданието е поддржано од реномирана американска фондација за музика и уметност, како и од Обединетата македонска дијаспора. - Во контекст на претставувањата во Њујорк би сакала да истакнам дека оваа година се реализираа повеќе гостувања на македонските уметници во Македонскиот културен центар: концерти на Зоран Сотиров, трио-то „Акордиом“, Даница Стојанова, пијано-дуото „Гелебешеви“, изложби на реномираните македонски уметници Гоце Наневски, Иван Блажев, Сашо и Пандора Саздовски, Наташа Милованчев, Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска, како и претставување на творештвото на Киро Урдин, рече Канческа-Милевска. Додаде дека до крајот на годинава со поддршка на Министерството за култура, ќе се реализираат и ликовните претставувања на македонските уметници Стеван Шашков, Дита Старова, Зарије Амдиу и Шќипе Мехмети, заедничката изложба на Џезаир Реџепи, Бејтула Заими и Луан Зенки, како и концертот на реномираниот оперски солист Ѓорѓи Цуцковски. Директорката на Македонската филхамонија, Маја Чанаќевиќ се заблагодари за поддршката на Министерството за култура бидејќи ова, како што посочи, е многу голем настан за Република Македонија и за Македонската филхармонија. - Голема реткост е секаде во светот Министерство за култура да поддржува целосно вакви големи проекти на националните куќи. Да се настапува во вакви престижни концертни сали е навистина голем престиж за кој било музичар и музичка институција. Најдобрите имиња се во концертните сезони во двете сали. Да се биде дел од една ваква концертна сезона е веројатно остварување на еден голем сон, рече Чанаќевиќ. Нагласи дека интересот за концертите е голем и речиси сите билети се поделени. Одлучивме, потенцира таа, концертите да бидат со слободен влез бидејќи би сакале што поголема публика да има можност да види што Македонија има како музичко творештво, како музичко културно наследство. Диригентот Борјан Цанев осврнувајќи се на програмата рече дека многу вниматално ја избирале и таа опфаќа избор на македонски композитор, презентација на македонското музичко творештво, македонски изведувач... Додаде дека работат многу напорно и ќе се претстават најдобро што можат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје Ве загрижува ли честото ? Знаци на кои треба да обрнете вниманиеДоколку често се борите со краткотрајно губење на помнењето, збунетост или проблеми со перцепција на просторот, просторна ориентација, можеби е време да посетите специјалист. Ризикот од развој на деменција се зголемува со возраста, особено ако оваа состојба е присутна и во вашето семејство. Но, како да знаете дали вашите повремени тешкотии во размислувањето, помнењето и носењето одлуки се само знаци на стареење или, пак, рани показатели за деменција? „Деменцијата, генерално кажано, претставува состојба при која доаѓа до значително опаѓање на способноста на лицето да размислува, а оваа промена води кон намалена способност за функционирање и грижа за себе“, објаснува невропсихологот Арон Бонер-Џексон, пренесува „Кливленд клиник“ (Cleveland Clinic). Д-р Бонер-Џексон ги наведе 10-те најчести рани знаци на деменција и даде конкретни совети што да преземете доколку сте загрижени дека можеби развивате деменција. Во повеќето случаи, луѓето кај кои се развива деменција, без оглед на нејзиниот тип, првично доживуваат релативно слични симптоми кои со текот на времето се влошуваат. Овие симптоми не влијаат само врз способноста за јасно размислување и дејствување, туку можат да влијаат и врз физичкото, менталното и емоционалното здравје. Честопати, раните знаци на деменција се јавуваат во комбинација со тешкотии при прилагодување на промени во секојдневната рутина, како и со специфични обрасци на однесување и размислување. 1. Проблеми со краткорочната меморија Губењето на краткорочната меморија често е најран знак за деменција и Алцхајмерова болест. Тоа се разликува од повремената заборавеност и се јавува почесто во различни ситуации, при што може да го попречи извршувањето на секојдневните активности. На пример, може да заборавите да завршите одредени задачи, како што се гасење на светлата или ставање на алиштата во машината за перење; може да заборавите што сте правеле среде некоја активност; или, пак, за време на разговор, да заборавите за што сте зборувале или кои биле одговорите на одредени прашања. „Луѓето можат совршено да се сетат на работи од пред многу години“, забележува д-р Бонер-Џексон. „Но, фрустрирачки е тоа што не можат да се сетат што правеле вчера или утрово.“ 2. Промени во расположението или однесувањето „Често гледаме промени во расположението или однесувањето уште во раната фаза на деменцијата“, додава д-р Бонер-Џексон. „Лицето може да покаже помал интерес за работи во кои претходно уживало. Може да стане поповлечено во социјална смисла и да не сака да биде во друштво на луѓе толку често како порано. Можеби веќе не наоѓа задоволство во работите во кои некогаш уживало. Исто така, може да стане пораздразливо, лесно да се фрустрира или да чувствува поголема вознемиреност отколку претходно.“ 3. Губење во познати средини Кога имате деменција, може повремено да заталкате или да се изгубите во познати средини – како што се вашето соседство, вообичаената рута до работа или училиште, па дури и во сопствениот дом. „Мислам дека најмногу загрижува кога луѓето ќе отидат со автомобил до продавница, што е оддалечена само еден километар, а потоа ќе се изгубат на враќање – патување кое инаку би требало да биде сосема едноставно“, вели д-р Бонер-Џексон. 4. Зголемена збунетост Во раните фази, може да се најдете збунети во различни ситуации. Може да имате потешкотии да сфатите каде се наоѓате или кој месец е, и да не бидете во можност сами да ги решите овие или други проблеми. Неможноста да се обрне внимание дури и на најситните детали, како и тешкотиите во расудувањето, дополнително ја влошуваат оваа збунетост. „Ако некој е задолжен за плаќање на сметките за домаќинството, може да почне да заборава да ги плати – или пак, може да плати некоја сметка, да заборави дека веќе го сторил тоа и повторно да ја плати, или едноставно да направи грешка. Слушаме приказни каде што некој прави грешка во износот – на пример, додава една нула повеќе – и одеднаш должи голема сума, или на крајот плаќа многу повеќе отколку што всушност должи“, објаснува тој. 5. Тешкотии при справување со промени Во раните фази на деменцијата, промените можат да бидат исклучително тешки за прифаќање. Може да почувствувате засилен страв, раздразливост или дезориентираност кога ќе се соочите со нови предизвици или пречки, што може да ве наведе цврсто да се држите до познатите рутини. Ако нешто ја наруши вашата рутина, може да ви биде тешко да се прилагодите на промената. „Чест пример е промената во режимот на земање лекови“, појаснува докторот. „Лицето треба да земе нов лек, кој не е дел од неговата вообичаена рутина. Токму тогаш може да почне да заборава дека треба да го земе лекот.“ 6. Промени во рационалното расудување и просторната свесност Лицето со деменција може да доживее суптилни или значителни промени во своите обрасци на однесување или во способностите за расудување. Ненадејните, импулсивни постапки – како што се преминување на улица без да се провери дали доаѓа возило или грубо однесување кон другите може да станат почести, дури и ако таквото однесување претходно не било карактеристично за таа личност. 7. Тешкотии при донесување одлуки Чувството на парализираност пред потребата за носење одлуки може да биде ран знак за деменција, особено ако ви е потребна помош да направите избор. Заморот од носење одлуки може да го отежне извршувањето на секојдневните активности, како што се избирање облека, купување одредени предмети или одлучување помеѓу подготовка на вечера и одење на прошетка. „Ако некој има проблем при донесување одлуки или лесно се збунува во ситуации со кои инаку би можел без проблем да се справи, тоа може да биде причина за загриженост“, истакнува д-р Бонер-Џексон. 8. Тешкотии при извршување нови или познати задачи Еден од раните знаци за деменција е суптилната тешкотија во извршување на секојдневните задачи. На пример, може да ви биде тешко да следите рецепт, да се придржувате до упатствата за составување нов мебел или да управувате со финансиите, сметките и буџетот. Ако имате симптоми на деменција, дури и учењето нови хобија или вклучувањето во нови активности може да ви изгледа покомплицирано отколку порано. „Лицето со деменција веројатно ќе има поголеми тешкотии при учење нови вештини или навики, што го отежнува започнувањето ново хоби или учеството во нова активност. На пример, може да имаат потешкотии да ги запамтат правилата на нова игра со карти или да се сетат на следните чекори во некој проект за шиење“, вели докторката. 9. Чувство дека не сте толку брзи Нормално е да забавите малку како што стареете, но тоа не треба премногу да влијае на вашата способност да функционирате во текот на денот. „Некои забележуваат дека се чувствуваат помалку координирано. Некои чувствуваат како да им се забавило размислувањето и можеби одат побавно“, вели д-р Бонер-Џексон. 10. Тешкотија во следење на разговорите Дел од тоа забавување често влијае на способноста за одржување на комуникација. Можеби ќе имате проблем да ги изразите вашите мисли, да разберете што зборуваат другите или да ги најдете вистинските зборови во тековниот разговор. Други физички симптоми на деменција може да се појават во форма на губење на видот или слухот. „Губењето на слухот е фактор што може да предиспонира за деменција. Ако видот е слаб, ќе биде потешко да се обработат информации“, објаснува тој. Рани знаци кај мажите и жените Познато е дека Алцхајмеровата болест различно ги погодува жените - тие побрзо се влошуваат по дијагнозата, особено ако го имаат генот аполипопротеин Е (APOE)-ε4 (кој е наследен). Всушност, две третини од дијагностицираните случаи на деменција и Алцхајмерова болест во САД се жени. „Не знаеме точно дали овие повисоки стапки се поради тоа што жените живеат подолго од мажите или дали жените имаат поголем ризик на истата возраст. Но, знаеме дека ризикот од Алцхајмерова болест и деменција воопшто се зголемува со стареењето“, вели докторот. Што да се прави? Клучно во дијагностицирањето деменција е прво да побарате стручна помош, а прв чекор е вашиот лекар. Доколку е потребно, тој ќе ве упати кај невролог или друг специјалист за целосна проценка. Пред дијагнозата, лекарите ќе направат неколку тестови кои вклучуваат тестирање на рамнотежа, координација и рефлекс, когнитивно тестирање, невропсихолошко тестирање, скенирање на мозокот и тестови на крвта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЗдравјеЧеста вечерна навика која може да го оштети црниот дробЈадењето доцна навечер придонесува до поголема телесна тежина, но научниците предупредуваат дека ваквата навика може да влијае на црниот дроб.Резултатите од истражувања, објавени во списанието *Clinical Gastroenterology and Hepatology*, покажале дека луѓето кои консумираат дополнителна храна по вечерата или непосредно пред спиење се соочуваат со значително поголем ризик од стеатоза на црниот дроб,заболување поврзано со метаболичка дисфункција (состојба при која во црниот дроб се акумулира масно ткиво) или цироза. „Знаеме дека црниот дроб во голема мера е синхронизиран со циркадијалниот ритам на телото“, вели главниот автор, д-р Роберт Вилечански од Универзитетот за здравје и наука во Орегон (OHSU). „Затоа, нè интересира промената на времето на консумирање храна која би придонела подобро здравје без притоа да се менува составот на она што луѓето го јадат“, додава тој. Пораст на заболувањата на црниот дроб Студија спроведена врз население во САД покажала зголемување на сите форми на заболувања на црниот дроб за 20-30 % кај лица кои изјавиле дека јадат доцна навечер, во споредба со оние кои не го прават тоа. „Важно е да се напомене дека, луѓето кај кои се развива замастен црн дроб, само кај мал дел подоцна се развиваат потешки форми на состојбата, како што е цирозата“, вели д-р Вилечански. „Вреди да се истакне дека ограничувањето на внесување калории неколку часа пред спиење може да биде корисно.“ „Можеме да го потврдиме она што веќе го знаеме: дека обрасците на однесување – без разлика дали се однесуваат на спиењето, исхраната или физичката активност – се навистина важни“, вели д-р Ендрју Мекхил, физиолог специјализиран за спиење и циркадијални ритми на OHSU. „На пример, покажавме дека консумирањето храна навечер – кога внатрешниот биолошки часовник го поттикнува спиењето – ја намалува способноста на телото ефикасно да ја метаболизира храната. Ова, на крајот, може да доведе до дебелина, дијабетес, а според најновите истражувања, и до нарушено здравје на црниот дроб“, изјави тој. Постојат многу видови заболувања на црниот дроб, од кои некои не покажуваат никакви симптоми. Симптомите на цироза вклучуваат постојан замор и слабост, губење на апетитот, намален сексуален нагон, жолтица, чешање на кожата и гадење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter