Концерти на КАНТОН6 и Глигор Кондовски во рамки на проектот „Џез во Центарот“ - Канал 5

Концерти на КАНТОН6 и Глигор Кондовски во рамки на проектот „Џез во Центарот“

„Џез во Центарот“ е насочен кон музичко оплеменување на градските-центарски катчиња, оние места кои секојдневно ги одминуваме брзајќи некаде. 

Концерти на КАНТОН6 и Глигор Кондовски во рамки на проектот „Џез во Центарот“

Во петок, 21-ви јули, во рамки на проектот „Џез во Центарот“ во кафе книжарница „Буква“ со концерт во живо ќе настапат реномираните домашни автори и изведувачи, бендот КАНТОН6 и Глигор Кондовски, музичари кои соработуваат и издаваат за дискографската куќа ПМГ Рекордингс/ПМГ Џез.

„Џез во Центарот“ е насочен кон музичко оплеменување на градските-центарски катчиња, оние места кои секојдневно ги одминуваме брзајќи некаде. Прекрасни скопски исечоци, полни со вибрантен дух и скриена убавина, вредна за внимание. Ова лето, во соработка со Општина Центар, музички го мапираме јадрото на урбаниот градски центар, простор совршен за пријатни средби, летни дискусии и секако уживање во музика. Простор блокиран од напуштени кина, недовршени цркви и амбициозни паркинзи. Простор кој има потенцијал за развој. Кафе книжарницата „Буква“ се наоѓа токму таму, зад Кино Култура, црквата Св. Константин и Елена, паркингот на собрание и поранешниот Дом на АРМ. Простор со автентична атмосфера, свратилиште на бројни уметници, студенти, креативци и граѓани заинтересирани за различни културни содржини.

Токму во овој простор со концертите на КАНТОН6 и Глигор Кондовски, проектот „Џез во Центарот“ ја доближува до граѓаните квалитетната џез, етно и современа музика од домашни музичари.

Проектот се реализира од здружението за развој на музичка култура ПМГ Рекордингс 2.0, со поддршка на Општина Центар.

Кантон6 е пионерски музички проект кој датира од 2000-та, предвесник на инди-техно-рок кросоверот во земјава, развиен од Мирко Попов и Синиша Евтимов. Со бројни сингл и ЕП изданија, и 4 студиски албуми во овој состав, Кантон6 се трансформира во вистинска лајв - електро атракција. Од 2019 година Кантон6 активно работи како Трио во соработка со џез музичарот Владан Дробицки. Со впечатлив настап во живо, Кантон 6 како електро-џез-етно состав создаваат современа музика инспирирана од автохтониот македонски ритам. Истата година соработуваат со Гербрудер Теихман од Берлин со кои издаваат албум во живо “Interactive Music Lab (Skopje Session)”. Во 2021 година го издаваат нивниот последен студиски албум #Jazzus. Кантон6 имаат активна концертна активност во земјата и надвор со настапи на Катовице ЏезАрт Фестивал (Полска), фестивалот Диес (Le festival DIÈSE) во Дижон (Франција), Интернационален ЏезФест во Крагуевац (Србија), Карусел фестивалот за амбиентална и етно музика во Чачак (Србија), Зеленковац Џез Фест (Босна и Херцеговина), Прилепски Џез Фестивал, ПМГ Рекордингс Фестивал, ДирмОн Фестивал во Струга, Аларма Панк Џез фестивалот во Софија (Бугарија), Здраво Млади во Скопје и др.

Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и магистер по филмско и ТВ сценарио кој денес работи како професор по виолина. Покрај успешната педагошка работа, во портфолиото на Кондовски се запишани шест албуми со амбиентална џез музика и бројни претставувања во земјата и регионот со музички композиции, кратки и документарни филмови. Зад себе има три музички изданија (албуми) за ПМГ Џез, еден соло и два во соработка со колегите автори и изведувачи Владан Дробицки, Марија Каева и Дени Омерагиќ. Покрај музичкото творештво Кондовски има реализирано и три самостојни изложби.

Влезот е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие две

Мегапопуларниот актер Бен Афлек, иако официјално е разведен, сè уште го привлекува вниманието на јавноста поради своите поранешни партнерки и пријателскиот однос што го одржува со Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер.

Бен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие две

Афлек игра главна улога во филмот „Animals“, кој воедно и го режираше за „Нетфликс“, па деновиве е на голема промотивна турнеја. Во интервју за „Варајети“ (Variety), тој беше прашан што мисли за актерскиот талент на Џенифер Лопез.

Тој беше продуцент на нејзиниот филм од 2025 година, „Kiss of the Spider Woman“, за кој многумина сметаа дека таа заслужила номинација за „Оскар“.

Истото мислење преовладуваше и по нејзината улога во филмот „Hustlers“, пренесува „Hola“. Џенифер не доби номинација за ниту еден од тие филмови, а кога го прашаа зошто смета дека нејзиниот талент често се занемарува, Бен призна дека е „пристрасен“.

„Имам голема почит и ценење за она што таа го прави. Она што го имам забележано кога станува збор за наградите е дека комерцијалниот успех на некое остварување не секогаш се совпаѓа со мојот вкус“, рече тој.

Претходно во истото интервју, тој ја спомна не само Лопез, туку и својата прва поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, па така нивните имиња ретко се спомнуваа заедно во истиот разговор.

Кога го прашаа за ѕвездите, нивната моќ за градење бренд, како и за секторот за содржини и рекламирање на неговата компанија „Artists Equity“, Бен ги пофали двете поранешни сопруги.

„Уметниците треба да заработуваат пари. Ова е особено очигледно во музичката индустрија. Од луѓето се очекува, било премолчено или сосема отворено, да заработуваат пари и на други начини“, рече актерот.

„Денес имате и свој идентитет на социјалните мрежи. Работите на негово градење. Гледав како Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер брилијантно го развиваат своето присуство во тие простори и создаваат вредност“, рече тој и призна дека не верувал оти и самиот некогаш би можел да го направи истото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер